Спорт
Родри ќе добие нов договор, ќе има поголема плата од Де Брујне
Раководството на Манчестер сити планира да му понуди ново договор на шпанскиот репрезентативец Родри, пренесува британски „Мирор“.
Родри (28) е член на Манчестер сити од 2019 година, кога пристигна од Атлетико Мадрид за 70 милиони евра. За „граѓаните“ досега има одиграно 257 натпревари, постигнал 26 голови. Со клубот има освоено 11 трофеи.
Шпанскиот фудбалер има договор до 30 јуни 2027 година.
Британските медиуми тврдат дека клубот е подготвен да го направи Родри најплатениот играч во тимот. Манчестер сити подготвил нов договор според кој шпанскиот фудбалер ќе заработува 375.000 фунти неделно.
Родри годинава со репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија. Прогласен е за најдобар фудбалер на Европското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Родриго падна во црна дупка, 30 натпревари не постигнал гол
Родриго успеа да го израмни негативниот рекорд на Реал Мадрид.
Бразилецот врза 30 натпревари во дресот на Реал во кој не постигна гол, што е најлошата серија, на напаѓач во историјата на „кралскиот клуб“.
Со доаѓањето на Чаби Алонсо, Родриго целосно падна во втор план, откако беше незаменлив под водство на Карло Анчелоти. Ова лето, дури се шпекулираше дека Флорентино Перез го проценува на 100.000.000 евра и дека е подготвен да го продаде.
Беа споменати бројни клубови како – Ливерпул, Баерн Минхен, Арсенал и Челзи, но на крајот никој не беше подготвен да плати таква сума.
И очигледно, беа во право. Родриго е сигурна и, како што велат, „лоша“ резерва, бидејќи веќе со недели и месеци не придонесува во играта.
Тој го постигна својот последен гол за Реал на 4 март против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, додека во Ла Лига последен пат постигна гол на 19 јануари против Лас Палмас.
Спорт
Матјаж Кек повеќе не е селектор на Словенија
Матијаж Кек повеќе не е селектор на фудбалска репрезентација на Словенија. По седум години соработка, 64-годишниот стручњак и Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС) одлучија да тргнат по различни патишта, потврди НЗС во официјално соопштение.
Договорот на Кек истече на 30 ноември, а по разговор со претседателот на НЗС, беше заклучено дека соработката нема да продолжи, пишува Siol.net.
„На 30 ноември истече договорот на селекторот на сениорската репрезентација, Матјаж Кек. Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија и селекторот Матјаж Кек се сретнаа и по разговорот заклучија дека по седум години многу добра и коректна соработка, која донесе и исклучителен успех со пласманот на Европското првенство и осминафиналето, соработката да не продолжи“, се вели во соопштението за јавноста на НЗС.
Со ова, официјално започна потрагата по нов тренер, а медиумите веќе го поврзуваат Кеко со враќање во Хрватска, каде, наводно, Звонимир Бобан сака да го види на клупата на Динамо Загреб.
НЗС се заблагодари на Кек за сè што постигна. Достигнувањата, како што наведуваат, засекогаш ќе останат запишани во историјата на словенечкиот фудбал.
Кек остави длабока трага во словенечкиот фудбал, водејќи ја репрезентацијата во два наврати, вкупно повеќе од една деценија. Во својот прв мандат (2007 – 2011), тој ја предводеше Словенија до Светското првенство во 2010 година, каде што победија против Алжир.
Вториот, уште подолг мандат започна на крајот од 2018 година и беше крунисан со пласман за ЕП 2024, каде што Словенија стигна до осминафиналето и беше елиминирана од Португалија по изведување на пенали.
Раководството на НЗС, предводено од претседателот Раденко Мијатовиќ и директорот на репрезентацијата Миленко Ачимовиќ, сега има задача да го пронајде наследникот на Кек. Здружението вели дека нема да брза со одлуката, бидејќи следниот собир на репрезентацијата е дури во март 2026 година.
Спорт
Почина Никола Пјетранѓели, легенда на италијанскиот тенис
Никола Пјетранџели, поранешен италијански тенисер, почина на 93-годишна возраст.
Двоен шампион во сингл на Ролан Гарос (1959, 1960), тој беше првиот Италијанец што освоил Гренд слем титула, а во текот на својата кариера крена 48 трофеи.
Беше селектор на тимот на Италија во Дејвис купот што ја освои „Салатара“ во 1976 година, по што ќе поминат речиси четири децении пред „Азурите“ со Јаник Синер да го повторат тој успех.
Тој е рекордер на тоа натпреварување со дури 164 натпревари, како и победи во сингл (78) и двојки (42). Неодамна изјави дека на неговиот наследник Синер ќе му бидат потребни неколку животи за да го сруши неговиот рекорд за најмногу настапи во Дејвис купот.
„На Синер ќе му требаат три или четири животи за да ги сруши сите мои рекорди. Особено затоа што имам еден што е ненадминат – 164 натпревари во Дејвис купот. Сакам да кажам дека тој е на вистинскиот пат, има само 23 години. Секако, со исклучок на бројот на одиграни натпревари. Тој не може да го достигне тоа“, рече Пјетранџели.
Тој е единствениот Италијанец кој беше вклучен во Куќата на славните на тенисот во 1986 година.
Од 2006 година, стадионот во комплексот Форо Италико го носи неговото име.

