Спорт
Репрезентативците подготвени за грузискиот предизвик
Македонската фудбалска репрезентација отпатува за Тбилиси, каде што в петок ќе се судри со Грузија, фаворитот за првото место во нашата група во Лигата на нации, каде што ни требаат три поени пред домашниот дуел со Бугарија в понеделник.
Мечот ќе се игра на стадионот на Динамо Тбилиси, а почнува в петок во 18:00 часот.
Со среќа, момци!








©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спектакуларни ножички на Роналдо во 96-та минута
Португалецот Кристијано Роналдо повторно го воодушеви фудбалскиот свет.
Капитенот на Ал-Наср постигна можеби еден од најубавите голови откако пристигна во Саудиска Арабија.
Роналдо изведе акробација во судиското продолжение против Ал-Калеја, со што стави точка на убедливата победа (4:1).
Во шестата минута од судиското продолжение, Португалецот постигна гол со ножички, совршено ја фати топката и ја смести во горниот дел од голот на гостите.
Годините се само бројка за Роналдо, а на 40 години е способен да изведе такви акробации.
CRISTIANO RONALDO.
OH MY 🚲🤯
(via @thmanyahsports)pic.twitter.com/jEiK1GjOHd
— B/R Football (@brfootball) November 23, 2025
Спорт
Италија и без Синер ја одбрани титулата во Дејвис Купот
Најдобрите италијански тенисери ја освоија титулата во Дејвис Купот трет пат по ред.
Тимот предводен од клупата од селекторот Филипо Воландри со тоа стана првиот од 1972 година што освоил три титули во Дејвис Купот. До овој ѕспех Италија стигна без двајцата најдобри тенисери, Јаник Синер и Лоренцо Мусети.
Клучните победи за „аѕурите“ во финалето против Шпанија ги постигнаа во недела, во сингл, Матео Беретини и Флавио Коболи.
Беретини прво го победи Пабло Карењо-Буста во два сета (6:3, 6:4), а Коболи, по голема борба и пресврт, го совлада Хауме Мунар, во сетови 1:6, 7:6 и 7:5.
Натпреварот траеше речиси три часа.
Мунар беше на добар пат да обезбеди долг натпревар во двојки за титулата, но Коболи одигра брилијантно во вториот и третиот сет, го подигна темпото на играта и, воден од неверојатната енергија од трибините на салата во Болоња, го победи Шпанецот.
ITALY WITH THE HAT TRICK 🇮🇹🎩🔥#DavisCup pic.twitter.com/YhOh7OxIdp
— Tennis Channel (@TennisChannel) November 23, 2025
Колективно, Италијанците го освоија четвртиот пехар, првиот го освоија во 1976 година, се одвоија од Чешка и Германија (по три) на вечната листа и сега ја бркаат Шпанија, која има шест титули во Дејвис купот.
Foo/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал го декласира Тотенхем, хет-трик на Езе
Фудбалерите на Арсенал го победија Тотенхем со 4:1 во дербито на северен Лондон и ја зацврстија водечката позиција на табелата во Премиер лигата.
„Топџиите“, на табелата имаат шест поени повеќе од Челзи и седум од Манчестер Сити.
Против Тотенхем, Арсенал играше како што игра од самиот почеток – како шампион.
Еден од најдобрите натпревари на лидерот во Премиер лигата оваа сезона го одбележа со хет-трик, репрезентативецот на Англија, Еберечи Езе.
Арсенал одигра феноменално прво полувреме, само малку послабо во второто, но доволно добро и авторитетно за градскиот ривал да не му пружи ниту грам надеж дека може да остане непоразен.
Серијата ја отвори Тросар, а Езе погоди во 41-та, 46-та и 76-та минута.
Единствениот гол за гостите, во 55-та минута, во стил на голем мајстор го постигна Ришарлисон. Бразилецот од 40 метри го лобуваше Раја.
Арсенал го доживеа последниот пораз од Ливерпул на 31 август, оттогаш е во страшна серија на резултати на сите фронтови – во 13 натпревари забележа два нерешени резултати и 11 победи.
Foto/ EPA

