Спорт
Рекорд на Леброн, Беки Хемон влезе во историјата, „поплава“ од поени во Бруклин
ЛА Лејкерс, во натпревар кој влезе во историјата на кошарката, славеа победа во Сан Антонио со 121:107. Изминатата ноќ за издвојување е и дуелот во Бруклин, во кој Нетс ја победија Атлната со 145:141.
Дуелот во Сан Антонио мина во знакот на Леброн Џејмс и Беки Хемон. „Кралот Џејмс“, својот 36 роденден го прослави со 26 поени. Тој стана првиот играч кој на 1.000 натпревар во низа постигнал двоцифрен број на поени.
Од друга страна Беки Хемон стана првата жена кој предводела НБА екипа во регуларниот дел од сезоната. Хемон ја презеде функцијата откако Грег Поповиќ беше исклучен во првото полувреме.
ЛА Клиперси со Каваи Ленард славеа во дербито против Портланд 128:105. Ленард забележа 28 поени, а Пол Џорџ имаше 23 поени, 10 скока и 7 асистенции.
Во Бруклин, Нетс и Атланта постигнаа по 100 поени по само три четвртини. Мечот го реши Кајри Ирвинг кој постигна 17 поени во последната четвртина. Бруклин го предводеше Кевин Дурент со 33 поени, 11 скока и 8 асистенции. Кај Атланта тандемот Јанг-Колинс постигна по 30 поени, а Богдановиќ уфрли 22 поени (6 тројки).
Бостон го декласира Мемфис со 126:107. Џејлен Браун за три четвртини постигна рекордни, во кариерата, 42 поени.
Изненадувањето на вечерта го приредија кошаркарите на Шарлот Хорнетс со победата во Далас 118:99. ЛаМело Бол постигна 22, а Бриџис 20 поени. Дончиќ одигра лош меч за Далас (12 поени и 5 асистенции).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Линдзи Вон се врати во САД
Американската скијачка Линдзи Вон денес се врати дома во Соединетите Држави, откако помина една недела во болницата во Тревизо. Вон (41), доживеа фрактура на ногата откако падна во олимписката трка во спуст.
„Не сум застанала на нозе повеќе од една недела… Бев имобилизирана во болнички кревет од трката. И иако сè уште не можам да стојам, чувството е прекрасно да се вратам на дома“, објави Вон на социјалната мрежа „X“ со емотикон со американско знаме.
„Голема благодарност до сите во Италија што се грижеа толку добро за мене“, изјави Вон.
41-годишната скијачка имаше најмалку три операции на скршена лева нога во Италија. Претходно беше објавено дека ќе ѝ требаат нови операции во САД.
Вон, девет дена пред почетокот на Зимските олимписки игри ги скина лигаментите во левото колено, на тренингот за спустот во Кран Монтана. И покрај повредата реши да настапи на Игрите во Милано и Коритна.
Спустот го заврши по само 13 секунди, на 8 февруари, по што беше префрлена со хеликоптер во болница. Еден ден подоцна, таа потврди дека претрпела комплексна фрактура на тибијата, за која се потребни повеќе операции за да се поправи соодветно.
Foto/ /depositphotos
Спорт
Винисиус му постави ултиматум на Реал
„Винисиус Жуниор го информираше Реал Мадрид дека сака наскоро да чуе јасен став за нов договор. Доколку не се постигне договор до април, тој ќе размисли за заминување“, објави во вторникот „Ел Насионал“.
Разговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид, околу новиот договор, одамна престанаа. Двете страни не можат да се договорат за платата и таа во моментов е причина за сите проблеми.
Бразилецот бара плата каква што има Килијан Мбапе, односно околу 30 милиони евра, додека „кралскиот клуб“ му нуди околу 20 милиони.
Доколку реши да замине, ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Засега како главен фаворит се издвојува ПСЖ.
Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ пред осум години од Фламенго, за сума од околу 50 милиони евра. Одигра 356 натпревари во дресот на Реал, има учинок од 116 голови и 94 асистенции.
Спорт
Пресврт, Влаховиќ сега сака да остане во Јувентус
Душан Влаховиќ сериозно размислува за продолжување на договорот со Јувентус. Овие информации ги пренесоа неколку италијански медиуми.
По месеци шпекулации за неговото заминување, се чини дека српскиот репрезентативец се уште не донел одлука да го напушти Торино, напротив, сите опции сè уште се разгледуваат, а самиот играч покажал интерес да го продолжи договорот.
„Соработник близок до менаџерот на фудбалерот, открива дека Влаховиќ покажал интерес за продолжување на соработката“, вели италијанскиот новинар Даниеле Лонго, потврдувајќи дека самиот Влаховиќ ја разгледува опцијата за нов договор.
Оваа перспектива го менува претходниот наратив, дека напаѓачот нема намера да остане во Јувентус.
Влаховиќ во моментов с годишна плата од 12 милиони евра е најплатениот играч во клубот и еден од најплатените во Серија А. Јувентус му нуди нов, повеќе годишен договор, со помала плата, што барем досега играчот и неговиот менаџер го одбија.
Foto/ depositphotos

