Спорт
Рома го отпушти Де Роси

Даниеле Де Роси повеќе не е тренер на фудбалерите на Рома. На легендарниот фудбалер му пресудија лошите резултати во Серија А од почетокот на сезоната. По четири кола во Серија А, Рома освои само три бода и се наоѓа на 16. место на табелата.
Де Роси на клупата на Рома седна во јануари годинава, кога го наследи Жозе Мурињо и успеа да ја одведе Рома до шестото место. Во последните две кола ја испушти шансата да избори место во Лигата на шампионите, но остана поради напредокот на тимот.
Во краткото соопштение за медиумите, Рома истакна дека одлуката е донесена во интерес на тимот.
Де Роси е легенда на Рома, за клубот одигра 616 натпревари во периодот од 2002 до 2019 година.
Медиумите шпекулираат дека на местото на Де Роси ќе дојде поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли.
🚨🟡🔴 BREAKING: AS Roma have sacked the manager Daniele de Rossi.
After 3 points in 4 games, de Rossi has been fired by Roma owners Friedkin family. pic.twitter.com/c9J8CNLDPY
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 18, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Кралот на Рио“ конечно се пензионираше: Легендарниот Алдо ги закачи ракавиците со солзи

Еден од најголемите ММА борци на сите времиња, 39-годишниот Бразилец Хозе Алдо, го потврди своето пензионирање од спортот вторпат, и тоа го направи во исклучително емотивен момент пред својата домашна публика.
„Кралот на Рио“, како што беше официјално наречен, не можеше да избере подобро место за да се збогува со својата неверојатна кариера, и тоа го направи на настан на UFC во Рио де Жанеиро.
Во преполната Фармаси арена, поранешниот шампион доби шанса да се збогува на вистински начин, откако неговото последно враќање во кафезот не ги донесе посакуваните резултати.
The UFC just gave Jose Aldo one last walkout to lay down the gloves in Rio 🔥🥲pic.twitter.com/vCzVW7OhPU
— Happy Punch (@HappyPunch) October 11, 2025
Минатата година беше поразен од Марио Баутиста на УФЦ 307, а во мај оваа година, по проблемите со намалувањето на тежината за бантам категоријата, загуби од Ајеман Захаби на УФЦ 315.
Веднаш по почетокот на главниот дел од настанот на УФЦ Рио, Хозе Алдо, придружуван од неговото семејство, влезе во октагонот носејќи пар ракавици.
Борејќи се со солзите додека публиката гласно му аплаудираше на секој потег, тој симболично ги постави ракавиците на средина од кафезот, означувајќи го крајот на неговата славна кариера. Алдо го објави своето прво пензионирање од спортот уште во септември 2022 година, но тоа траеше малку помалку од една година.
Во својата кариера, тој имаше 42 борби, забележа 32 победи и 10 порази. Секако, најболната за него беше онаа од 2015 година, кога беше поразен од Конор Мекгрегор по само 13 секунди од борбата со класичен нокаут.
Спорт
Мала држава од Атлантикот е пред историски пласман на СП 2026, а билетите за најважниот меч се продаваат во пекарници

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови утре го игра својот клучен натпревар против Есватини, а победата ќе им донесе историски прв пласман на Светско првенство. Ова ќе биде првпат малата островска држава да се најде на најголемата фудбалска сцена.
Со два бода предност пред второпласираниот Камерун, Зеленортските Острови се на одлична позиција да обезбедат директен пласман. Дури и во случај на нерешен резултат, многу е веројатно дека ќе се квалификуваат преку рангирањето на најдобрите второпласирани.
Малата, но амбициозна држава е лоцирана на Атлантикот и е поранешна португалска колонија со независност стекната во 1975. Многу играчи од репрезентацијата играат во Португалија и Европа, но никогаш претходно не учествувале на Светско првенство.
Интересно е дека билетите се продаваат на пет физички локации – на стадионот, неколку пекарници и бензински пумпи, без онлајн продажба.
Спорт
Билети за мечот Македонија – Казахстан утре ќе можат да се купат и на билетарницата на Арената

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека освен преку сајтот eticket.ffm.mk специјализиран за електронски билети за мечевите на националниот тим, билети за утрешниот меч со Казахстан ќе може да се купат и на билетарницата на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Утре, на денот на натпреварот, од 10 до 17 часот ќе може да се купи билет за мечот Македонија – Казахстан и тоа по цена од 300, 400 и 500 денари, во зависност од седиштето кое ќе го одберете.