Спорт
Резил на Сакраменто, Расел ги уништи Кингси (Видео)
Бруклин нетс во Сакраменто го направија најголемиот пресврт во историјата на франшизата. Предводени од Дианџело Расел, Нетси во последните 13 минути успеаја да за вратат од негативата од 28 поени. Нетси ги победија Кингси, 123:121, со поените на Рондај Холис-Џеферсон.
Сакраменто кингс полека ги губи шансите за пласман во плејофот, откако изгуби добиен меч. На 13 минути до крајот имаа предност од 28 поени, а во последната четвртина влегоа со 25 поени повеќе од противниците.
Во последниот период Дианџело Расел играше сам против Сакраменто, тој успеа да постигне 27 поени. Мечот популарниот Ди Ло го заврши со рекордни во кариерата 44 поени, 12 асистенции и по 4 скока и украдени топки.
Сакраменто го предводеше Марвин Бегли Јуниор со 28 поени, поен помалку постигна Диерон Фокс, а Србите Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ имаа просечни изданија. Бјелица забележа 14 поени и 10 скока, а Богдановиќ постигна 10 поени.
Фуриозна четвртина имаше и ѕвездата на Голден стејт вориорс Стеф Кари, во победата на неговиот тим над Минесота Тимбервулвс 117:107.
Кари во третата четвртина постигна 22 од своите 32 поени. Минесота ја предводеше Карл-Ентони Таунс со 26 поени и 21 скок, а Хрватот Дарио Шариќ забележа 13 поени и 6 скока.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Филалдлефија 114:118
Атланта Хокс-Хјустон Рокетс 105:121
Милвоки Бакс0ЛА Лејкерс 115:101
Минесота Тимбервулвс-Голден стејт Вориорс 107:117
Скараменто Кингс-Бруклин Нетс 121:123
ЛА Клиперс-Индијана Пејсерс 115:109
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

