Спорт
Ренџерс и Копенхаген во ЛШ, Динамо Загреб и Бодо/Глимт ќе играат продолженија!
Динамо Загреб не успеа да го заддржи водството кое ги водеше во групната фаза на Лигата на шампионите, и ќе игра продолженија со норвешкиот Бодо/Глимт, додека Глазгов Ренџерс и Копенхаген го „фатија“ билетот за елитата.
Турскиот шампион, Трабзонспор, со македонскиот репрезентативец Енис Барди како стартер, одигра 0:0 со Копенхаген за да бидат елиминирани на последната пречка, откако во Данска загубија со 2:1.
Ренџерс стигна до импресивна 1:0 победа на гостувањето кај ПСВ Ајндховен, откако Антонио Чолак стрелаше во 60. минута од мечот, откако во Шкотска беше 1:1. За хрватскиот интернационалец ова е продолжување на фантастичниот старт на кариерата во Ренџерс, за кои во пет меча има постигнато четири гола. Ова исто така беше интересен дуел на двајца холандски тренери, Џовани ван Бронкхорст на клупата на Ренџерс и Руд ван Нистелрој на клупата на ПСВ.
На „Максимир“ пак, Динамо имаше фантастичен старт на мечот, поведувајќи со голот на Мислав Оршиќ во 4. минута, за Бруно Петковиќ по асистенција на Стефан Ристовски да постигне фантастичен гол во 35. минута за 2:0. Ова беше резултат кој ги водеше „модрите“ во ЛШ, меѓутоа во второто полувреме, норвешкиот клуб имаше повеќе од играта, и во 70. минута, замената Алберт Гренбек постигна гол за 2:1, што значеше продолженија, бидејќи во првиот меч Бодо стигна до 1:0 победа.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, БАРАЖ, РЕВАНШ
Динамо Загреб (Хрв) – Бодо/Глимт (Нор) 2:1, прв меч 0:1, вкупно 2:2
ПСВ Ајндховен (Хол) – Ренџерс (Шко) 0:1, прв меч 1:1, вкупно 1:2
Трабзонспор (Тур) – Копенхаген (Дан) 0:0, прв меч 1:2, вкупно 1:2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

