Спорт
Рибакина прва финалистка на АО
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/78_elena-rybakina-fot-getty.jpg)
Елена Рибакина, актуелната шампионка на Вимблдон, избори пласман во финалето на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Русинката која настапува за Казахстан, во првото полуфинале, ја победи Викторија Азаренка со 7:6, 6:3.
Првиот сет беше исклучително динамичен. Азарнка прва направи брејк, поведе со 2:3, а Рибакина возврати со три гема дојде до 5:3, имаше и сет топка која не ја искористи. Азаренка во 11. гем имаше три брејк топки, не ги искористи, а потоа со неколку грешки и овозможи на противничката да го добие првиот сет.
Начинот на кој го загуби тај-брејкот се чини дека ја скрши Азаренка. Во вториот сет Рибакина брзо поведе со 5:2 со два брејка. Азаренка успеа да врати еден брејк, но во деветтиот гем Рибакина повторно нападна и со брејк по 101 минута избори место во финалето.
Во мечот за титулата ќе ги игра против Арина Сабаленка или Магда Линет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Тен Хаг: Саутгејт лошо го постави мечот со Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12304309.jpg)
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, за една холандска телевизија направи анализа на натпреварот Англија-Србија. Англичаните не играа добро но сепак победија со 1:0.
„Во првото полувреме уживав само во играта на Белингем. Ја водеше Англија, играше на повисоко ниво од останатите играчи. Англичаните играа многу пасивно. Константно се враќаа назад ѝ дозволија на Србија да напаѓа“, рече Тен Хаг.
После тоа, човекот кој ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона го критикиваше англискиот селектор, Герет Саутгејт за начинот на на кој го подготвил натпреварот. Саутгејт.
„Англичаните поведоа со 1:0, а потоа Саутгејт реши да се коцка затоа што не напаѓаше, туку и дозволи на Србија да ја контролира играта, а во нападот ако се укаже шанса да направи нешто тогаш во ред, ако не никому ништо“.
Спорт
Крај на сагата, Хезоња останува во Реал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/b0fb160b-hezonja-real-olympiacos.jpg)
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Марио Хезоња останува член на Реал Мадрид.
Главна вест на водечкиот шпански спортски медиуми „Марка“, среде Европското првенство во фудбал етрансферот на Хезоња. Според овој извор тој решил да го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Тоа значи дека сагата конечно заврши и дека Хезоња нема да ги засили Барселона, Панатинаикос или Партизан и нема да се обиде повторно во НБА лигата.
На Барселона не и се допадна неговото однесување, односно неговите изјави по освојувањето на шампионската титула во Шпанија, поради што „клупските челници го искинале договорот со Хезоња.
Како и да е, хрватскиот репрезентативец сакаше се да реши пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри и успеа во тоа.
Што се однесува до Барселона, тие го решија горливиот проблем со ангажманот на капитенот на Партизан, Кевин Пантер.
Спорт
Тадиќ контра Пикси: Мораше да го почнам натпреварот, јас сум лидерот на овој тим
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12304251.jpg)
Србија синоќа загуби од Англија (1:0) на Европското првенство. Лошата игра во првите 20 минути придонесе за поразот на Србија.
Српската јавност, пред мечот беше изненадена од одлуката на селекторот да го остави капитенот Душан Тадиќ на клупата за резерви.
Тадиќ во игра влезе дури во 61. минута наместо Александар Митровиќ. Видно разочаран по натпреварот тој удри по селекторот Стојковиќ.
„Јас сум капитен, јас сум лидер. Мислам дека сум најдобриот играч во овој тим без лажна скромност. Секако мислам дека требаше да почнам. Ја почитувам одлуката на селекторот. Многу повеќе можев да направам доколку играв 90 минути. Секако дека сакав да играм 90 минути, но ја почитувам одлуката. Јасно е дека сакаш да биде дел од колективот и да направиш се за него. Одиме понатаму, најважно е да ја минеме групата. Сплотеени сме, тоа е најважно“, изјави Тадиќ по натпреварот.
За ова пред Тадиќ беше прашан и Пикси, кој вели дека одлуката била чисто тактичка.
„Не стануваше збор за никава повреда. Тоа беше тактичка одлука. Сакав да го поштедам. Знаев дека вториот дел ќе биде одлучувачки. Го сакав свеж, тоа беше дел од тактичкиот план“, изјави селекторот Стојковиќ.