Спорт
РК Еурофарм Пелистер се огради и испрати порака: На дел од навивачите не им е местото во спортските објекти
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се огради од случувањата на вчерашното дерби против РК Вардар во СЦ „Јане Сандански“ и порача дека на дел од навивачите кои прават инциденти местото не им е во спортските објекти.
Во соопштението на РК Еурофарм Пелистер се вели:
Почитувани љубители на ракометот
РК Е. Пелистер се оградува од вчерашното однесување на дел од навивачите и со резигнираност гледа кон настаните кои се случуваа вчера во спортската сала Јане Сандански. За нас тоа е крајно неприфатливо, нецивилизирано однесувањето на дел од „навивачите“ и на двете екипи.
Oстанува нејасно како беше возможно во салата да се внесат пиротехнички материјали и други тврди предмети и како беше возможно одредени индивидуи да влезат на терен со што беше доведен во опасност и животот на ракометарите но и на другите присутни во салата. Ние сметаме дека за такво однесување на спортските терени воопшто нема место. Според нас тоа се само мала група на индивидуи (не повеќе од 30-40 индивидуи) кои во тек на една сезона следат 4-5 натпревари (натпревари кои им се „предизвик) и генерираат проблеми.
Тоа не се ниту вистински спортски навивачи и љубители на спортот. Тоа се индивидуи кои под дејство на алкохол или нешто друго го деградираат спортот, спортските навивачи, спортските клубови, и навивачките групи на кои „припаѓаат“. Таквите индивидуи кои ментално припаѓаат на некои времиња од минати векови воопшто нам не ни се потребни и не сакаме никаква подршка од нив, не се потребни ниту на спортот и искрено се надеваме дека и вистинските навивачи и спортски подржувачи, и двете навивачки групи исто така ќе се оградат од нив.
Овие индивидуи кои спортскиот терен и објект го гледаат единствено како можност за промовирање на нецивилизациски дејанија, правење проблеми и негативно влијание на спортската игра и настан, воопшто не се потребни во спортот.
Како и во другите цивилизирани земји така и кај нас крајно време е овие индивидуи да бидат идентификувани и да се донесат законски можности на истите да им се забрани присуство на спортски натпревари на подолг временски период.
Во спротивно спортот, спортистите и останатите искрени спортски љубители ќе останат само заложници на дивеењето на поединци. Тоа е негативно за спортот, тоа ги одвлекува спонзорите да вложуваат во спортските екипи, тоа влијае негативно на спортистите при изборот на клуб и се разбира тоа е негативна и мошне грозна појава која не треба да ја гледаат младите генерации.
Затоа сметаме и дека РК Вардар 1961 исто така јавно ќе се оградат од однесување на индивидуите кои се задскриваат зад навивачките групи и кои го негативизираат спортот, спортисктите и вистинските навивачи.
Однесување на вчерашниот натпревар на овие изолирани индивидуии и од двата табори го доведе во прашање и одвивањето на натпреварот. Можеби најисправна одлука ќе беше натпреварот да биде прекинат и да се одигра пред празни трибини. Но тогаш повторно губитници ќе беа вистинските спортски навивачи и љубители на спортот и тогаш штетниците ќе ја постигнеа максимално својата цел иако и вака ја постигнаа.
Нашата екипа како што кажа тренерот беше сосема различна екипа пред и после прекинот.
Со тоа воопшто не сакаме да ја негираме или да ја намалиме вредноста на победата на РК Вардар 1961, напротив, сакаме само да потенцираме дека натпреварот можеби ќе имаше друг тек, ќе беше уште поквалитетен и ќе беше вистински празник на ракометот во буквална смисла. Вака негативците ставија голема дамка на ракометниот празник и настан. Таа негативна и црна слика за брзо се прошири и надвор од нашите граници. Тоа не го заслужува нашиот спорт, тоа не го заслужува македонскиот ракомет. Уште еднаш напоменуваме ова наше известување се однесува само за однесувањето и дивеењето на поединци кои можеби и не се дел од навивачките групи „Чкембари“ и „Комити“ и кои според нас и не припаѓаат таму.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ
Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.
Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.
Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Арсенал кај Брентфорд остави два бода
Последниот натпревар од 26-то коло од Премиер лигата на стадионот „Брентфорд Комунити“, меѓу домашниот тим и лидерот Арсенал заврши со 1:1 (0:0).
Арсенал, во Брентфорд имаше расположен ривал, кој потврди дека е во врвна форма.
Првото полувреме помина во тактичко надмудрување од страна на двајца менаџери, Кит Ендрус (Брентфорд) и Микел Артета (Арсенал). Без многу возбудувања пред двата гола.
Брентфорд ја имаше единствената вистинска шанса. Матијас Јенсен центрираше, а, Игор Тиаго со глава упати удар со глава, но голманот на „Топџиите“, Давид Раја, реагираше брилијантно и спречи водство на „пчелите“.
Лидерот во Премиер лигата не упати ниту еден удар во голот на Брентфорд во првото полувреме, а успеа да ја материјализира првата вистинска шанса во 61-та минута:
Пјеро Инкапие совршено центрираше од левата страна, а Нони Мадуеке скокна уште подобро и го совлада Ирецот Келехер.
Тој гол не ги обесхрабри домашните фудбалери. Напротив, тие тргнаа уште порешително кон голот на Арсенал и создадоа неколку опасни ситуации преку Кин Луис Потер и Игор Тијаго. Изедначија десет минути подцна.
По еден удар од далечина, Ван ден Берг ја упати топката со глава, а Луис Потер на ист начин го доби дуелот со Мартин Едегор и ја смести топката зад грбот на Раја.
Домашните фудбалери имаа одлична можност за целосен пресврт во 87-та минута. Игор Тијаго првично го надигра Москера, но кога требаше да шутира, младиот Шпанец се искупи со фантастична интервенција и ја елиминираше опасноста.
Бразилецот имаше уште една шанса во 90+2 минута, а потоа неговиот сонародник Габриел Мартинели на спротивната страна од теренот не успеа да му донесе победа на Арсенал.
Беше сам пред Келехер, но не постигна гол.
„Топџиите“, се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.
Спорт
(Видео) Атлетико за полувреме ја прегази Барселона
Со историско прво полувреме, Атлетико Мадрид ја декласира Барселона со 4:0, во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот.
Сè започна со „мртвата шанса“ на Симеоне во третата минута, кога Џоан Гарсија излезе како победник. Три минути подцна Ерик Гарсија со автогол го најави потопот на Барселона. Антоан Гризман, по една течна акција го зголеми резултатот во 14-тата минута.
Хулијан Алварез, потоа ја презеде палката од Гризман, му асистираше на новодојдениот Адемола Лукман во 33-та минута.
Аргентинецот стави крај на совршениот период на Атлетико Мадрид во втората минута од судиското продолжение. Нигериецот овој пат му возврати со аситенција.
Алварез го прекина постот, ова беше негов прв гол од 9 декември минатата година.
Во првиот дел Атлетико имаше уште три големи шанси, но не успеаја да реализираат Гризман, Алварез и Лукман.
Единствените две шанси за Барселона ги промаши Фермин Лопез, во првото полувреме. Погоди пречка на 3:0, а имаше и „еден на еден“ ситуација со Мусо при истиот резултат.
В вториот дел, Атлетико трпеливо ги чекаше шансите, а Барселона залудно се обидуваше да создаде шанса за гол. Каталонците постигнаа гол во 53-та минута, кој по седум минути ВАР го поништи.
Барселона мечот го заврши со играч помалку, во 84-та минута Ерик Гарсија доби црвен карто. Дефанзивецот како последен човек во одбраната го фаулираше Баена.
Foto/ EPA

