Спорт
Роџерс: Ќе го спасев Лестер од испаѓање

Поранешниот менаџер на Лестер, Брендан Роџерс, верува дека тимот немаше да испадне доколку тој останеше на менаџерската позиција. Роџерс доби отказ во неделата, откако „лисиците“ забележаа шест порази и едно реми во последните седум натпревари во сите натпреварувања.
„Очигледно е дека сум разочаран што заминувам толку блиску до крајот на сезоната и бев убеден дека ќе ги остварам потребните резултати за тимот да опстане во Премиерлигата.
На сите во клубот им посакувам многу среќа во постигнувањето на таа цел“, изјави Роџерс.
„Сега ќе ги наполнам батериите и сакам добро да се подготвам за следната можност. Сакам да му се заблагодарам на претседателот на Лестер и на управата на клубот што ми дадоа можност да го водам тимот и да испишувам историја со овој голем клуб во последните четири години“, дополни тој.
Вечерва Лестер ја пречекува Астон Вила во новото коло од Премиерлигата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шефот на Мекларен: Ферстапен е во право

Андреа Стела, шефот на Мекларен во Ф1, рече дека Макс Ферстапен бил во право кога зборувал за „папаја“ тимот.
Оваа сезона, како што сите очекуваа, Мекларен е најдоминантниот тим со 11 победи во 14 одржани трки и тие имаат значителна предност и во битката за титулата кај возачите и конструкторите.
Со десет трки што остануваат до крајот на сезоната, Мекларен се чини дека има сè во свои раце за двојна круна, а Ферстапен неодамна тврдеше дека „папаја тимот“ има голема предност во кривините.
„Тоа е едноставно лесен одговор кога ќе ги погледнете податоците. Само споредете ги брзините на кривините (ниски и средни брзини) и ќе видите колку е брз Мекларен. Значи, Макс Ферстапен е во право“, рече Андреа Стела.
И покрај нивната доминантна позиција, шефот на Мекларен вели дека до успехот нема да дојдат по пократок пат.
„Сè уште имаме слаби точки. Да ги погледнеме кривините каде што влегувате со голема брзина, како Копс во Силверстоун или Пуон во Спа. Не сме најбрзи. Сепак, ги знаеме кривините каде што се освојуваат титули и таму сме најбрзи“, рече Стела.
Спорт
Манчестер јунајтед го отпиша Хојлунд

Манчестер јунајтед го отпиша Расмус Хојлунд (22), данскиот напаѓач кого го донесе од Аталанта пред две години за речиси 80 милиони евра.
Данецот не беше во составот за вчерашниот натпревар против Арсенал во Премиер лигата. На овој начин менаџерот Рубен Аморим и клубот му испратија јасна порака дека за него нема место на „Олд Трафорд“.
Јунајтед е отворен и за перманентен трансфер и за позајмица, а Хојлунд ќе ги разгледа достапните опции, известува Лори Витвел. На 95 настапи, тој постигна 26 гола за Јунајтед.
Најголем интерес за Хојлунд покажува Милан, а според некои медиуми не се исклучува можноста тој да се врати во Аталанта.
Спорт
(Видео) Дебакл на Сантос, Нејмар со плачење го напушти теренот

Синоќа, Сантос претрпе тежок пораз од Васко де Гама со 0:6 на домашен терен, 20-то коло од елитниот ранг на бразилското првенство. Резултатот влезе во историјата како највисока победа на Васко над Сантос и најголема гол-разлика во речиси сто години од натпреварите на овие клубови.
Гостите од Рио де Жанеиро поведоа во 18-та минута со голот на Лукас Питон. Домашната одбрана потоа се распадна: Давид постигна гол во 52-та, Филипе Кутињо во 54-та и 61-та, Рајан постигна гол од пенал во 59-та, а Тче Тче ги постави конечните 0:6 во 67-та минута.
Победата го извлече Васко од зоната за испаѓање, а Сантос остана два бода над нив. Нејмар, најголемата ѕвезда на Сантос на теренот не можеше да ги скрие солзите.
По натпреврот, Сантос го отпушти тренерот Клебер Ксавиер,
Васко му го расипа посебниот ден на Нејмар. Имено, ова беше 250-ти натпревар на 33-годишната ѕвезда за Сантос, клубот каде што ја започна својата кариера. Нејмар постигна три гола на 11 лигашки настапи оваа сезона.
Фото/ Принтскрин