Спорт
Репрезентативци на Бангладеш го избегнале масакрот во Крајстчрч
Национаниот крикет тим на Бангладеш го избегнал масакрот во џамијата во Нов Зеланд, каде беа убиено 49 луѓе. Играчите дошле на молитва во џамијата Ал Нур, кој е наоѓа во близина на Хегли Овал стадионот во градот Крајстчерч.
Утре крикет репрезентациите на Нов Зеланд и Бангладеш требаше да одиграат натпревар, но поради масакрот тој е одложен.
Репрезентативецот на Бангладеш, Тамин Икбај, на „Твитер“ напишал дека тој и соиграчите се спасиле од напаѓачот, а искуството го опишал како „застрашувачко“.
Неговиот соиграч Мушпифакир Рахим ги опишал сцените на паника, истакнувајќи дека тие имале многу среќа што го избегнале масакрот.
Крикет репрезентативците на Бангладеш успеале да побегнат и да најдат засолниште во соблекувалните на стадионот, а потоа безбедно се вратиле во хотелот.
Bangladesh team escaped from a mosque near Hagley Park where there were active shooters. They ran back through Hagley Park back to the Oval. pic.twitter.com/VtkqSrljjV
— Mohammad Isam (@Isam84) March 15, 2019
Во петокот, во Крајстчрч, беа извршени напади во две џамии. Еден од напаѓачите бил 28-годишниот државјанин на Австралија, Брентон Терант, кој масакрот што го изврши во џамијата Ал Нур го пренесувал во живо.
Entire team got saved from active shooters!!! Frightening experience and please keep us in your prayers #christchurchMosqueAttack
— Tamim Iqbal Khan (@TamimOfficial28) March 15, 2019
Alhamdulillah Allah save us today while shooting in Christchurch in the mosque…we r extremely lucky…never want to see this things happen again….pray for us
— Mushfiqur Rahim (@mushfiqur15) March 15, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Деле Али: Светско првенство во 2026 година, тоа е мојата цел
Фудбалерот на Евертон, Деле Али (28), ги живее најтешките денови во кариерата, со оглаед на тоа имаше интересна изјава за „Скај спорт“.
Кариерата на Деле Али, тргна по надолна линија во ерата на Жозе Мурињо во Тотенхем, откако претходни имаше неколку спектакуларни сезони.
Тој се пресели во Евертон во 2022 година, не доби соодветна шанса, а потоа следеше позајмица во Бешикташ каде не се прослави и се врати во Премиер лигата.
Сепак, тој нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона за Евертон.
Од друга страна, во Бешикташ минатата сезона постигна три гола на 15 натпревари.
Тој во изјава за „Скај спорт“ истакна дека целта му е да биде на Светското првенство во 2026 година.
„Секој ден во 11 часот ставам потсетник на телефонот на кој пишува: Светско првенство 2026. Тоа е мојата цел, тоа е моето ниво“, рече Али.
Спорт
Јувентус ќе ги разгледа понудите за Киеза
Раководството на Јувентус летово ќе ги разгледа понудите за Федерико Киеза, но и колку да звучи парадоксално ќе се обиде да го продолжи неговиот договор кој му истекува во 2025 година.
Како што објави денеска „Тутоспорт“, Киеза не е целосно задоволен од статусот во тимот, што покажа и неговата реакција, во саботата против Торино (0:0) кога беше заменет.
Според овој извор, клубот се уште не ги започнал преговорите околу новиот договор, односно двете ги разгледуваат сите опции.
Наводно за услугите на Киеза сериозно биле заинтересирани Ливерпул и Њукасл.
Црно-белите летово ќе мора да го продадат напаѓачот доколку тој одбие да потпише нов договор.
Спорт
Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на БиХ
Саво Милошевиќ повеќе не е селектор на Босна и Херцеговина, пишуваат медиумите во оваа земја.
Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да не го продолжи договорот со Милошевиќ откако тој не успеа да ја одведе репрезентацијата на Европското првенство. Во дополнителните квалификации БиХ беше поразена од Украина.
Милошевиќ беше селектор од септември 2023 година.
Медиумите од БиХ наведуваат и дека 52-годишниот Сергеј Барбарез е најголем фаворит за испразнетото селекторски место.
Барбарез е легенда и поранешен капитен на Босна и Херцеговина, но нема тренерско искуство. И покрај тоа, тој со години е голема желба на навивачите на БиХ, а во стручниот штаб треба да му се придружи Емир Спахиќ, уште еден поранешен капитен на репрезентацијата.
Барбарез за репрезентацијата на Босна и Херцеговина играше од 1998 до 2006 година и во тој период забележа 47 настапи и постигна 17 голови.
Од моментот кога го напушти Вележ во 1991 година, целата кариера ја помина во Германија, каде што играше за Хановер, Унион Берлин, Ханза Росток, Борусија Дортмунд, ХСВ и Баер Леверкузен.