Спорт
Робин Ван Перси ја заврши фудбалската кариера! (видео)
Холандскиот фудбалер, Робин Ван Перси денеска го одигра својот последен натпревар во кариерата, во дресот на Феенорд. Навивачите го испратија како што им доликува на легендарни фудбалери.
При неговото излегување од теренот, во последните моменти од средбата, Ван Перси доби овации од гледалиштето.

Фудбалерот токму во Феенорд помина пет сезони, па во 2004 година премина во редовите на лондонски Арсенал. Таму имаше ѕвездени моменти. За „топчиите“ одигра 278 натпревари со 123 постигнати гола.
Потоа кариерата ја продолжи во Манчестер Јунајтед, па со „ѓаволите“ стигна до титулата во Премиерлигата. На „Олд Трафорд“ играше три сезони, по што кариерата ја продолжи во Турција, во тимот на Фенербахче.
Во 2017 година се врати во татковината, во Феенорд.
De laatste twee jaar weer mogen genieten van @Persie_Official in @DeKuip! Vandaag kwam deze grootse voetballer helaas voor het laatst in actie! 3️⃣2️⃣ #RVPLegend #Feyenoord ?⚪️⚫️ pic.twitter.com/L8ftdM8oYS
— Gerry Dekker (@gerrydekker) May 12, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Се повреди Педри, ќе отсуствува неколку недели
По поразот од Реал Мадрид, пристигнаа нови лоши вести за Барселона, повреда на мускулот заработил најдобриот играч, Педри.
Каталонските медиуми денес потврдија дека Педри ќе биде отсутен од тимот неколку недели.
Инаку, Педри доби црвен картон во судиското продолжение во Ел Класико, па дефинитивно ќе го припуштеше дуелот со Елче, но поради повредата нема да игра и против Клуб Бриж и Селта на гости, а по репрезентативната пауза, домашниот меч со Атлетик Билбао и гостувањето кај Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Се очекува главната цел на Педри да биде враќање за дербито со Атлетико Мадрид, кој гостува кај Барселона на 2 декември.
Ова дефинитивно е најлошата можна вест во најлошото можно време, бидејќи Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави и Џоан извесно време се отсутни поради повреди.
Во отсуство на Педри и Гави, се очекува Марк Касадо да го заземе стартното место покрај Френки де Јонг.
Спорт
Сон доаѓа во Барселона
Хјеонг Мин Сон, играч на Лос Анџелес, наскоро би можел да пристигне на позајмица во Барселона.
Славниот Кореец, легендата на Тотенхем, ќе ја користи познатата клаузула воведена од Дејвид Бекам.
Тоа правило им овозможува на ѕвездите од МЛС да се преселат во друг клуб за време на паузата во лигата без да им биде раскинат договорот.
На овој начин, фудбалерите можат да ја одржат формата. Бекам беше на позајмица во Милан додека играше за Лос Анџелес.
Спорт
Барселона ќе игра во Перу во декември
Барселона ги финализира плановите за пријателски натпревар во Перу во декември за да ја надомести финансиската загуба поради откажувањето на натпреварот во Мајами против Виљареал.
„Барселона се надева дека ќе заработи седум до осум милиони евра од потенцијален пријателски натпревар во Перу, што би било значајно за клубот бидејќи се бори да ги стабилизира приходите“, пишува „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот клуб имаше намера да игра натпревар од лигата против Виљареал на 20 декември на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, доби дозвола од лигата, но плановите беа откажани по бројните критики од клубовите, играчите и навивачите и самиот организатор.
Како што објавија медиумите, претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, им се обратил на играчите, тренерот Ханси Флик и спортскиот директор Деко во тренинг центарот и ја потврдил подготвеноста на клубот да ја прифати понудата од Перу.
За време на состанокот, тој ја нагласил финансиската важност на натпреварот, особено имајќи го предвид намалувањето на комерцијалните приходи оваа сезона.
Пријателскиот натпревар би се одржал по последниот натпревар на Барселона во годината во шпанската лига, а пред почетокот на божиќната пауза. Клубот се консултира со Шпанската асоцијација на фудбалери за да се осигури дека датумот се совпаѓа со колективниот договор на играчите во врска со официјалниот почеток на празничниот период.
Јужноамериканскиот пазар, особено Перу, претставува голема комерцијална можност за глобалната стратегија на брендот и напорите на Лапорта да ги зајакне врските низ цела Латинска Америка. Барселона одби пет милиони евра за да одигра пријателски натпревар во Либија на почетокот на октомври од безбедносни причини.

