Спорт
Рома му покажа на Бодо кој е газда, Марсеј и Феенорд во полуфиналето на Конференциската лига

Италијанскиот калчолигаш Рома ја покажа својата сила на реваншот против Бодо совладувајќи го со 4:0 на „Олимпико“. Овој убедлив триумф го покри минималниот пораз на тимот на Жозе Мурињо од првиот четвртфинален дуел во Конференциската лига на УЕФА. Николо Заниоло беше херој на „волчицата“ откако постигна хет-трик, а серијата голови ја отвори Тами Абрахам.
Во полуфиналето се пласираа и Феенорд и Олимпик Марсеј, придружувајќи му се на Лестер. Олимпик Марсеј и вторпат го совлада ПАОК, овојпат со 0:1 на гости. Феенорд исто така оствари гостинска победа од 1:3 против Славија Прага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Иличиќ по четири месеци пауза поради „менталната криза“ во тимот на Аталанта

Аталанта го поставија Јосип Иличиќ во нивниот тим за последниот меч од сезоната против Емполи, четири месеци откако доби „пауза“ од тимот за да ги реши проблемите со менталното здравје.
34-годишниот словенечки репрезентативец веќе еднаш паузираше од фудбалот по пандемијата на КОВИД-19 во 2020, кога Бергамо беше посебн погодено, но се врати на терените и оваа сезона имаше 4 гола и 5 асистенции во 23 меча пред да му се врати депресијата во јануари 2022.
Тој последен пат играше неколку минути при 6:2 победата над Удинезе на 9 јануари, но постојано беше во тренинг-центарот на клубот, а неодамна повторно почна со тренинзи. Италијанските медиуми веруваат дека се работи за шанса за Иличиќ да се збогува со навивачите на Аталанта по пет сезони, бидејќи иако има договор до 2023, се очекува да замине на крајот на сезоната.
📋 I nostri convocati per l'ultima gara stagionale!
🦾 Here's our squad list for #AtalantaEmpoli!
Presented by @intesasanpaolo #SerieATIM #GoAtalantaGo ⚫️🔵 pic.twitter.com/gQOO4vAfB7
— Atalanta B.C. (@Atalanta_BC) May 20, 2022
Иличиќ за депресијата: Јас почувствував ударот од КОВИД-19 на своја кожа
Иличиќ ги надмина личните проблеми, утре се враќа на тренинзи
Таткото на Иличиќ бил убиен од сосед за време на војната во БиХ
Спорт
„Ултрасите“ на ПСЖ застанаа зад Идриса Геј

„Колектив ултрас Париз“ (ЦУП), најпознатата навивачка група на Пари Сен-Жермен, застана во одбрана на својот фудбалер Идрис Геј, кој минатата сабота одби да настапи со дрес со бројки во бои на виножитото во знак на поддршка на Денот за борба против хомофобијата.
Оваа одлука на сенегалскиот фудбалер предизвика бура реакции во Франција откога Француската фудбалска федерација (ФФФ) реши да го даде на дисциплинска постапка барајќи објаснување за неговиот потег.
Меѓутоа, тој доби и поддршка од навивачите на клубот, кои сметаат дека Геј има право на сопствено мислење.
„Секоја личност има слобода да промовира каузи според сопственото убедување на начин на кој сметаат. Идриса Геј секогаш покажал однесување вредно за почит и секогаш бил без предрасуди“, се вели во објавата на навивачката група.
Французите отворија истрага зошто Идриса Геј одбил да носи бои на виножитото
Спорт
Македонија Ѓорче Петров е освојувач на Купот на Македонија, Стевковски херој на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров по вторпат ја освои титулата од Купот на Македонија, откако во финалето по изведувањето на пенали беше поуспешен од Силекс со 4:3, откако мечот заврши без голови во регуларниот дел.
До вториот трофеј по тој во 2006 година, „лавовите“ стигнаа благодарение на голманот Христијан Стевковски, кој не само што во второто полувреме имаше неколку клучни одбрани за да го сопре Силекс, туку и во пенал-рулетот одбрани два удари.
Македонија имаше поофанзивен старт на мечот, но во второто полувреме, најдобри шанси имаше токму пред нивниот гол, по што во продолженијата немаше големи шанси на вете страни. Стевковски во првиот пенал го „прочита“ Бурхан Алији, за во третата серија да го одбрани и обидот на Благоја Спирковски. На другата страна Попзлатанов не успеа со „паненка“ да го измами Божиновски, за во Сефер Емини да го постигне победничкиот гол за 4:3.
Титулата за тимот на Муарем Бајрами значи и пласман во Европа, додека Силекс не успеа да стигне до својата четврта Куп-титула и ќе се задоволи со враќање во Првата лига следната сезона.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк