Спорт
Реми за Струга ТЛ, триумфи за Шкупи и за Шкендија

Шкупи го победи Работнички со 3:1 на Чаир и ја намали негативата во однос на Струга ТЛ, откако лидерот повторно одигра само 0-0 дома против Македонија ЃП.
Бајрами во 11.минута донесе предност за Шкупи, но израмни Мазари само три минути подоцна. Сепак, Шкупи продолжи со напади, а тоа го материјализираше преку Куевен во 33.минута и преку Цефас во 38.минута од мечот.
Македонија ЃП повторно се покажа како непријатен ривал за Струга ТЛ и успеа да освои бод на гости.
Шкендија со двата гола на Ералдо Чинари славеше против Академија Пандев со 2:1. Тој погоди во 31. и во 45.минута, а гостите успеаја да намалат во вториот дел преку Ергемлидзе во 65.минута.
Брегалница триумфира против Победа со 4:0 во Штип. Дарко Додев во третата минута обезбеди водство, а Даниел Мојсов во 11.минута зголеми на 2:0. Во вториот дел, Иван Николов беше двоен стрелец, во 61. и во 67.минута.
Силекс вчера го победи Скопје со 3:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Борусија се договори за трансфер на тандемот од Челзи

Борусија Дортмунд договори соработка со двајца фудбалери на Челзи, Арон Анселмињо и Карни Чуквемека.
Исклучително добрата соработка што ја имаат Челзи и Борусија Дортмунд продолжува и ова лето.
Во овој преоден рок, „сините“ го купија Џејми Гитенс од Дортмунд за 56 милиони евра, а сега се подготвени да испратат двајца играчи во спротивна насока.
Арон Анселмињо ќе дојде на позајмица, додека Борусија ќе го купи Карни Чуквемека за 25 милиони евра.
Двајцата играчи треба да бидат официјализирани во понеделник, кога се закажани медицински прегледи.
Чуквемека играше за Борусија минатата сезона и постигна еден гол во 10 натпревари од Бундеслигата. Анселмињо, кој е дефанзивец, ја помина минатата сезона на позајмица во Бока Јуниорс.
Спорт
(Видео) Спектакуларен гол на Ди Марија во дербито на Росарио

Изминатата ноќ се одигра еден од „супер-класиците“ на аргентинскиот фудбал, дербито на Росарио помеѓу Росарио Централ и Њуелс Олд Бојс.
Росарио славеше со 1:0, со голот на легендата Анхел ди Марија во 82-та минута.
Еден од најдобрите аргентински фудбалери на сите времиња, и актуелен победник на Светското првенство, изведе слободен удар на фантастичен начин и го погоди горниот агол од 30 метри.
Тој предизвика „делириум“ на трибините, претежно полни со навивачи на неговиот клуб, и уште еднаш нè потсети колку е голем фудбалски мајстор.
Ди Марија има 37 години, ова лето по богата кариера во Европа се врати во родниот Росарио, од каде што замина во Бенфика во 2007 година како тинејџер, и сè уште има доволно квалитет за да може да решава дерби натпревари.
Спорт
Бонифејс дојде во Милан ги заврши лекарските прегледи и се врати во Леверкузен

Нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс барем засега нема да потпише за Милан.
Иако се чинеше дека сè е завршено откако Милан и Баер Леверкузен се договорија за обештетување, а играчот ги доби посакуваните финансиски услови од италијанскиот клуб, росонерите ќе размислат дали а го птопишат напаѓачот.
За време на лекарските прегледи во Миланело, биле забележани неколку неправилности кај Виктор Бонифејс, што го исплаши медицинскиот тим, Масимилијано Алегри и остатокот од спортскиот сектор, па тие решија да го стопираат трансферот.
Бонифејс се врати во Леверкузен каде ќе чека на конечната одлука на Милан. Тие ја разгледуваат ситуацијата. Постои можност сепак да го потпишат, но сега шансите се намалени.
Миланезите ја следат ситуацијата околу напаѓачот на Спортинг Конрад Хардер, кој е наведен како алтернатива.