Спорт
Родри знае кој е најдобриот фудбалер на сите времиња

Шпанецот Родри стана првиот играч од редот за врска по Лука Модриќ во 2018 година кој ја освоил Златната топка.
Ѕвездата на Манчестер сити стигна до својата четврта титула во Премиер лигата оваа сезона, а беше и клучен играч на шпанската репрезентација на патот до титулата европски првак во Германија.
Во интервју за „Ел Хормигуео“, Родри одговори кој за него е најдобриот играч на сите времиња:
„Нема сомнеж. За мене Лео Меси е најдобар на сите времиња. Кога ќе ја прими топката, веднаш знаете дека опасноста е неизбежна. Кога би се соочил со него, би се обидел да му ја одземам топката, но тој би побегнал како да ме нема“.
Меси игра за Интер Мајами од јуни 2023 година. Сезонава на 22 натпревари има 21 гол и 11 асистенции. Во кариерата играше и за Барселона и ПСЖ и освои се што можеше да се освои на клупски и репрезентативен план. Осум пати ја освојуваше Златната топка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Кевин Пантер трагичар, Монако оди на завршниот турнир

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 85:84, ја доби серијата со 3:2 и се пласираа на завршниот турнир од Евролигата.
Брилијантен натпревар одиграа Монако и Барселона во „Гастон де Медесин“. Благодарение на Мајк Џејмс и Јоргос Папајанис, Монако пласира на Ф4, додека Барселона ќе жали за промашениот шут на Кевин Пантер во последните моменти од натпреварот.
Мајк Џејмс постигна 20 поени, имаше и еден скок со 5 асистенции, додека Јоргос Папајанис имаше 17 поени и 5 скока. Грчкиот центар беше „Икс фактор“, целосно изненадување за Барселона бидејќи поради повреда ги пропушти првите четири натпревари во оваа серија.
Друштво им правеше Алфа Дијало со 11 поени (сите во првото полувреме), а 11 постигна Метју Стразел, кој додаде 2 скока и 4 асистенции.
Во редовите на Барселона видовме 19 поени од Кевин Пантер кој имаше и 6 скока и 4 асистенции, додека Џастин Андерсон имаше 16 поени, 2 скока и 4 асистенции, Вили Ернангомез исто така имаше 16, а Јусуф Фал имаше 10 поени и 10 скока.
Монако на завршниот турнир, во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе игра против Олимпијакос.
KEVIN PUNTER WITH THE CLUTCH THREE FOR THE FINAL FOUR… 🔥 pic.twitter.com/jyXclvAq2Q
— Euroleague Centel (@EuroleagueCT) May 6, 2025
Спорт
Рекордна заработка: Интер ги трие рацете пред реваншот со Барса

„Лудило“ се очекува на трибините на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите во Милано помеѓу Интер и Барселона, а италијанскиот клуб веќе ги трие рацете кога е во прашање заработката од продажба на билети.
Фудбалерите на двата тима ја кренаа атмосферата до точка на вриење со спектакуларен резултат во првиот натпревар (3:3), а навивачите на „нероаѕурите“ најавија незаборавна кореографија.
Беа побарани повеќе билети, а стадионот „Ѓузепе Меача“ беше распродаден одамна (максималниот капацитет е 80.018 седишта).
Нема сомнение дека двата клуба сонуваат и сакаат да стигнат до финалето, а италијанските медиуми објавуваат дека Интер веќе може да биде задоволен кога станува збор за заработката. Само од продажба на билети, црно-сините ќе инкасираат 14 милиони евра, што е рекорден приход во италијанскиот фудбал.
Секако, заработката ќе биде уште поголема кога ќе се додадат приходите од рекламирање, ТВ права и сè друго. Дури и да стигнат до финалето.
Реваншот започнува во 21:00 часот.
Спорт
Договорен првиот блокбастер трансфер

Флоријан Форц, доживеа метеорски успех во изминатите две сезони. Го привлече вниманието на најдобрите европски клубови, а според медиумите во Германија донел одлука околу идниот клуб.
Реал Мадрид и Манчестер сити важеа за најголеми фаворити во трката за потписот на Вирц. Спеак талентираниот играч за врска решил да не ја напушта Германија.
Дел од германските медиуми тврдат дека Вирц му кажал на тренерот Чаби Алонсо дека кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен. Со ова Баерн уште еднаш покажа дека е голем клуб со огромно влијание.
Во Минхен за услугите на Вирц подготвиле пакет „тежок“ 250 милиони евра. Вирц ќе добие петгодишен договор, вреден 20 милиони евра по сезона, а Баер Леверкузен од обесштетувањето ќе заработи 150 милиони евра.