Спорт
Ристовски на „Инстаграм“: Добредојдовте во аматерската Премиер лига (да живее Тито)

Во петтото коло од Премиер лигата на БиХ, Сараево претрпе тежок пораз на гостувањето кај Борац во Бања Лука. Екипата чии дрес го носи поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, загуби со 5:1.
Медиумите пишуваат дека натпреварот го обележа судењето на Сабри Топаловиќ. Најмногу контроверзии предизвика поништениот гол на Сараево за 2:2. ВАР процени дека на почетокот на акцијата Михаел Млинариќ играл со рака.
Можете да ја погледнете ситуацијата на видеото од 5:42.
Ситуацијата стана уште покомплицирана во 64-та минута, кога Момоду Џата беше исклучен при резултат 2:1.
Стефан Ристовски ги одигра сите 90 минути за Сараево. По натпреварот објави на Инстаграм: „Добредојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито)“, напиша тој, а набрзо ја избриша објавата. Ристовски јасно го изрази своето незадоволство од судењето.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тотенхем тргна по потписот на Инкапие, Арсенал би можел да му го украде
Арсенал е подготвен да му зададе уште еден тежок удар на Тотенхем. Во финишот на преодниот рок Арсенал се распрашува за Пјеро Инкапие. Еквадорецот кој може даигра како лев бек, но и како лев стопер е на радорот на Тотенхем.
Тотенхем се обидува да се засили во финишот на преодниот рок. Мета им е Инкапие, клубот е подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договор од 60 милиони евра.
„Скај Спортс“, тврди дека за Еквадорецот постои интерес и кај Арсенал, бидејќи во клубот работата на трансферите на неколку играчи од одбраната (Зинченко, Виеира, Нелсон).
Минатата недела, Арсенал го „украде“ Ечебери Езе од Кристал Палас, со кого Тотенхем веќе имаше постигнато договор.
Инкапие има уште четири години од договорот со Баер, а германскиот клуб сака да го задржи. Но, „Скај Спорт Германија“ пишува дека 22-годишниот Еквадорец одлучил да го напушти Леверкузен.
Инкапие е уште еден играч од најславната генерација на клубот од Леверкузен кој ова лето сака да замине. Претходно Баер го напуштија голманот Храдецки, капитенот Тах, Вирц, Џака, Фримпонг, Адли.
Спорт
Сака ќе го пропушти, а Едегор е во прашање за дербито со Ливерпул

Крилниот напаѓач на Англија, Букајо Сака, ќе го пропушти натпреварот на Арсенал од Премиер лигата против Ливерпул во недела и квалификациските натпревари на Англија за Светското првенство против Андора и Србија следниот месец поради повреда.
Сака ја повреди тетивата во саботата, во победата на домашен терен против Лидс Јунајтед (5:0). Првите проценки се дека крилниот напаѓач нема да може да игра до четири недели, објавува Би-би-си. Англискиот репрезентативец пропушти три и пол месеци од минатата сезона по операција на десната тетива.
Капитенот на Арсенал, Мартин Едегор, е исто така под знак прашалник за натпреварот на „Енфилд“ поради повреда на рамото заработена во победата против Лидс. Едегор изгледаше во болка кога беше заменет во првото полувреме, поради повреда на рамото.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Македонија на универзијадата во Полска успеа да освои три медали во карате

Македонската универзитетска карате репрезентација во финалните борби од последниот ден на Европската универзијада која се одржува во Варшава успеа да освои златен медал. Со тоа Македонија на ова елитно универзитетско европско натпреварување, освои вкупно три медали и оствари два високи пласмани на 5-то место.
Медалите ги освоија Ангела Мојсовска златен медал, сребрен медал Љупче Михаилов и еден бронзен медал Викторија Јовановска. Петар Заборски (-75кг) и Јована Мицовска (-61кг), се високо пласирани на петто место.
Ангела Мојсовска – Златен медал
Ангела Мојсовска успеа во финалната борба да ја победи противничката од Косово Мустафа Бехије со резултат 4-3 и го освои златниот медал во категоријата -68 кг. Ангела Мојсовска настапи за универзитетот (Св, Кирил и Методиј, таа е член на К.К Макпетрол – Скопје.
Љупче Михаилов вториот финалист не успеа да победи во борбата за златен медал и тој го освои сребрениот медал во категоријата -75 кг.
Медалистите ги имаа следните настапи:
-68 кг Ангела Мојсовска – Нина Лукенда (Хрватска) 8-4 Ангела Мојсовска – Амина Фејзиќ ( БиХ) 4-3 Ангела Мојсовска – Влере Керими (Косово) 3-1 Финале Ангела Мојсовска – Мустафа Бехије (Косово) 4-3 златен медал
-75 кг Љупче Михајлов – Аднан Карача (БиХ) 7-1 Љупче Михајлов – Кара Абдулјадир (Турција) 1-0 Љупче Михајлов – Дмитро Федотов (Украина) 4-0 Љупче Михајлов – Нико Шпарер (Швајцарија) 4-0 Финале Љупче Михајлов – Омер Фарук (Турција) 0-10 сребрен медал
Љупче Михаилов, сребрен медал
-61 кг Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3 Репасаж Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1 За бронза Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0 бронзен медал
Викторија Јовановска и селекторот Бошко Заборски