Спорт
Рибера ќе ја напушти Шпанија по ОИ во Париз

Еден од најдобрите ракометни тренери во светот, Жорди Рибера, најави дека ќе се повлече од репрезентацијата на Шпанија. Во ексклузивното интервју за шпанските медиуми тој истакна дека по Олимписките игри во 2024 година ќе ја напушти шпанската селекција со која освои медали на сите големи натпреварувања.
Овој 59. годишник како селектор работи од 2004 година, а оттогаш ги предводеше Аргентина, Бразил и Шпанија, а во тој период клупски тренер беше од 2007 до 2011 година во Адемар Леон.
Со Шпанија има злато на ЕП 2018 и 2020, сребро на ЕП 2023 и бронза и на СП 2021 и на Олимписките игри во Токио.
„Има одлични тренерите во Шпанија и некои од нив се подобри од мене“, рече Рибера.
Тој ја презеде репрезентацијата на Шпанија во 2016 година кога овој тим беше во пад и успеа да ги подигне и за седум години да освои шест медали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со челниците на Милан, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Како што тврди „Газета“, 26-годишниот капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја прифатил понудата да потпише нов договор до јуни 2029 година со зголемување на годишната плата од четири на пет милиони евра.
Пулишиќ е најдобар стрелец на Милан оваа сезона со 16 постигнати голови на 45 натпревари во сите натпреварувања.
Пред Милан, американскиот играч од средниот ред играше за Челзи и Борусија Дортмунд.
Во дресот на САД, тој постигна 32 гола на 78 натпревари.
Спорт
Алекс Баена се договорил со Атлетико

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид планира големи летни инвестиции. Алекс Баен од наредната сезона се сели на „Метрополитано“ во Мадрид.
Извори од Мадрид блиски до Атлетико денес открија дека Баена веќе бара куќа во шпанската престолнина, дека ја договорил платата и сега чека клубовите да се договорат за обештетувањето.
Баена има 23 години, ја мина Академијата на Виљареал, но стигна до првиот тим преку Џирона, каде што играше како позајмен играч во сезоната 2021/22.
Во меѓувреме, Баена стана член на шпанската репрезентација, а според статистичките податоци, тој е еден од најдобрите плејмејкери во Ла Лига, иако игра на левата страна во редот за врска.
Тој ќе биде идеален во системот 4-4-2 на Диего Симеоне. Атлетико и минатото лето преговараше за неовиот трансфер, но тогаш клубовите не се договорија. Претходно се шпекулираше дека Виљареал очекува отштета од 50 милиони евра за неговиот потпис, што Атлетико очигледно е подготвен да го плати.
Но, Баена не е единственото бомбастично засилување, бидејќи се споменува дека Атлетико Мадрид наскоро ќе го официјализира трансферот на напаѓач. Анхел Кореа е на излезна врата, Антоан Гризман е во години, а Симеоне сака уште едно големо име покрај Хулијан Алварез, бидејќи Александар Серлот е решение од клупата.
Не е познато за кого се работи, но медиумите пишуваат дека Атлетико наскоро ќе објави со кој играч постигнале договор.
Спорт
Монако му нуди тригодишен договор на Миротиќ

Монако блеска оваа сезона во Евролигата, тие се на чекор до пласман на завршниот турнир, но во Кнежевството веќе размислуваат за засилувања за следната сезона.
Монако води со 2:0 во плејоф серијата од елитното натпреварување против Барселона и уште една победа би им обезбедила пласман на завршниот турнир во Абу Даби.
За следната сезона, според медиумите, прва желба е крилниот центар на Армани Милано, Никола Миротиќ.
Миротиќ не му донесе успех на Армани оваа сезона, но беше лидер на тимот на Еторе Месина.
Црногорецот со шпански пасош има договор со Миланезите уште една година, но има опција со која би можел да ја раскине соработката.
Како што објави новинарот Чема де Лукас, Монако е подготвен да му понуди тригодишна соработка на Миротиќ, кој оваа сезона постигнува 17,7 поени со 6,4 скока и две асистенции по натпревар.