Контакт

Спорт

Ривалките сметаат дека е лоша шега што трансродовата спортистка ќе биде на ОИ

Објавено пред

Белгијката Ана Ванбелинген, една од фаворитките за освојување олимписки медал во кревањето товар до 78 килограми, смета дека се работи за лоша шега што на новозеландската трансродова натпреварувачка Лорел Хабард ѝ е дозволено да се бори за олимписко злато.

Доколку учествува на Игрите во Токиио, Хабард ќе стане првиот трансродов спортист во историјата на Олимпијадата, но Ванбелинген смета дека тоа ќе му штети на женскиот спорт.

„Прво, да посочам дека целосно ја поддржувам трансродовата заедница и ова не доаѓа од моето отфрлање на нејзиниот идентитет. Меѓутоа, секој што некогаш кревал товар на професионално ниво ја знаа вистината – ова е нефер за спортот и за жените. Ова има огромно значење за сите што се натпреваруваме и работиме постојано и за нас е како лоша шега“, вели Ванбелинген.

Хабард до 2013 година се натпреваруваше во машкото кревање товар и многу од нејзините ривалки сметаат дека има нефер предност со тоа што е билошки маж. Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) дозволи трансродовите спортисти да се натпреваруваат доколку во годината пред натпреварувањата имаат постојани тестови на нивото на тестостерон.

И сонародничката на Хабард, Трејси Ламбречс, смета дека не треба да биде дозволено да се натпреварува.

„Навистина сум разочарана за сите жени што ќе загубат поради ова. Сите сме за еднаквост во спортот, но со овој потег таа еднаквост ни се одзема. Што да правиме, ова не е фер, а секој совет што го добиваме е да молчиме“, изјави Ламбречс.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Јокиќ ги пропушта ОИ?

Објавено пред

Денвер Нагетс ја завршија сезоната во НБА лигата. Финикс Санс, со четири победи, во исто толку натпревари, ги испратија Нагетс на годишен одмор.

Лидерот на Денвер, МВП во НБА лигата, Никола Јокиќ, четвртиот меч го заврши во 28.минута. Тој беше исклучен поради груб прекршок врз Камерон Пејн.

Јокиќ, во регуларниот дел од сезоната ги одигра сите 72 натпревар, а во плеј-офот одигра дополнителни 10 натпревари. Тој сега треба да донесе одлука дали ќе игра на Олимписките игри, доколку Србија успее да се пласира преку квалификацискиот турнир.

„Не знам. Само што ја завршив сезоната, се уште ништо не знам“, рекол Јокиќ.

Квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри ќе се одржи во Белград од 29.јуни до 4.јули.

Прикажи повеќе...

Спорт

Три натпревари на ЕУРО 2020, дербито е Шпанија-Шведска

Објавено пред

Нови три натпревари денес ќе се одиграа на Европското првенство во фудбал.

Денот ќе го отворат Шкотска и Чешка од 15 часот. Ова е натпревар од Д-групата, во која вечера Англија ја победи Хрватска со 1-0.

Шкотска и Чешка имаат амбиции да се пласираат во втората фаза на турнирот. Репрезенатацијата која ќе победи ќе биде поблиску до остварувањето на таа цел. Ова е клучниот натпревар во групата за Шкотска и Чешка, бидејќи во наредните две рунди за противници ќе ги имаат фаворитите Англија и Хрватска.

Во подготвителниот период пред почетокот на ЕП, Шкотска одигра 2:2 со Холандија и со 1:0 го победи Луксембург, додека Чесите доживеаја дебакл од Италија (0:4), а потоа со 4:1 ја победија Албанија.

Од 18 часот, Полска и Словачка ќе ја отворат Е-групата. Полјаците предводени од најдобриот светски фудбалер, Роберт Левандовски ја имаат фаворитската улуга, против незгодната Словачка, која низ баражот во Лигата на нации се пласираше на ЕП.

Проблем за Полска е лошата форма и резултатите на последните натпревари. Оваа година, Послак има само една победа и тоа над аутсајдерот Андора.

Словаците од друга страна, во 90 минути, на последните 13 натпревари победиле само еднаш.

Денот на ЕУРО 2020 ќе го затворат Шпанија и Шведска, селекции кои нема да можат да сметаат на по еден играч поради коронавирусот. Шпанија ќе биде без капитенот Серхио Бускетс, Шведска без Дејан Кулушевски.

Шпанија е фаворитот од сенка на ова ЕП, без вистинска ѕвезда но со еден куп квалитетни фудбалери. Пред ЕП ремизираа со Португалија, а претходно забележаа пет победи во низа.

Шведска има компактен тим, во одбраната предводен од искусните Гранквист и Линделоф, но проблем е нападот, каде во отсуство на Златан Ибрахимовиќ, товарот ќе мора да го понесе Алксандер Исак од Реал Сосиедад.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ ја почна 325. недела како број 1, Циципас се искачи на четвртото место

Објавено пред

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, ја почна својата 325. недела на првото место на АТП-листата и дополнително ја зголеми предноста во однос на најблиските ривали.

Ѓоковиќ, кој вчера победи на „Ролан Гарос“, на најновата листа има 12.113 поени, односно 1.970 поени повеќе од Данил Медведев.

Рафаел Надал, и покрај елиминацијата во полуфиналето на „Ролан Гарос“, остана на третото место, со само 650 поени повеќе од Стефанос Циципас. Гркот, кој загуби од Ѓоковиќ во финалето на „Ролан Гарос“, го бележи најдобриот пласман во кариерата.

Доминик Тим му ја препушти позицијата на Циципас, на петтото место Австриецот има само 55 поени повеќе од Александар Зверев.

Седмото, осмото и деветтото место го задржаа Андреј Рубљов, Роџер Федерер и Матео Беретини.

На десеттото место се искачи Шпанецот Роберто Баутиста-Агут, кој го потисна Диего Шварцма на 11. место.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија16 минути

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија57 минути

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион2 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија2 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија4 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет4 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија4 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт16 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт17 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт17 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија24 часа

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа24 часа

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Македонија2 дена

Заев: Извозот на канабис за медицински цели oд Северна Македонија во ЕУ станува реалност

Извозот на сув цвет од канабис за медицински цели од Северна Македонија за пазарите во Европската Унија станува реалност, пишува...

Спорт2 дена

Ериксен во стабилна состојба префрлен во болница

Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен, во стабилна состојба е префрлен во болницата во Копенхаген. Натпреварот, помеѓу Данска и Финска е прекинат...

Македонија2 дена

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Досие