Спорт
Родригез трансфер-цел на Јувентус
Хамес Родригез бил означен како потенцијално засилување за Јувентус во почетниот преоден рок. Колумбиецот е играч на Реал Мадрид, кој е позајмен во Баерн Минхен.
Германскиот великан има опција да го откупи договорот на Родригез од Реал за 42 милиона евра. Доколку од Баерн не ја активираат клаузулата, тогаш тој по завршувањето на сезоната, ќе мора да се врати во Мадрид, а Јувентус ќе може да ги почне преговорите.
Родрогез, за разлика од минатата сезона, во тековната не е стандарден во тимот на Баерн. Неговиот статус се смени кога на тренерската позиција стапи Нико Ковач, што значи дека голема е веројатноста Баерн да се откаже од можноста да го откупи овој играч од Реал.
На трансферот во Јувентус наводно инсистирал и менаџерот на фудбалерот, Жорж Мендеш, со кого клупските челници имаат добра соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.