Спорт
Репрезентацијата на Мбапе повеќе не му е приоритет
Килијан Мбапе не е баш омилен меѓу француските фанови во последните денови. Еден од најдобрите светски фудбалери прво реши да го прескокне октомврискиот собир на репрезентацијата и натпреварите во Лигата на нации, поради лесна повреда, а потоа беше фотографиран како минува време во рестораните во Стокхолм, додека неговите соиграчи се обидуваат да изборат пласман во фајналфорот на натпреварувањето под покровителство на УЕФА.
Сега медиумите во Франција и Италија пишуваат дека Килијан Мбапе имал интерен разговор со селекторот Дидие Дешамп, во кој му рекол дека планира да игра само на важни натпревари на репрезентацијата бидејќи сака да се посвети н освојувањето на најважната индивидуална награда во 2025. во светот на фудбалот, Златната топка.
Мбапе смета дека Лигата на нации е недоволно важно натпреварување, и дека на репрезентативните колеги може да им помогне во квалификациите за Светското првенство, но да ги прескокне сите други натпревари како сега.
Французите на социјалните мрежи не се воодушевени, особено поради фактот што го минатото лето го напушти ПСЖ и се пресели во Реал Мадрид.
Треба да се додаде дека тој преку суд побарал некои неисплатени бонуси и дека е во војна со францускиот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барса бара замена за Левандовски – ќе пристигне бесплатно и ќе ја чини 80 милиони евра
Роберт Левандовски продолжува да игра во одлична форма и со 14 гола е убедливо водечки стрелец во Ла Лига (второпласиран Винисиус со осум) и еден од најдобрите играчи.
Сепак, полскиот напаѓач има 36 години и Барселона е во потрага по негов наследник.
Според шпанските медиуми, таа го пронашла во Џонатан Дејвид, 24-годишниот канадски репрезентативец кој погодува за Лил. Самиот Дејвид пред неколку дена изјави дека „доаѓањето во Барселона, клубот за кој навива уште од детството, би било исполнување на сонот“, а тој сон би можел да се оствари следната година на лето.
Дејвид е договорно поврзан со францускиот клуб само до крајот на сезоната и Барселона ќе може да го доведе, доколку така одлучи. Таа не треба да потроши ниту цент за тој трансфер, но шпанските медиуми наведуваат дека целата зделка ќе ја чини околу 80 милиони евра, колку што би барал во плата и бонуси во четиригодишен договор.
Давид оваа сезона за Лил постигна 13 гола на 19 натпревари. Неговите голови во Лигата на шампионите сезонава ги уништија Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а заслужен е и за бодот против Јувентус.
Спорт
Флик: Имам и внуци, не можам да бидам во ист клуб 10 години
Барселона и нејзиниот тренер Ханси Флик се вистински европски хит оваа есен. Германскиот тренер „кликна“ со тимот од првиот момент кога пристигна во Барселона. Сепак, Флик не сака да крева еуфорија, сака да остане со двете нозе на земја.
На прашањето дали може да се замисли во Барселона во следните 10 години, Флик даде интересен одговор.
„Да останам во еден клуб 10 години? Мислам дека не можам да останам на едно место толку долго. Имам четири внуци и тие го заслужуваат моето време пред да наполнам 70 години. Ќе видиме“, изјави Флик.
Во моментов Барселона е лидер во Шпанија и се наоѓа во добра позиција во Лигата на шампионите.
Спорт
Гвардиола ќе остане во Сити и доколку клубот биде исфрлен од Премиер лигата
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, нема дилема дали ќе остане на клупата на тимот и ако се случи најлошото сценарио и клубот биде префрлен во понизок натпреварувачки ранг.
Сити се соочува со драконска казна поради годините работа надвор од прописите на Премиер лигата.
Во тој процес, на Манчестер сити ќе му се суди за 115 случаи на прекршување на финансиските прописи кои го регулираат деловното и спортското работење на клубовите во Премиер лигата.
Евертон еднаш беше казнет со одземање десет бода за многу помали прекршоци, па оттука многумина очекуваат лигата да ја изрече најтешката казна за „граѓаните“ досега кога станува збор за вакво прекршување на прописите.
Гвардиола, кој пред два дена го продолжи договорот со клубот и ќе остане во Сити до 2026 година, нема намера да го напушти клубот дури и ако испаднат во третата или четвртата лига.
„Го кажав тоа пред шест месеци, го кажав тоа во сите мои интервјуа. Не се работи за тоа колку е Пеп добар бидејќи го продолжив договорот. Го кажав пред шест месеци, пред една година и кога сите клубови не обвинија. Што ќе се случи доколку испаднеме? Јјас ќе останам овде. Секоја година ќе одиме погоре и погоре и ќе се вратиме во Премиер лигата. сега“, изјави Гвардиола.