Спорт
Ристовски стрелец во победата на Динамо

Динамо Загреб славеше над Локомотива со 2:1 во хрватското првенство. Победата на „модрите“ ја најави Стефан Ристовски.
По непланираниот кикс против Горица, Динамо успеа да ја совлада Локомотива. Капитенот на македонската репрезентација во 35.минута го постигна првиот гол на мечот. Предноста на Динамо ја зголеми Батурина во 59.минута. Шест минути подоцна Пивариќ го постави конечниот резултат.
Локомотива од 82.минута играше со фудбалер повеќе (исклучен Мишиќ), но не успеа да ја искористи таа предност.
Динамо на врвот има седум бода повеќе од Хајдук, Локомотива е на седмото место со 19 поени.
Dinamo 1-0 Lokomotiva (35')
Ristovski takes the lead for the home side! pic.twitter.com/IHzEmhI3ZA
— Everything About HNL (@AboutHnl) January 28, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.
Спорт
Алонсо се збогуваше со Леверкузен: „Разговарав со играчите“
Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.
Официјална потврда дојде и од главниот актер.
На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната.
„Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ова ќе бидат моите последни два натпревари во Леверкузен. Ова е вистинско време да го објавам тоа бидејќи секогаш имавме добра комуникација. Мораме да уживаме во овој момент со измешани емоции. Разговарав со играчите и персоналот, не беше лесно. Имавме одличен однос и тоа беше клучот. Тие веруваа во мене и ме следеа. Сакам да се збогувам на вистински начин овој викенд“, рече Алонсо.
Алонсо, поранешен шпански репрезентативец, играше за Реал Мадрид од 2009 до 2014 година за време на својата играчка кариера и освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2014 година.
Спорт
Мекалистер прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Мекалистер постигна два гола и имаше една асистенција во пет натпревари од Премиер лигата во април, со што за прв пат ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата.
Ливерпул забележа четири победи и еден пораз во тој период, а исто така ја обезбеди и титулата откако изгради непобедлива предност пред Арсенал.
Менаџерот на Вулверхемптон Вондерерс, Витор Переира, е прогласен за менаџер на месец април во Премиер лигата.
Переира за прв пат ја освои наградата за најдобар тренер на месецот во Премиер лигата.
Вулверхемптон минатиот месец забележа пет победи од исто толку натпревари и го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.