Спорт
Рекорден награден фонд на Ју-Ес опен
Организаторите на гренд-слем турнирот што се одржува во Њујорк, Ју-Ес опен, соопштија дека наградниот фонд е зголемен за осум отсто. Оваа година наградниот фонд на ју-Ес опен ќе изнесува преку 57 милиони долари.
Ју-Ес опен повторно има најголем награден фонд од гренд-слем турнирите. Оваа година победниците во машкиот и женскиот сингл ќе заработат по 3.850.000 долари. Победата во двојки организаторите ќе ја наградат со по 740.000 долари.
И оние што ќе испаднат во текот на турнирот ќе добијат повеќе пари. Тоа значи дека играчите што ќе испаднат веќе во првото коло ќе добијат по 58.000 долари. Интересно за елиминација во второто коло се добиваат 100.000 долари, колку што изнесувал вкупниот награден фонд на турнирот во 1968 година.
Ју-Ес опен ќе се одржи од 26 август до 8 септември, а титулите ги бранат Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ја плати победата во Билбао
Во 19-то коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа од 3:0 на гостински терен против Атлетик во Билбао. Килијан Мбапе ги предводеше „Кралевите“ до победа со два, а Едуардо Камавинга додаде еден со асистенција на Мбапе. По овој резултат, Реал се доближи на еден бод од лидерот Барселона, додека Атлетик е осмиот тим во Ла Лига со 20 бода.
Победата во Билбао е со горчлив вкус, бидејќи мечот не го завршија двајцата најдобри, покрај Мбапе.
Англискиот дефанзивец Трент Александер-Арнолд мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Токму кога го одигра најдобриот натпревари во дресот на Реал. Доживеа повреда на бутниот мускул на левата нога, а првите прогнози не се оптимистички, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Арнолд ќе биде подложен на детални прегледи за да се утврди точниот степен на повредата, но вестите што доаѓаат од клубот не влеваат надеж.
„И двата случаи се загрижувачки“, соопшти Реал, осврнувајќи се на состојбата на Трент и повредениот соиграч Едуардо Камавинга. Тој исто така пред време го заврши натпреварот, само 14 минути откако Англичанецот излезе од игра во 55-та минута.
Спорт
Нејмар го води Сантос кон опстанок во лигата
Нејмар (33) му помогна на Сантос да направи клучен чекор во борбата за опстанок во лигата, постигнувајќи хет-трик во победата од 3:0 против Жувентуд. И покрај тоа што играше со повреда на коленото, бразилската ѕвезда ги постигна сите три гола во рок од 17 клучни минути во второто полувреме, со што му донесе на Сантос исклучително важна победа.
Нејмар веројатно ќе мора да се подложи на артроскопска операција на крајот од сезоната поради повреда на менискусот на левото колено. Тој ги одигра последните два натпревари со третмани за контрола на болката што ја чувствува. Со три нови гола, тој го зголеми својот учинок на 11 гола и четири асистенции во 29 натпревари за бразилскиот тим оваа сезона.
Хет-трикот против Жувентуд беше негов прв од април 2022 година, кога последен пат постигна три гола за Пари Сен Жермен против Клермон.
Поранешната ѕвезда на Барселона го постигна првиот гол во 56-та минута по брз контранапад. Помалку од десет минути подоцна, Нејмар повторно беше прецизен, овој пат по центаршутот на Игор Винисиус. Тој го комплетираше хет-трикот од пенал, кратко пред да биде заменет во 83-та минута.
Победата значително го оддалечи неговиот клуб од зоната за испаѓање, а до крајот на сезоната останува само еден натпревар. Сантос сега е два бода пред Виторија, клубот моментално на последното место меѓу четирите екипи кои испаѓаат во втората лига на Бразил.
Foto/ EPA
Спорт
Мареј шоу во Индијанаполис – Денвер ја декласира Индијана
Џамал Мареј одигра спектакуларен натпревар во Индијанаполис, го предводеше Денвер до триумф над Индијата 135:120.
Репрезентативецот на Канада го затрупа кошот на Индијана со 52 поени, погоди 10 тројки од 11 обиди, од поле промаши само шест пати (19/25). Овај учинк сепак не е најдобар во кариерата на Мареј, му недостигаа три поени за да постави личен рекорд.
Во сенка на Мареј остана и Никола Јокиќ, кој одигра на своето ниво (24 поени, осум скока, 13 асистенции). Уште тројца играчи на Денвер имаа довцифрен ефект.
Паскал Сиакам ги предводеше Пејсерси со 23 поени, додека Ендру Немхард имаше 16 поени и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Портланд 110:122
/Мичел 33 – Авдија 27/
Орландо – Сан Антонио 112:114
/Вагнер 25 – Фокс 31/
Атланта – ЛА Клиперс 92:115
/Александер Вокер 21 – Харден 29/
Њујорк – Шарлот 119:104
/Таунс 35 – Бол 34/
Чикаго – Бруклин 103:113
/Гиди 28 – Портер 33/
Хјустон – Сакраменто 121:95
/Шенгун 28 – Монах 25/
Милвоки – Детроит 113:109
/Портер 27 – Харис 20/
Далас – Мајами 118:108
/Флег 22 – Ве 22/

