Спорт
Рен се откажа од Умтити – фудбалерот не ги минал медицинските тестови
Кариерата на Самуел Умтити со голема брзина се движи по надолна линија. Пред четири години беше светски првак со Франција, а сега не успеа да ги мине лекарските прегледи во Рен.
Каталонската „ТВ3“ пишува дека клубот од Бретања сакал да го донесе 28-годишникот на заем, но се откажале од него „бидејќи неговата физичка кондиција не е најдобра“.
Тоа значи дека Барселона ќе мора да бара нова опција за Умтити за чии услуги во 206 година на Лион му плати 25 милиони евра.
Две сезони подоцна Барса одби неколку понуди од 50 и 60 милиони евра за Умтити. Во 2018 година беше еден од клучните играчи на Франција во походот на светската титула. По мундијалот во Русија,апочнаа неговите проблеми со повредите поради што не успеа да се наметне во тимот ниту, пак, да се врати во формата во која беше пред мундијалот.
Поранешниот тренер на Умтити, Бруно Џенесио, и поранешниот спортски директор на Лион, Флоран Морис, сакаа да ја обноват соработката со дефанзивецот, но очигледно – ништо од тоа. Агонијата продолжува и за него и за Барселона, која напорно се труди да се ослободи од него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

