Спорт
Родри најдобар на полусезоната, Сон е пред Халанд и Салах
Oпта спортс, компанија за спортска аналитика од Велика Британија, го објави „Најдобриот тим во Премиер лигата“ на половина од сезоната врз основа на просечните оценки.
Најдобро оценет фудбалер по првиот дел од сезоната е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Родри со вкупно 87,2 поени. Следен е Сон Хеунг-Мин од Тотенхем, а трет е Бернардо Силва, исто така член на „Граѓаните“ од Манчестер.
Идеалниот тим на полусезоната, според оценките, во системот 4-5-1 изгледа вака.
Алисон (Ливерпул) собра 76,7 поени
Кајл Вокер (Манчестер сити) 79,5
Вирџил ван Дајк (Ливерпул) 75,9
Марк Гај (Кристал Палас) 74,9
Олександр Зинченко (Арсенал) 80,5
Родри (Манчестер сити) 87,2
Деклан Рајс (Арсенал) 80,9
Џерод Бовен (Вест Хем) 78,6
Мартин Едегор (Арсенал) 79,7
Бернардо Силва (Манчестер сити) 81,6
Сон Хеунг-Мин (Тотенхем) 84,2
Треба да се нагласи дека овој тим е составен врз основа на статистика, бидејќи голем број навивачи зачудено реагираа што некои други играчи не најдоа место во овој тим.
Пред се, Ерлинг Холанд (Манчестер сити) и Мо Салах (Ливерпул), но подобри оценки од двајцата на полусезоната има напаѓачот на Тотенхем, Сон Хеунг-Мин.
𝐏𝐫𝐞𝐦𝐢𝐞𝐫 𝐋𝐞𝐚𝐠𝐮𝐞 𝐓𝐞𝐚𝐦 𝐨𝐟 𝐭𝐡𝐞 𝐒𝐞𝐚𝐬𝐨𝐧: Halfway XI 👥
As we reach the halfway point of the 2023-24 Premier League season, we can reveal the team of the season so far thanks to the Opta Player Ratings.
Click below to read more. ⬇️
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) December 29, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Димитиревски договорил четиригодишна соработка со Валенсија
Репрезетативецот на Македонија Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на Рајо Ваљекано. Бројни шапнски медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал четири годишен договор.
Столе Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ ќе замине како голман со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.
Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен Македонецот по 192. пат ќе застане на голот на Рајо Ваљекано.
Трансферот на Димитриевски значи дека Валенсија ќе ја напушти Грузиецот, Гиорги Мамрдашвили. Од неговиот трансфер Валенсија треба да заработи 30 или повеќе милиони евра.
Спорт
Тиквеш и Воска најавуваат голема борба за трофејот во Купот
Извор/ ffm.mk
Тиквеш и Воска Спорт утре од 19:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат во 31. финале од Купот на Македонија.
На денешната прес-конференција, тренерите и капитените на двата тима ги споделија своите очекувања во пресрет на утрешното финале.
„Кога сме веќе во финалето, секако дека сме тука и да го освоиме. Нема да бидеме скромни, сакаме да го освоиме пехарот. Верувам дека моите фудбалери ќе бидат максимално мотивирани и дека ќе ја заокружиме оваа сезона на најдобар можен начин. Победникот може да го реши еден момент, грешка или инспирација на одреден фудбалер“, изјави тренерот на Тиквеш, Ѓорѓи Мојсов.
„За разлика од Тиквеш ние сме млад клуб кој постои неколку години, ова е прва година во Прва лига за Воска и веднаш стигнуваме до историско финале што е голем успех. Првенството го завршивме на посакувано место, па сега одиме да се надигруваме против Тиквеш во Купот на Македонија. Тие се хит во пролетниот дел од сезоната и сакам да им честитам за четвртото место на табелата кое е одлично остварување за Тиквеш. Играат добро, но сепак и ние сме во добра форма, долго време сме без пораз и дојдовме во Скопје да се надигруваме и да го освоиме Купот на Македонија. Еднаш бев учесник во финале како тренер на Металург и загубивме од Работнички. Се надевам дека сега со Воска Спорт ќе бидеме поуспешни и дека ќе ги оствариме нашите цели“, рече тренерот на Воска Срѓан Захариевски
Спорт
Бензема по секоја цена сака да замине од Саудиска Арабија
Карим Бензема како актуелен освојувач на Златната топка, на почетокот на јуни минатата година реши да го напушти Реал Мадрид и да замине во Саудиска Арабија. Потпишал договор до јуни 2025 година, за како што тогаш објави трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, плата од 200 милиони евра по сезона. Во платата се вклучени и бројни комерцијални придобивки.
Шпанските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до фудбалерот, тврдат дека тој по само една сезона сака да се врати во Европа. Наводно му недостига фудбалот на повисоко ниво, а му пречи ниското ниво на професионализам и тоа што постојано е критикуван од навивачите.
Според овие извори, нема да му биде лесно да си замине. Според договороте, тој може да го смени клубот, но не и да ја напушти лигата. Саудискиот инвестициски фонд, кој стои зад напливот на скапи фудбалски ѕвезди, не сака да му го дозволи тоа бидејќи ќе го наруши угледот на лигата.
Бензема одигра 29 натпревари за Ал Итихад, постигна 13 гола и забележа осум асистенции.