Спорт
Ридигер ќе го пропушти осминафиналето
Репрезентативецот на германија, Антонио Ридигер, најверојатно ќе го пропушти осминафиналето на Европското првенство.
Ридигер се повреди на натпреварот од третото коло од групата А против Швајцарија (1:1), кој се одигра синоќа во Франкфурт. Ридигер го повредил грбот.
„Не изгледа драматично, но мали се шансите Антонио да игра во сабота“, изјави за „Билд“ спортскиот директор на германската репрезентација Руди Фелер.
Натпреварот од осминафиналето ќе го пропушти уште еден стопер на Германија, Џонатан Та, кој ќе паузира поради жолти картони.
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман има на располагање уште тројца стопери и тоа Ник Шлотербек, Робин Кох и Валдемар Антон.
Германија ја заврши групна фаза на првото место на табелата со седум бодови.
Домаќинот на континенталниот шампионат во осминафиналето ќе игра во сабота против второпласираната селекција од групата Ц во која се Србија, Англија, Данска и Словенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Магија на јалам, Барселона рутински ја победи Бенфика

Браселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите. Каталонците во реваншот ја победија бенфка со 3.1 и со вкупен резултат 4:1 се пласираа меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Натпреварот на „Монжуик“ во Барселона беше решен во првото полувреме. Барселона излезе со јасна намера најбргу што може да ги ршеи дилемите околу пласманот во четвртфиналето.
Рафиња ја отвори серијата во 11.минута, меѓутоа Бенфика експресно изедначи, преку капитенот Отаменди. Следуваше потегот на мечот во 27.минута кога асистентот за првиот гол, Ламин Јамал го погоди подалечнитот агол од голот на трубин.
Точка на мечот со својот втор гол стави Рафиња. Бразилецот во 10 натпревари сезонава во ЛШ има постигнато 11 голови.
Барселона во четвртфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Лил и Борусија Дортмунд.
Спорт
Паредес го продолжи договорот со Рома

Два дена пред реваншот со Атлетик Билбао, во Лига Европа, аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес потпиша нов договор со Рома.
„Рома со задоволство објавува дека Паредес го обнови договорот со клубот до 30 јуни 2026 година. Фудбалерот од средниот ред, светски шампион со Аргентина во 2022 година, мина значаен дел од својата кариера во нашиот клуб. Откако пристигна во Рим во Бока Јуниорс, тој го носеше дресот на Рома во сезоната 2014/2015 година, како и во два различни сезона сезоната 2-16/2017. Во клубот се врати во летото 2023. За Рома има 129 настапи и 10 голови во сите натпреварувања, честитки, Лео“, се вели во соопштението на Рома на официјалната веб-страница.
Аргентинецот во својата кариера има настапувано за Бока Јуниорс, Киево Верона, Емполи, Зенит Санкт Петербург, Пари Сен Жермен, Јувентус и Рома.
Паредес од 2017 година е редовен репрезентативец на Аргентина, за која одигра 70 натпревари и постигна пет гола. Тој го освои Светското првенство во 2022 година со националниот тим, како и две Копа Америка, во 2021 и 2024 година.
Спорт
Анкета на „Марка“: Димитиревски треба да биде број 1 во Валенсија

Дали е врема Столе Димитиревски да застане на голот на Валенсија? Ова прашање го постави „Марка“, потсетувајќи дека првиот голман Ѓеорѓи Мамардашвили се наоѓа во лоша форма.
Грузиецот Мамардашвили во изминтите две сезони беше најдобар играч на Валенсија, изминатото лето за около 30 милиони евра Валенсија го продаде во Ливерпул. Сепак Ливерпул реши да го остави на позајмица во Валенсија.
Најмногу од оваа одлука настрада Столе Димитиревски, кој претходно како слоб=ден играч дојде на „Местаља“ од Рајо Ваљекано.
Димитиревски во Ла Лига оваа сезона бранеше на неколку натпревари, кога Мамардашвили беше повреден, а на голот беше и во Купот на Шпанија.
Сега кога Грузиецот е во лоша форма и е директно одговорен за неколку загубени бодови на Валенсија, поради лошите реакции, 64 осто од читателите на „Марка“, кои учествувале во анкетата сметаат дека Столе треба да застане на голот на Валенсија.