Спорт
РК Вардар со Анте Гаџа, а без Ристовски, против Елверум
Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го игра последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. Во „Јане Сандански“ ќе гостува Елверум, а тренерот Давид Дејвис има една главоболка помалку во составот. Се враќа хрватскиот среден бек Анте Гаџа, но ќе го нема искусниот голман Борко Ристовски.
Голманската позиција ќе ја покријат Мартин Томовски и младиот Васил Гогов.
Вардарци не се оптоварени со исходот од мечот, но секако сакаат да забележат победа. Од претходно е јасно дека завршуваат на петтото место на табелата во групата и следен противник во наокаут фазата ќе им биде Веспрем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Два автогола, Миовски промаши пенал, Џирона загуби од Феенорд
Фудбалерите на Феенорд и Аталанта ги забележаа првите победи во новиот формат, во Лигата на шампионите. Феенорд победи во Џирона со 3:2, а Аталанта го совлада Шахтјор со 3:0.
Неверојатен меч на „Монтоливи“ во Џирона одиграа домашниот тим и вицепрвакот на Холандија, Феенорд.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски дебитираше во Лигата на шампионите, го започна натпреварот во стартниот состав, можеше да биде херој, на крајот испадна трагичар.
Откако во самиот финиш на натпреварот испушти победа против Пари Сен Жермен (автогол на голманот Газанига), Џирона на најдобар можен начин го започна натпреварот против Феенорд. Давид Лопез во 19. минута ја затресе противничката мрежа и им донесе водство на Шпанците.
Сепак, Каталонците после тоа целосно потонаа. Најпрвин Јангел Ерера си постигна автогол во 23. минута, а потоа Антони Миламбо постигна гол за целосен пресврт на Холанѓаните. Ајасе Уеда можеше да го постигне третиот гол за тимот од Ротердам, но неговиот пенал го одбрани Пауло Газанига.
Вториот дел од играта го одбележа многу подобрата игра на домаќините. Џирона постојано создаваше прилики, а најдобрата ја имаше Бојан Миовски. Напаѓачот избори пенал, ја презеде одговорностај во 67. минута но Тимон Веленројтер одбрани.
🚨🚨| Wellenreuther saves Bojan Miovski 's penalty
Girona 1-2 Feyenoordpic.twitter.com/DLnW5k1Iwu
— Sports PARODY Freak (@parody_freak) October 2, 2024
Домашните не паднаа по пропуштената прилика, туку само шест минути подоцна израмнија. Стрелец овој пат беше Дони ван де Бик.
Сепак Џирона не успеа да избегне пораз, дефанзивецот Ладислав Крејчи си постигна автогол.
Клубот од „Монтилви“ се обидуваше да стигне до израмнување до крајот на натпреварот, но Феенорд одолеа на сите напади и го забележа првиот триумф во новиот формат на Лигата на шампионите.
Во Гелзенкирхен, каде Шахтјор е домаќин, актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта лесно славеше со 3:0.
Џимшити го постигна првиот гол во 21.минута, а во претпоследната минута од првиот дел Лукман зголеми на 2:0. Точка на натпреварот стави Беланова во 48.минута.
Спорт
„Продажбата на билети се зголеми откако Макс престана да победува“
Продажбата на билетите за трката во Формула 1 во Остин се зголеми откако Макс Ферстапен престана да победува, изјави промоторот на трката Боби Епштајн.
Актуелниот шампион на многу доминантен начин ја започна новата сезона, победи на четири од првите пет трки и се чинеше дека нема да има неизвесност кој ќе биде светски шампион и оваа сезона.
Сепак, во последните осум трки, возачот на Ред Бул нема забележано ниту една победа и сега Ландо Норис, на шест трки до крајот на сезоната има само 52 поени помалку, а Мекларен ја презеде лидерската позиција од Ред Бул кај конструкторите.
„Продажбата на билетите навистина се зголеми откако Макс престана да победува и сезоната стана поинтересна“, рече Епштајн, промотер на Американското ГП во средината на октомври (19-20).
Како што изјави, сите во организацијата се плашеле дека овогодинешната трка во Остин може да биде најмалку посетена од пандемијата на корона вирусот, но работите се сменија.
Миленикот на публиката во Тексас, Даниел Рикиардо нема да биде на патеката, откако доби отказ во РБ тимот, но Епштајн вели дека се надева дека Абстралиецот сепак ќе може да дојде на трката.
Спорт
Шчесни и официјално стана играч на Барселона
Полјакот Војчех Шчесни и официјално е претставен како нов голман на Барселона. Шчесни потпиша договор до крајот на актуелната сезона.
Поранешниот член на Јувентус летово објави крај на кариерата по Европското првенство во Германија, каде неговата селекција освои бод во групата Д.
Шчесни беше повикан како итна замена за Германецот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе ја пропушти сезоната поради повреда.
34-годишниот голман бранел на повеќе од 500 натпревари. Бранеше во Арсенал, во Брентфорд како позајмен игра, а потоа замина во Италија, каде го носеше дресот на Рома и Јувентус.
Со Арсенал го освои ФА Купот во 2014 и 2015 година, како и Комјунити Шилд во 2014 година. Во Јувентус меѓу стативите го замени легендарниот Џанлуиџи Буфон, а освои три последователни „скудета“ од 2018 до 2020 година, исто толку Купови и Суперкуп.
195 сантиметри високиот голман одигра 84 натпревари за националниот тим, а учествуваше на две светски првенства и четири првенства на Стариот континент.
Szczęsny has a message for you, culer! 🫵 pic.twitter.com/q3SAjOGY5q
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 2, 2024