Спорт
Рељиќ во Париз ја победи двократната олимписка првенка

Милијана Рељиќ, македонската репрезентативка во таеквондо се пласира во четвртфиналето на Олимписките игри.
Рељиќ во три рунди ја елиминира треторангираната во категоријата до 57 килограми, Британката Џејд Џонс. Џонс е двократна олимписка шампионка од 2012 и 2016 година, светска првенка од 2019 година и трикратна европска шампионка.
Борбата заврши нерешено 12:12. Рељиќ ја доби првата рунда со 7:6, а 31-годишшната во втората беше подобра со 4:5. Третата рунда заврши 1:1.
Рељиќ победи бидејќи во текот на борбата задала повеќе удари во телото на Џонс.
За место во полуфиналето, Рељиќ ќе се бори со Латиција Аун од Либан. Борбата ќе биде попладнево, нешто по 15 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Тотенхем направи од готово вересија – ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА

Пари Сен Жермен освои уште еден европски трофеј, Суперкупот на УЕФА, со триумф по неверојатен пресврт во 90 минути и нерешен резултат 2:2 против Тотенхем. Пенак рулетот „светците“ го добија со 4:3.
Ова беше првиот натпревар откако стана јасно дека Италијанецот Џанлуиџи Донарума нема да го брани голот на шампионот на Стариот континент, но и првиот натпревар што победникот на Лига Европа го одигра по заминувањето на Јужнокореецот Хјунгмин Сон по помалку од една деценија во клуб од северен Лондон.
Во исто време, ова беше првиот официјален натпревар на Тотенхем откако Томас Франк го замени Ангелос Постекоглу како менаџер.
Тотенхем на нестварен начи ја испушти предноста од два гола до која дојде со головите на холандскиот дефанзивец Мики ван де Вен во 39. минута и неговиот партнер од одбраната Кристијан Ромеро.
ПСЖ до пенали го однесоа резервите, Ли и Рамош. Кореецот погоди во 85., а Рамош во 94.минута.
Во пенал серијата Витиња промаши, Тотенхем стекна предност, но во третата и четврттата серија најпрвин Шевалије го одбрани ударот на Ван дер Вен, а потоа Тел го промаши голот, откако го испрати на другата страна голамнот на ПСЖ.
Foto/ EPA/Alessio Marini
Спорт
Поратланд има нов газда

НБА франшизата на Портланд Треил Блејзерс е продадена за над четири милијарди долари.
Според непогрешливиот НБА инсајдер Шамс Чаранија, Портланд го купува Том Дандон, американски бизнисмен.
Дандон моментално е сопственик на НХЛ тимот Каролина Харикенс, кој го купи во 2018 година за 450 милиони, а ги купува Треил Блејзерс од Пол Г. Ален.
Љубителите на кошарката во Портланд не мора да се грижат, бидејќи новиот сопственик и неговите соработници планираат да ја задржат франшизата во тој град, пишуваат американските медиуми.
Треил Блејзерс ја завршија минатата сезона надвор од плејофот со резултат од 36-46, близу дното на Западната конференција. Неодамна го вратија Дамијан Лилард, кој ќе ја помине следната сезона опоравувајќи се од повреда на Ахиловата тетива.
Франшизата од Орегон има една НБА титула освоена во 1977 година, тие ја освоија конференцијата три пати, а дивизијата шест пати.
За споредба, неодамна имавме две големи продажби во НБА – Лејкерси беа продадени за 10, а Селтикси за шест милијарди долари.
Спорт
Македонија повторно загуби од Романија

Македонската кошаркарска репрезентација го загуби и третиот натпревар во претквалификациите за пласман во квалификациите за Светското првенство. Вечерва, во Орадеа, Романија ја победи Македонија 79:66.
Првата четвртина го одреди текот на натпреварот, Романците ја добија со седум поени (26:19). На полувреме Романија имаше двоцифрена предностевет поени предност (45:34).
Македониај во еден дел од решавачката четвртина се доближи на разлика од три поени (69:66), Романците го одбија тој налет и ја забележаа втората победа во овие претквалификации.
Џејкоб Вајли со 19 поени беше најефикасен во нашиот табор, додека Магдевски постигна 13 поени. Кај победникот најдобар беше Стефан Грасу со 20 поени.
Со овој пораз македонските кошаркари на минимум ги сведоа шансите за пласман во квалификациите за Мундијалот во 2007 година во Катар.
На 20 август Македонија ќе ја пречека Унгарија.
Foto/ kfsm.mk