Спорт
Рељиќ се пласира во четвртфиналето на ОИ во Париз

Милијана Рељиќ, македонската репрезентативка во таеквондо се пласира во четвртфиналето на Олимписките игри.
Рељиќ во три рунди ја елиминира треторангираната во категоријата до 57 килограми, Британката Џејд Џонс. Џонс е двократна олимписка шампионка од 2012 и 2016 година, светска првенка од 2019 година и трикратна европска шампионка.
Борбата заврши нерешено 12:12. Рељиќ ја доби првата рунда со 7:6, а 31-годишшната во втората беше подобра со 4:5. Третата рунда заврши 1:1.
Рељиќ победи бидејќи во текот на борбата задала повеќе удари во телото на Џонс.
За место во полуфиналето, Рељиќ ќе се бори со Латиција Аун од Либан. Борбата ќе биде попладнево, нешто по 15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал има преодно решение додека не дојде Чаби Алонсо

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид планира да го замени Карло Анчелоти во блиска иднина и тоа веќе не е тајна.
По елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Арсенал започнаа шпекулациите дека Карло Анчелоти ќе ја заврши својата мисија во Мадрид по финалето во Купот на Кралот. Засега тој сè уште на клупата на Реал. Впечатокот е дека прашање на време е кога и официјално ќе се разделат Анчелоти и Реал.
Чаби Алонсо е избран за наследник и ќе го замени Леверкузен со градот каде што помина дел од импресивната кариера. Одигра преку 150 натпревари за пет години…
Додека тој пристигне, некој ќе мора да ја покрие дупката, а „Релево“ пишува дека тоа ќе биде Сантијаго Солари.
Поранешниот фудбалер на овој клуб, а од 2022 година директор на фудбалот, накратко ќе ја преземе функцијата тренер и ќе го води Реал на Светското клупско првенство пред да биде промовиран Чаби Алонсо.
Тој веќе беше привремен тренер во Реал во 2018 година кога Хулен Лопетеги беше отпуштен и го водеше клубот 14 дена бидејќи Шпанската федерација не дозволува преодната опција да трае подолго од две недели.
Спорт
Антонио Конте: Сега сè е во наши раце

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, изјави дека клубот од Неапол мора да ги искористи максимално сите ресурси ако сака да ја освои титулата во Серија А.
Во неделата, Наполи се искачи на првото место на табелата во Серија А, откако го победи Торино (2:0) на домашен терен, додека Интер беше поразен од Рома (0:1) во Милано.
На четири кола пред крајот на првенството, клубот од Неапол е на првото место на табелата со 74 бода, додека Интер е втор со 71.
„Искрено, не го гледав натпреварот помеѓу Интер и Рома. Го гледав второто полувреме од Фиорентина – Емполи. Можете да ми верувате ако сакате, гајле ми е ако не ми верувате. Го исклучив телефонот, подоцна го дознав резултатот од натпреварот помеѓу Интер и Рома“, рече Конте.
До крајот на сезоната, Наполи ќе игра дома против Џенова и Каљари во Серија А, додека ќе гостува кај Лече и Парма. Интер ќе ги пречека Верона и Лацио во Милано, додека ќе гостува во Торино и Комо.
„Направивме еден чекор, има уште четири. Играме против тимови кои се борат за опстанок. Сè е во наши раце“, рече тренерот на Наполи.
Клубот од Неапол ја освои последната титула во Серија А во 2023 година.
„Мораме напорно да работиме, да го извлечеме максимумот од нашите ресурси. Мислам дека сите момци се подобрија. Работевме напорно во текот на сезоната и сега ги жнееме плодовите од таа работа. Имаме 74 бода, четири кола до крајот, обезбедивме место во Лигата на шампионите, кога ќе се осврнеме назад и видиме каде почнавме, ова е извонредна работа. Освојувањето на Скудетото би било неверојатно. Сите заслуги за ова им припаѓаат на момците“, заклучи Конте.
Спорт
(Видео) Белингем: Кажи му дека сите одлуки ги носи во корист на Барселона

Во одличен натпревар во финалето на Кралскиот Куп, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата. Сепак, главната тема и два дена по натпреварот судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа.
Пред натпреварот, клупската телевозија „Реал Мадрид ТВ“, објави видео со одлуките на судијата, за кои тврди дека биле против Реал. После тоа, Бенгоечеа се огласи и рече дека поради тоа видео, неговото дете е злоставувано во училиште.
На крајот од натпреварот, судијата исклучи тројца играчи на Реал. Џуд Белингам беше агресивен по последниот свиреж и доби втор жолт картон. Ридигер на клупата доби црвен картон откако фрли пластично шише кон судијата, а потоа сакаше и физички да се пресмета со него, а Лукас Васкез поради протест.
Потоа, се појави видео направено на полувремето во тунелот. Џуд Белингам разговара со капитенот Лукас Васкез.
„Кажи му дека сè оди во корист на Барселона! Секоја ситуација 50:50 ја суди за нив“
Васкез го тргна Белингем од судијата, а Шпанците тврдат на социјалните мрежи дека Ридигер му рекол:
„Џуд, те слушаат.“
🗣️ Jude Bellingham shouts:
— “Everything goes in their favor… every 50/50 goes in their favor…”
🗣️Antonio Rüdiger warns him:
— “Jude, they can hear you!”
🤡🤡🤡🤡🤡 pic.twitter.com/krf6dtzkjs
— Barça Worldwide (@BarcaWorldwide) April 27, 2025