Спорт
Резцова: Абортус во замена за двособен стан во Москва и олимписко злато
Руската скијачка и биатлон легенда, Анфиса Резцова открива дека советските власти ја натерале да оди на абортус пред Олимпијадата во Калгари во 1988 година, за да може да освои медал на Игрите.
Резцова, која е првата спортистка во историјата со олимписко злато во нордиското скијање и во биатлонот, вели дека тренерите ја убедувале дека олимписката слава е многу поважна од бременоста, бидејќи на Советскиот Сојуз му требале златни медали.
„Во јуни 1987 година бевме на тренинг-камп во Естонија, и јас и мојата колешка Елена Вјалбе бевме бремени. Тренерот Николај Лопухов ме прати во Тарту со велосипед. Лекарите ја потврдија бременоста, и на Лена и дозволија да има бебе бидејќи беше помлада. Ме пратија во Москва со порака: ‘Таа е бремена, но ни требаат медали’. Така кажаа тренерите“, открива 55-годишната Резцова.
Трикратната олимписка шампионка вели дека се согласила на абортус во замена за двособен стан во регионот на Москва, кој го добила. Таа освои две злата во Калгари во 1988, вклучувајќи го толку посакуваното злато во женската штафета, а подоцна имаше четири ќерки, од кои еднатаа, Дарја Виролаинен е членка на рускиот биатлонски тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Проблем за ФИФА – Фудбалерите се заканија со тужба
Две здруженија на фудбалери се заканија дека ќе ја тужат ФИФА поради проширениот формат на Светското клупско првенство.
ФИФпро и Асоцијацијата на лигите, која е составена од 46 натпреварувања ширум светот (пет европски национални првенства и МЛС), не се согласуваат со одлуката на ФИФА да се одржи Светското клупско првенство во формат со 32 тима, кој би траел над 29 дена.
Овие две организации не дадоа нов датум за одржување на Мундијалот, но бараат овој предлог да биде разгледан на следниот конгрес на ФИФА.
Според одлуката на ФИФА, Светското клупско првенство треба да се одржи во 2025 година во проширен формат со 32 селекции, каде ќе се одиграат вкупно 63 натпревари.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири тима, а најдобрите две од секоја група ќе продолжат во нокаут фазата.
На клупскиот Мундијал ќе учествуваат 12 екипи од Европа, шест од Јужна Америка, четири од Централна и Северна Америка и Африка и еден клуб од Океанија.
🚨 26/32 clubs secured 2025 Club World Cup!
🔶 6 teams are left to confirm their spots!
🔷 At the Football Rankings – Ptrn page (link in bio), analysis on the races for the remaining six spots has been posted earlier today. pic.twitter.com/cjVnoaEoDQ
— Football Rankings (@FootRankings) May 6, 2024
Спорт
(Видео) Победа на Далас во Оклахома, Кливленд го растури Бостон
Далас Маваерикс и Кливленд Кавалирс славеа победи во вторите натпревари од полуфиналните серии во плеј-офот, против Оклахома Тандер односно Бостон Селтикс.
Лука Дончиќ со Далас славеше голема победа против Оклахома, 119:110 (36:32, 32:30, 31:27, 21:20).
Освен еден дел од третата четвртина, Далас постојано ја држеше предноста од почетокот на мечот. Оклахома успеа да направи пресврт на 72:71, предноста ја држеше само до 77:75, но потоа гостите повторно ја презедео контролата на натпреварот и без проблем стигна до триумфот.
Блескаше Лука Дончиќ со 29 поени, десет скока и седум асистенции. Поддршка имаше во Вашингтон, кој стигна исто така уфрли 29 поени, со 11 скока, Хардавеј постигна 17.
На другата страна кај Оклахома стандардно најдобар беше Шеј Гилџес-Александер со 33 поени, 12 скока и осум асистенции, Вилијамс додаде 20, а Холмгрен 11 поени.
Изненадувањето на вечерта го приреди Кливленд, кој одигра фантастичен натпревар против Бостон на гостински терен, 118:94 (30:24, 24:30, 36:24, 28:16). Ривалите беа рамноправни по првото полувреме, но во вториот дел Кавалирс го декласираа најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.
До победата гостите ги предводеше Мичел со 29 поени, Леверт постигна 21, а Мобли исто така постигна 21 со десет скока и пет асистенции.
Кај Бостон најдобар беше Тејтум со 25 поени, Браун имаше 19, Причард 13, Хорфорд 11, а Вајт десет поени.
Спорт
(Видео) Олимпијакос е финалист во Конференциската лига, за трофејот ќе игра против Фиорентина
Ривал на Фиорентина во финалето на Конференциската лига ќе биде Олимпијакос. Црвено-белиот тим ја совлада Астон Вила со 2:0 во реваншот од полуфиналето во Пиреја.
Грчкиот тим се пласираше во првото финале во натпреварување организирано од УЕФА, благодарение на Ајуб Ел Каби, кој погоди двапати во 11. и 79. минута. Репрезентативецот на Мароко во двата натпревари против Астон Вила постигна пет од шестте голови на Олимпијакос.
Домашните брзо поведоа пред своите гледачи, во 11.минута Ел Каби го прифати додавањето во шеснаесетникот, брзо реагираше и упати удар кој заврши во долниот десен агол.
Со оглед на тоа што грчкиот тим имаше 4:2 од првиот натпревар, овој резултат им одеше во прилог во текот на целиот натпревар. За нов гол се чекаше до 79.минута и повторно стрелец беше Ел Каби.
Олимпијакос за трофејот ќе се борис со ланскиот финалист Фиорентина. Финалето ќе се игра на 29.мај, на стадионот на АЕК во Атина.