Контакт

Спорт

Ришарлисон: Има тројца кои се подобри од Ван Дајк

Објавено пред

Напаѓачот на Бразил и Евертон Ришарлисон тврди дека во светот, во овој момент, постојат тројца централни деванзивци кои се подобри од Вирџил Ван Дајк. Холанѓанецот за многумина е најдобриот дефанзивец во светот, но Бразилeцот не мисли така.

Ришарлисон ќе се сретна со Ван Дајк в недела кога ќе се одигра градското дерби помеѓу Евертон и Ливерпул.

„Луѓето често зборуваат за него. Да тој е одличен дефанзивец, но јас го имам предrиблано. Избран е меѓу најдобрите тројца во светот, имаше одлична сезона. Но според мене има подобри дефанзивци од него“, рекол Ришарлисон и дополнил.

„Тијаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос се подобри од Ван Дајк“.

Спорт

Погба и Бруно Фернандеш се повредиле по судир на тренинг!

Објавено пред

Ѕвездите на Манчестер јунајтед, Пол Погба и Бруно Фернандеш, добиле повреди по судир на тренинг на „ѓаволите“, тврди „Дејли мирор“, а Португалецот го извлекол подебелиот крај во случајниот судир.

Погба и Фернандеш склопија одлично партнерство во последните мечеви на Јунајтед и ќе биде голем удар за тимот на Оле Гунар Солскјер доколку двајцата паузираат пред домашниот дуел со Бурнемаут.

Фернандеш постигна шест гола и додаде четири асистенции во 13 настапи за Јунајтед, а Погба се врати во добра форма по низата повреди. Јунајтед е на петтото место во Премиер лигата и е во битка да обезбеди пласман во ЛШ, а исто така уште е во игра за титулите од ФА-купот и Лига Европа.

Прикажи повеќе...

Спорт

Контроверзи пред стартот – Ред бул вложија протест за ДАС-системот на Мерцедес

Објавено пред

Ред бул рејсинг останаа на зборот и вложија протест против „ДАС“ (Dual-Axis Steering) системот на шампионскиот тим на Мерцедес пред стартот на сезоната со Австриското ГП овој викенд.

ДАС системот предизвика многу контроверзи на зимското тестирање, бидејќи се работи за систем со кој возачите на Мерцедес со придвижување на воланот напред и назад можат да ја намалат оската на предните тркала.

Мерцедес постојано тврдат дека системот е легален според правилата на ФИА, но Ред бул смета дека се прекршени правилата 3.8 и 10.2.3 од техничките правила на Ф1. Правилото 3.8 е за подвижни делови кои влијаат на аеродинамиката на болидот, а правилото 10.2.3 вели дека не се можни промени на суспензијата додека болидот е во движење.

Мерцедес доминираа на двете тестирања на патеката Ред бул ринг, поставувајќи 1-2 време во двете сесии. Иако е нејасно колку ДАС системот дава предноста на возачите, ФИА претходно објави дека системот нема да биде дозволен во 2021 година.

Мерцедес ги шокираа сите со „подвижниот“ волан на зимското тестирање (видео)

Прикажи повеќе...

Спорт

Вашингтон редскинс подготвен да го смени навредливото име

Објавено пред

По сè поголемиот притисок од спонзорите и од организациите на домородните Американци, газдата на НФЛ-клубот Вашингтон редскинс (црвенокожци), Ден Снајдер, призна дека ќе почне процедура за менување на името.

Снајдер, кој претходно стоеше на ставот дека нема да има промена на историското име, беше омекнат по одлуката на спонзорот „Федекс“, кој го има правото на името на стадионот во Мериленд, каде што клубот игра, побара менување на навредливото име.

„Овој процес ќе дозволи да се земе предвид нашата горда традиција и историја, но и мислењата на спонзорите, НФЛ, нашите фанови и поранешните играчи“, вели Снајдер.

Критичарите подолго време бараат промена на името, кое се смета за расна навреда за домородните Американци, а критиките се зголемија по смртта на Џорџ Флојд и протестите во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет3 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет4 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ8 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија9 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа10 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија10 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ11 час

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет12 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија12 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет13 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија13 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија13 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион14 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа14 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет15 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија15 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет16 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија17 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион17 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Досие