Спорт
Рио очаен, Сколс ужаснат по поразот на Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Манчестер јунајтед, синоќа им приредија уште едно разочарување на своите навивачи. Загубија од Галатасарај на „Олд Трафорд“ со 3:2. Вториот последователен пораз во Лигата на шампионите го смести Јунајтед на последното место на табелата во групата А.
Јунајтед два пати водеше, Галатасарај промаши пенал на 2:2, на крајот гостите сепак забележа победа.
Натпреварот го анализираа поранешните фудбалери на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд и Пол Сколс.
„Во еден момент бев висок како змеј, во следниот бев очаен“, опиша како се чувствувал за време на натпреварот, легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.
Пол Сколс додаде:
„Ова е ужасен резултат“.
Анализата е следна:
„Јас сум разочаран. Мислам дека Манчестер јунајтед не одигра толку лошо, но сите муабети пред натпреварот беа дека нема голови, дека треба да се подобри ефикасноста. Ја запоставивме дефанзивната страна на играта, не беше доволно добра, играчите на Галатасарај беа насекаде“.
И за крај, коментар на навивач на Јунајтед упатен до играчите и Ерик Тен Хаг.
„Без храброст, без посветеност, без Хари Мегваер да биде обвинет дека е виновен. Кој е вашиот изговор овој пат, Ерик?
Јунајтед загуби шест од првите десет натпревари во сезоната за прв пат од 1986 година.
Следниот натпревар ќе го одигра во сабота на истиот стадион против Брентфорд во Премиер лигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

