Спорт
Репрезентативниот голман Митревски го засилува Еурофарм Работник
Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски, е ново засилување за битолски Еурофарм Работник.
Како што клубот објави на интернет-страницата, 33-годишниот голман, по две години поминати во романската Доброгеа Суд, се враќа во родната Битола и наредната сезона, во која клубот обезбеди историски пласман во СЕХА-лигата, ќе биде големо засилување меѓу стативите. Конкуренција во тимот ќе му бидат голманите Благоја Трајковски и Градимир Чаневски.
Митревски својата кариера ја почна во Пелистер, а играше и за Вардар, Металург, Бенфика и за Доброгеа Суд.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Португалија е петта на ЕП, обезбеди пласман на Мундијалот
Ракометната репрезентација на Португалија го освои петтото место на 17-то Европското првенство.
Португалците го постигнаа најдобриот резултат на континенталните натпреварувања во историјата, по рекордното четврто место на последното Светско првенство.
Во борбата за место на следното Светско првенство, Португалија ја победи Шведска со 36:35.
Најдобри кај Португалија беа браќата Кошта. Мартим постигна девет гола, а Франциско седум. Токму Мартим и ја донесе победата на Португалија со гол во последната секунда.
Сандел беше најефикасен против Швеѓаните со осум гола.
Да ве потсетиме дека во полуфиналето се среќаваат Хрватска – Германија и Исланд – Данска.
⏱️🔥 BUZZER. BEATER. HISTORY.
🇵🇹 MARTIM COSTA WITH THE LAST SHOT. Portugal win it at the horn and finish 5TH AT THE EHF EURO.
GLORY. PURE GREATNESS. #ehfeuro2026 #puregreatness pic.twitter.com/78r1L3iA6l
— EHF EURO (@EHFEURO) January 30, 2026
Foto/ EPA
Спорт
Ѓоковиќ го детронизира Синер, ќе се бори за 11-от трофеј на Австралија Опен
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, успеа да се пласира во финалето на Австралија Опен. Освојувачот на 24 Гренд слем титули, во полуфиналето по четири часа и 12 минути, го победи бранителот на трофејот Јасник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4). Ѓоковиќ, в недела, во своето 11-то финале во Мелбурн, за противник ќе го има Карлос Алкараз, кој претходно во пески меч од пет часа и 27 минути го победи Александар Зверев. Раритет на овој меч е што Синер загуби и покрај тоа што вкупно освои повече поени.
Петтиот сет од дуелот, беше вистински ролекостер. Ѓоковиќ спаси осум брејк топки, два пати три поврзани, еднаш две. За разлика од Синер, кој брејк шансите не ги искористи, Ѓоковиќ ја искористи првата своја шанса во седмиот гем.
Во 10-от гем, кога сервираше за меч, Ѓоковиќ ја искористи третата меч топка.
Со оваа победа, Ѓоковиќ ја прекина серијата од пет порази во дуелите со Синер.
Спорт
Горецка ќе го напушти Баерн
Германскиот фудбалер Леон Горецка го напушта Баерн на крајот од сезоната, објави клубот од Минхен.
„Леон Горецка ќе го напушти Баерн ова лето по осум успешни години. Дотогаш, ќе направиме сè што можеме за да освоиме повеќе титули заедно! Ајде да го направиме тоа“, се вели во соопштението на Баерн на социјалната мрежа X.
Горецка (30) дојде во Баерн од Шалке во 2016 година. Играчот за врска ја освои Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА, шест титули во германското првенство и два Купа со клубот од Минхен.
Одигра 292 натпревари за Баерн во сите натпреварувања и постигна 47 гола.
Од 2014 година, Горецка е стандарден член на германската репрезентација, за која одигра 67 натпревари и постигна 15 гола.
За неговите услуги во зимскиот преоден рок се интересираа неколку клубови, најконкретен беше Атлетико Мадрид, но фудбалерот реши да остане во Минхен до крајот на сезоната.
Foto/ depositphotos

