Спорт
Рио де Жанеиро сака да го организира клупскиот Мундијал
Рио де Жанеиор побара да ја добие организацијата на Светското клупско првенство. Клупскиот Мундијал остана без домаќин, откако Јапонија ја откажа организацијата.
„Работиме на случајот. Рио сака да биде организатор, откако Јапонија се откажа. Би било интересно доколку Рио го добие Мундијалот“, рекол градоначалникот, Едуардо Паес.
Тој дополнил дека неговата администрација ги контактирале Фудбалскиот сојуз на Бразил и „останатите одговорини“ со цел да ја остварат својата намера.
По откажувањето на Јапонија, ФИФА се уште нема донесено одлука каде и кога ќе се одржи клупскиот Мундијал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голчиште на Собослај, а потоа победа на Сити во дербито
Манчестер Сити го доби Ливерпул на „Ефилд“ во 25.коло во Премиер лигата, со 2:1 и остана во трката за шампионската титула.
Сè што беше важно се случи во последните 20 минути од натпреварот. Ливерпул поведе во 74-та минута, но со голови во 84-та и 93-та минута, Сити направи пресврт и запиша три важни бода.
Доминик Собослај постигна гол за водство на Ливерпул со моќен погодок од слободен удар со помош на стативата. Сити израмни по само десет минути, кога Бернардо Силва натрча на топката која ја доби од Ерлинг Халанд.
Во судиското продолжение, Сити победи откако Алисон направи пенал, а Халанд го реализираше.
Рајан Шерки исто така постигна гол во 100-та минута, но тој гол беше поништен поради претходен прекршок на Доминик Собослај, кој доби црвен картон.
Foto/ EPA
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.

