Спорт
Ривалдо го критукува Јамал
Познатиот бразилски фудбалер Ривалдо порача дека Ламин Јамал, треба да има повеќе опции во својата игра и дека неговата сегашна игра, нема да му помине во иднина.
Легендарниот Ривалдо е еден од ретките што го критикуваат Јамал. Тој го направи тоа по натпреварот со Челзи во Лигата на шампионите, кој каталонскиот тим го загуби со 3:0, а Јамал беше невидлив на теренот.
Ривалдо ја откри слабоста на ѕвездата на Барселона. Ламине едноставно не го користи целиот талент што го има, а го користат и противниците.
„Ламин против Челзи не беше успешен затоа што го чуваа добро. Во такви случаи, мислам дека мора да има повеќе опции во играта, поголема разновидност“, вели Ривалдо и продолжува: „Тој не може само да игра десно и секогаш да ги повторува истите движења. За вештините што ги има, тоа е премалку за него.“
„Кога се соочува со дефанзивец кој го познава добро, како што беше случајот против Челзи, лесно е да се запре“, рече Ривалдо.
Легендарниот Ривалдо го носеше дресот на Барселона пет години. Тој пристигна на „Камп Ноу“ во 1997 година од Депортиво Ла Коруња и остана до 2002 година.
Како играч на Барселона, тој беше прогласен за најдобар играч во светот во 1999 година. Освои два трофеи во Ла Лига.
Вкупно, тој одигра 235 натпревари за каталонскиот гигант и постигна вкупно 130 голови и 49 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.
Спорт
Симеоне: Им се извинувам на г-дин Перез и г-дин Винисиус
Полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во кое Реал го победи Атлетико Мадрид (2:1) беше засенето од инцидентот меѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.
Вербалниот конфликт меѓу Диего Симеоне и Винисиус продолжи и по натпреварот, а медиумите шпекулираа дека Симеоне му рекол на играчот на Реал дека „Перез ќе го продаде“.
Тоа беше само најважниот момент, бидејќи Симеоне му дофрлал на Винисиус за време на натпреварот во обид да го испровоцира.
Бразилецот не му остана должен, реагираше бурно за време на натпреварот, но и по него, а Чаби Алонсо го пцуеше својот колега од клупата на Атлетико.
По натпреварот, тој рече дека никогаш нема да си дозволи да се однесува така кон играч на противничкиот тим.
Во понеделник пристигна извинувањето на долгогодишниот тренер на Атлетико.
„Сакам да им се извинам на г-дин Флорентино Перез и г-дин Винисиус за сè што можевте да видите на натпреварот од Суперкупот. Очигледно е дека она што го направив беше погрешно. Едноставно згрешив“, рече Симеоне.
Спорт
Реал го отпушти Чаби Алонсо, нов тренер е Алваро Арбелоа
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука да го отпушти тренерот Чаби Алонсо.
По поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона (3:2), раководството на „кралскиот клуб“ одлучи дека е време да се раздели со стручњакот кој ова лето пристигна во клубот од Баер Леверкузен.
Во официјалното соопштение, кое беше издадено по овој повод, не ги наведоа причините за таквата одлука, иако е јасно дека одреден период никој не е задоволен од резултатите што ги постигнува Реал, а дека самиот Алонсо имал проблем со одредени играчи – пред сè со Винисиус.
„Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на сите навивачи на Реал Мадрид бидејќи е легенда на Реал Мадрид и отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом. Нашиот клуб сака да им се заблагодари на Чаби Алонсо и на целиот негов технички тим за нивната работа и посветеност во овој период и им посакува многу среќа во оваа нова фаза од нивниот живот“, се вели во соопштението.
Алонсо, на клупата ќе го замени ист така поранешен играч на клубот, Алваро Арбелоа. Интересно, Арбелоа досега никогаш не водел самостојно сениорска екипа.
Досега, тој работеше во помладите селекции на Реал само неколку месеци во Б-тимот на Реал, каде што го замени Раул Гонзалез во мај.
Играше за Реал од 18-годишна возраст, потоа го носеше дресот на Депортиво и Ливерпул, а од 2009 до 2016 година повторно беше на „Бернабеу“.
Ја заврши кариерата во Вест Хем, а одигра 56 натпревари за шпанската репрезентација и беше светски шампион во 2010 година и европски шампион во 2008 и 2012 година.
Алонсо во својата кариера го водеше Б-тимот на Реал Сосиедад и Баер Леверкузен, пред да се приклучи на Реал. Претходно, тој беше споменуван како кандидат за клупата на Ливерпул, каде што помина дел од својата кариера.

