Спорт
Ристовски: Ова е недозволиво, мораме што побргу да го заборавиме овој пораз
Дебаклот на Динамо Загреб во Минхен е една од главните теми во фудбалските кругови, откако беа одиграни првите шест натпревар во новата сезона во Лигата на шампионите. .
Динамо загуби во Минхен од Баерн со 9:2, што е првпат една екипа да прими девет гола во најсилното натпреварување.
Стефан Ристовски беше особено депресивен по дебаклот. Тој е еден од најомилените играчи меѓу навивачите на Динамо не само поради неговите играчки квалитети, туку и поради неговата борбеност.
„Најпрво би сакал да им се извинам на сите навивачи на Динамо, се надевам дека ќе ни простат и ќе бидат со нас. Не е лесно да се биде пред новинарите и да се коментира по ваков пораз. Мора да бидеме свесни дека ние не го претставуваме само Динамо, туку и хрватскиот фудбал. Сега е најлесно да се впери прст во некого и да се каже дека некој е виновен. Само сплотени, заедно можеме да се извлечеме од оваа ситуација“, им изјави поранешниот македонски репрезентативец на новинарите и дополни.
„Што и да кажам сега е премногу и премалку. Кога губиш и примаш девет парчиња… Ние сме искусни и долго време играме заедно, ова е недозволиво. Динамо со години го гради својот имиџ и ова е неприфатливо за сите нас. Имам само едно барање, да останеме сплотени, само така можеме да одиме напред, се надевам дека ова нема да остави трага на домашното првенство. Менталниот фактор е тука, но соблекувалната мора што поскоро да заборави. Но, тешко е да се заборави. Времето не ни дозволува да размислуваме премногу за ова. Имаме натпревар во домашното првенство во сабота и се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

