Спорт
Ролан Гарос со „зелено светло“ за Русите и Белорусите?

Ролан Гарос нема да го следи примерот на Вимблдон и ќе дозволи настап на руските и белоруските тенисери и тенисерки на гренд слем турнирот во Париз, реагирајќи на острите осуди кон британската тениска асоцијација.
Ол Ингланд клубот неодамна потврдија дека руските и белоруските тениски ѕвезди нема да играат на Вимблдон по советот на британските власти да не се дава „простор“ на руската пропаганда на претседателот Владимир Путин.
Професионалните федерации ВТА и АТП се спротиставија на оваа одлука најавувајќи „одговор“ на оваа одлука, но сега познатиот тениски новинар Луиџи Гато вели дека е донесена одлука Ролан Гарос да не го следи овој пример.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шекил, поради мафини, бил позитивен на кокаин на ОИ

Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил, коментирајќи ја суспензијата на Боби Портис од Милвоки Бакс, поради прекршување на програмата за борба против дрогата, се присети на инцидентот што тој го имал Олимпијадата во 1996 година.
Играчот на Бакс беше суспендиран на 25 натпревари поради, како што изјави неговиот менаџер, бизарен превид, поточно консумирање лек против болки со слично кој е дозволен за употреба.
„Ни беше кажано да не јадеме ништо пред тестирањето и бевме принудени да стоиме во редот три до четири часа. Видов мафини со афион и ги изедов. Потоа еден член на тимот влезе во собата и ми рече: „Друже, разочаран сум“, се сеќава О’Нил и продолжи:
„Мојот тест беше позитивен на кокаин. Мислев: „Чекај, чекај, чекај.“ Мајка ми ќе ме убие. „Никогаш не сум направил вакво нешто“.
Легендарниот центар бил шокиран, како и сите во репрезентацијата на САД.
„Потоа беше направено дополнително тестирање и беше откриено дека мафините од афион ги содржат истите деривати како кокаинот“.
Спорт
Тенисерка ја заврши кариерата на 24 години поради смртни закани

Дестани Ајава, австралиска тенисерка, на 24-годишна возраст реши да стави крај на кариерата.
Поради огромната количина на омраза, па дури и смртни закани, таа одлучи дека и е доста.
Одлуката ја донела откако загуби од Габриела Кнутсон со 6:4, 3:6, 7:5 во финалето на ИТФ турнирот во Прага. Вообичаено, оние кои се обложуваат на спортски резултати први пишуваат ужасни пораки, први пцујат, навредуваат и се закануваат.
„Донесов одлука да се повлечам поради пораките со омраза (мизогинија) и смртните закани што ги добивам по секој изгубен натпревар“, рече Ајава.
Во моментот кога го напушти тенисот, таа беше на 169. место во светот, а во текот на 2017 година стигна до 147. позиција.
Спорт
Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на Модриќ

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и покрај тоа што во септември ќе наполни 40 години, најави Никола Шира, италијански новинар и експерт за фудбалски трансфери.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, тој напиша дека Реал сака да го задржи својот капитен и следната сезона и дека ќе му понуди договор до летото 2026 година.
Исто така, се наведува дека Модриќ сака да ја продолжи својата кариера бидејќи сонува да игра со хрватската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.
Модриќ е во Реал од 2012 година. Тој е најтрофејниот играч на „кралскиот клуб“, шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати бил шампион на Шпанија.