Спорт
Ривер заработи 30 милиони евра од трансферот на Фернадез
Трансферот на Енцо Фернандез во Челзи не ја израдува само Бенфика, туку и Ривер Плата. Челси го собори англискиот рекорд со трансферот од 121 милион евра за играчот од средниот ред од Аргентина.
Бенфика ја направи зделката на векот бидејќи пред седум месеци, за трансферот на Фернадез, без бонуси, издвои само 10 милиони евра.
Сепак, трансферот вклучуваше клаузула од 25 проценти од следната продажба на 22. годишниот играч за врска.
Така Ривер без учество во тој трансфер заработи уште 30 милиони евра од преселбата на Фернандез во Лондон, а вкупно на негово име заработи 40 милиони.
Што се однесува до Бенфика, од 121 милион, на португалскиот гигант му останаа уште 91, а сметајќи ги вложените пари за доаѓањето на Фернандез од Буенос Аирес, тие остварија нето добивка од 81 милион евра.
Фернандез постигна четири гола и забележа шест асистенции за Бенфика оваа сезона, но блесна на Светското првенство каде беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сан Антонио ја елиминираа Оклахома, во финалето ќе играат против Њујорк
Кошаркарите на Сан Антонио направија едно од најголемите изненадувања во сезоната досега и ја победија Оклахома во Лас Вегас, со што ја прекинаа импресивната серија на Тандер од 16 последователни победи.
Ова беше втор пораз на актуелниот шампион на НБА оваа сезона, но исто така беше победа што им отвори врата на Спарс кон финалето на НБА Купот, каде што ќе се борат за трофејот против Њујорк Никс.
Дуелот заврши со минимална разлика, 111:109, иако почетокот не навестуваше таков исход.
Оклахома сега се на скор од 24-2, што е втор најдобар почеток на сезоната во историјата на НБА. Рекордот остана оној од сезоната 2015/16 кога Голден Стејт Вориорс имаа скор од 25-1.
Девин Васел постигна 23 поени, додека Де’Арон Фокс и Стефом Касл додадоа по 22. Белсна и Виктор Вембањама со 22 поени и девет скока за само 21 минута на паркетот.
Од другата страна, Шеј Гилџис-Александер ја предводеше Оклахома со 29 поени, додека Чет Холмгрен и Џален Вилијамс постигнаа по 17.
Второто полуфинале, им припадна на Њујорк Никс. Тие славеа во дуелот со Орландо 132:120.
Клучна фигура на натпреварот беше Џејлен Бренсон, кој одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната и постигна дури 40 поени. Имаше одлична поддршка кај Карл-Ентони Таунс со 29 поени, како и кај О.Џи. Ануноби, кој постигна 24. Кај Орландо се истакнаа Џејлен Сагс со 26 и Паоло Банкеро со 25 поени, но тоа не беше доволно за да се загрози местото на Никсите во финалето.
Спорт
На Аргентина ѝ се заканува исфрлање од Светското првенство
Аргентинската судска власт интензивно истражува можни финансиски неправилности во Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), со фокус на претседателот Клаудио Тапија и неговиот близок соработник, благајникот Пабло Товигињо.
Во текот на декември 2025 година, беа извршени бројни претреси во седиштето на АФА, канцелариите на Лигата и над 17 клубови.
Паралелно, судијата Даниел Рафекас, нареди претрес на луксузна вила во Пилар (над 10 хектари), формално во сопственост на компанијата „Реал Централ СРЛ“.
Таму беа конфискувани околу 45 луксузни автомобили (Порше, Ферари), мотоцикли и други вредни предмети.
Истрагата ја вклучува и финансиската компанија „Сур Финанзас“, обвинета за сомнителни кредити на клубови и можно перење пари.
ФИФА внимателно го следи целиот случај и доколку конечно се докаже дека Тапија навистина нелегално стекнал богатство, не е исклучено Аргентина да биде исклучена и од Светското првенство, а Финалисима, натпревар организиран од ФИФА во кој се среќаваат шампионите на Европа и Јужна Америка, да биде откажан.
Спорт
(Видео) Рафиња ја реши Осасуна
Барселона му избега на Реал со седум бода, барем до крајот на ова коло, по победата против Осасуна – 2:0.
Барселона доминираше против Осасуна, особено во првото полувреме од натпреварот на реновираниот стадион „Камп Ноу“. Но, на полувреме Каталонците немаа предност.
Во второто полувреме, домашните исто така беа подобар ривал, и конечно ја крунисаа иницијативата со водство по одлична акција и прецизен шут на капитенот Рафиња, кој во 70-та минута погоди од 17 метри.
Конечните 2-0 беа поставени во 86-та минута , кога Рафиња повторно постигна гол, кој конечно го скрши отпорот на борбената Осасуна на овој натпревар.
Foto/ depositphotos

