Спорт
Рома му нуди нов договор на Свилар

Миле Свилар (25) дефинитивно се наметна на голот на Рома. Тој е еден од најдобрите во тимот на Клаудио Раниери оваа сезона, па оттука и не изненадува планот на семејството Фредкин да му понуди нов договор.
Актуелниот договор на Свилар истекува во јуни 2027 година. Доколку го продолжи договорот ќе добие и покачување на плата. Спорд италијанските медиуми ќе заработува три милиони евра годишно.
Намерата на газдите на Рома е да ја завршат работата, бидејќи интерес за Свилар покажале Вест Хем и Манчестер сити.
Миле Свилар, син на прославениот југословенскиот голман Ратко е роден во Антверпен, има блегиско и спрско државјанство. Во Рим протистигна во 2022 година од Бенфика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финале на Лига Европа: Сламка на спасот за англиските „давеници“

Вечерва ќе се одигра првото од трите финалиња во натпреварувањата кои се во организација на УЕФА. Лига Европа ќе биде првата што ќе го даде победникот. Во фналето ќе играат Манчестер јунајтед и Тотенхем, најголемите разочарувања во Премиер лигата оваа сезона.
Чудна сезона е зад Манчестер јунајтед и Тотенхем, во Премиер лигата беа веднаш над зоната за испаѓање, додека на европската сцена се борат за трофеј.
Поради тоа влогот во ова финале е огромен. Победникот не само што ќе го освои трофејот, туку и ќе избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона.
Манчестер јунајтед е единствениот клуб без пораз во сите три европски натпреварувања, а во полуфиналето убедливо го победи Атлетик Билбао со вкупен резултат од 7:1 (3:0, 4:1). И Тотенхем стигна до финалето со две победи против норвешкиот Боде/Глимт од 5:1 (2:0, 3:1).
Манчестер јунајтед играше во финалето на Лига Европа двапати: во 2017 година победи против Ајакс (2:0), а во 2021 година загуби од Виљареал (1:1, пенали – 10:11).
„Ако ја освоиме Лига Европа луѓето ќе гледаат на нашиот тим на поинаков начин, бидејќи освојувањето на европски трофеј важна работа. Ништо нема да ја промени нашата сезона, сите го знаат тоа, но освојувањето на титулата на европско натпреварување ќе ни помогне да го стекнеме тоа чувство што ќе ни помогне да ја создадеме иднината“, рече менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим.
Португалецот за „Скај Спортс“ откри дека Лени Јоро, Диого Дало и Џошува Зиркзе ќе бидат во конкуренција за настап во финалето.
Тотенхем играл во финалето на Купот на УЕФА три пати во минатото, двапати победил (1972, 1984) и еднаш загубил (1974).
„Тотенхем играше финале во Лигата на шампионите, но трофеј не е освоен од 2008 година. Освојувањето на трофејот, тоа е она што најмногу значи сега“, заклучи тренерот Ангелос Постекоглу за кого вечерашното финале ќе биде 100. натпревар на клупата на Тотенхем.
Капитенот и лидер на тимот, Сон ќе биде подготвен за финалето, додека младиот Лукас Бергвал нема да игра поради повреда.
Финалниот натпревар ќе се одигра Билбао (Шпанија) на стадионот „Сан Мемес“ со почеток во 21 часот.
Спорт
(Видео) Жестока тепачка меѓу англиските навивачи пред финалето на Лига Европа

Финалето на Лига Европа, во кое Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе играат за титулата во 21 часот, доби жестока увертира.
Натпреварот се игра на стадионот „Сан Мамес“ во Билбао, а во Сан Себастијан, на еден час возење, дошло до тепачка меѓу навивачите.
Според англиските медиуми, ситуацијата на улицата ескалирала по меѓусебните навреди меѓу двете групи што се сретнале таму.
Очевидци наведуваат дека тепачката избувнала кратко пред 21:30 часот, а сè резултирало со хаос во кој биле фрчеле боксови и летале шишиња, столчиња и маси.
Неколку локални полициски патроли пристигнале на местото на настанот по пријавувањето за тепачка и брзо воспоставиле ред. Испратена биле и брза помош, чии вработени им пружиле помош на неколку лица на лице место.
Tottenham vs Manchester United in San Sebastian tonight! 💥🇪🇸 pic.twitter.com/wm6G2VVkCf
— 𝐂𝐚𝐬𝐮𝐚𝐥 𝐔𝐥𝐭𝐫𝐚 𝐎𝐟𝐟𝐢𝐜𝐢𝐚𝐥 (@thecasualultra) May 20, 2025
Спорт
Марко Верати го купува клубот каде што ја започна кариерата

Италијанскиот фудбалер Марко Верати сака да го купи клубот каде што ја започна импресивната кариера.
Во текот на кариерата, која се уште трае, Верати заработил значителна сума пари, пред сè благодарение на долгогодишното играње за Пари Сен Жермен. Дресот на „светците“ го носеше 11 сезони. Потоа се пресели во Ал-Араби, во 2023 година.
Според италијанските медиуми, тој одлучил дел од своето богатство да го инвестира во клубот каде што ја започнал кариерата.
Тие понатаму наведуваат дека Верати е блиску до купување на значаен удел во Пескара, клубот на кој му се приклучи во 2008 година.
Иако нема да има мнозински удел, се очекува да купи околу 40 проценти од акциите, за кои треба да издвои приближно 1,5 милиони евра.
Според информациите што ги објави „Ил Центро“, 32-годишниот играч од средниот ред веќе потпишал прелиминарен договор и сите формалности треба да бидат завршени во текот на следните неколку недели.
Во сезоната 2024/25, Пескара учествуваше во Серија Ц, заврши на четвртото место, а останува да се види дали клубот може да направи чекор кон повисок ранг со помош на Верати.