Спорт
Рекорден италијански трансфер – Тонали се сели во Њукасл

Милан и Њукасл го договориле трансферот на Сандро Тонали, објави Фабрицио Романо.
Со бонусите што ќе бидат вметнати во договорот, трансферот на 23. годишниот италијански играч за врска ќе изнесува 70 милиони евра. Милан ќе добие процент и од следната продажба.
Тонали ќе потпише договор до 2029 година со плата од седум милиони евра годишно.
Договорот ќе биде потпишан кога Тонали ќе ги мине лекарските прегледи. Тој во моментов се наоѓа во Романија, каде со У21 репрезентацијата на Италија игра на Европското првенство.
Ова е рекордна продажба за Милан и најголемото обештетување некогаш платено за италијански фудбалер. Исто така, Њукасл го израмни сопствениот рекорд за најскап трансфер. Истата сума ја даде лани за Александар Исак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ансу Фати е пред трансфер во Монако

Ансу Фати, некогаш вундеркиндот на Барселона, би можел да го засили Монако ова лето.
Играчот кој важеше за најголем талент во Барселона пред Ламин Јамал да се појави на големата сцена, треба да помине медицински прегледи во текот на неделата и да потпише за клубот од Кнежевството.
Станува збор за позајмица, но Монако потоа би имал можност да го откупи договорот на Фати од каталонскиот клуб.
Со 16 години и 304 дена, Фати беше најмладиот стрелец во историјата на Барселона и е се сметаше за наследник на Меси, но потоа повредат на коленото речиси му ја уништи кариерата.
Минатата сезона, тој настапи само на шест натпревари и јасно е дека не е во плановите на тренерот Флик.
Затоа, преселбата во Монако би можела да биде можност за 23-годишниот напаѓач да ја оживее својата кариера по долг период на стагнација.
Спорт
Прошталниот меч на Хамшик ќе биде проштален и за Мертенс

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс објави дека ја завршува кариерата на 38-годишна возраст.
Мертенс ги помина последните три сезони во Галатасарај, а славата ја стекна во дресот на Наполи, каде што играше девет години.
Токму во Неапол изгради пријателство со Марек Хамшик, а натпреварот кој ќе се одигра во чест словачкиот фудбалер ќе биде последен за Мертенс. Станува збор за ревијален натпревар во Братислава.
„Едвај чекам да го одиграм последниот натпревар со тебе. Престанав да играм фудбал, но за последен пат ќе ги облечам копачките за тебе.
За мене, ти секогаш ќе бидеш капитенот и најсилниот човек со кој некогаш сум играл“, рече Мертенс во видео порака.
Мертенс постигна 135 гола на 397 натпревари за Наполи.
Спорт
Венеција од Интер го откупи договорот на Станковиќ

Српскиот голман Филип Станковиќ официјално стана член на Венеција, која го откупи неговиот договор од Интер.
Станковиќ ја изминатата сезона ја мина во Венеција како позајмен играч, а клубот одлучи да ја активира откупната клаузула, која изнесува два милиони евра.
Синот на Дејан Станковиќ потпиша договор до 2029 година. Пред Венеција, Интер го позајми 23-годишниот голман на Волендам и Сампдорија.
Следната сезона, Станковиќ ќе брани во Серија Б, бидејќи минатата сезона клубот го зазеде претпоследното место во Серија А и испадна од лигата.