Спорт
Роналдо е „кралот“ на Португалија – два гола во финишот за светски рекорд и победа над Ирска
Кристијано Роналдо постигна два гола во последните минути од мечот од квалификациите за СП во 2022 со Ирска во Фаро, за да ги предводи Португалците до драматична 2:1 победа и да го постигне својот 110. и 111. гол во репрезентативната и да стане апсолутен рекордер, поминувајќи го Иранецот Али Даеи, со кого го делеше вечниот рекорд на 109 гола.
Роналдо имаше совршена шанса да го надмине Иранецот Али Даеи, со кого се израмнети со 109 репрезентативни голови во својот прв меч по трансферот во Манчестер јунајтед, но 19-годишниот голман на Ирците, Гевин Базуну му ја фати топката. Казната дојде во 45. минута, кога дефанзивецот на Шефилд јунајтед, Џон Иган стрелаше за водство на Ирците. Во 89. минута, Роналдо спречи незгоден пораз, откако по одличното нафрлање на Гонсало Гуедеш, Роналдо беше највисок во скокот. Во 96. минута, во последните секунди од мечот, Роналдо и по вторпат ја затресе ирската мрежа за неверојатна победа.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Другите фаворити немаа многу среќа – Франција во Стразбур одигра 1:1 со Босна и Херцеговина, Холанѓаните извлекоа само 1:1 реми кај Норвешка, додека Русија и Хрватска одиграа реми без голови.
На актуелните светски шампиони, Французите им следуваше шок во 36. минута, кога Един Џеко ги донесе БиХ во водство, за само четири минути подоцна, Антоан Гризман, повратникот во Атлетико Мадрид да израмни на 1:1. Второто полувреме беше „расипано“ од Жил Кунде, кој во 51. минута заработи црвен картон.
Данците, пак, ја забележаа својата четврта победа во четири меча во квалификациите, откако со 2:0 ја совладаа Шкотска со два гола во првите 15 минути.
ГРУПА А
Португалија – Ирска 2:1
Луксембург – Азербејџан 2:1
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1757-35021”));
ГРУПА Д
Франција – Босна и Херцеговина 1:1
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1760-35021”));
ГРУПА Ф
Данска – Шкотска 2:0
Фарски Острови – Израел 0:3
Молдавија – Австрија 0:2
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1762-35021”));
ГРУПА Г
Летонија – Гибралтар 3:1
Турција – Црна Гора 2:1
Норвешка – Холандија 1:1
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1763-35021”));
ГРУПА Х
Русија – Хрватска 0:0
Словенија – Словачка 1:1
Малта – Кипар 3:0
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1764-35021”));
ПОРТУГАЛИЈА – Р.ИРСКА
ФРАНЦИЈА – БИХ
РУСИЈА – ХРВАТСКА
ДАНСКА – ШКОТСКА
ТУРЦИЈА – ЦРНА ГОРА
СЛОВЕНИЈА – СЛОВАЧКА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи, Хапоел и Макаби домаќини во странство до крајот на сезоната
Клубовите, сопственици на Евролигата, на состанокот во вторникот одлучија дека трите клуба од подрачјата зафатени со воените дејствија, да бидат преместени на безбедини локации и таму да г играат натпреварите како домаќини.
Во прашање се израелските Макаби и Хапоел, како и Дубаи од Обединетите Арапски Емирати.
Сите три клуба ќе бидат домаќини во европските градови до крајот на сезоната, вклучувајќи ги и потенцијалните дуели од плејофот, потврди Евролигата.
Секако, причината за оваа одлука е војната во регионот од каде што доаѓаат овие три клуба.
Макаби речиси сигурно ќе се врати во Белград и во салата „Александар Николиќ“, каде што играше долго време за време на инвазијата на израелските трупи на Газа, додека Хапоел, како што стојат работите, ќе ги пречека своите ривали во Софија.
Хапоел веќе играше во главниот град на Бугарија во истиот период кога Макаби беше домаќин во Белград.
Кога станува збор за Дубаи, Сараево е првата опција за домаќинство на овој тим, но сепак, засега нема официјална потврда за оваа информација бидејќи се чека одобрение од властите од главниот град на БиХ.
До крајот на сезоната, сите три екипи ќе одиграат уште пет натпревари како домаќини.
Foto/ depositphotos
Спорт
Крај на сезоната за Родриго, ќе го пропушти и Светското првенство
Најлошите стравувања за Реал Мадрид и бразилската репрезентација се остварија. Родриго ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено, со што ја заврши сезоната и ќе го пропушти Светското првенство.
Степенот на повредата, која ја здоби на натпреварот против Хетафе, беше потврдена со медицински тестови утрово, што е голем удар и за играчот и за неговиот тим, пишува „Марка“.
Само неколку минути по влегувањето во игра, Бразилецот несмасно падна и го повреди коленото. Тој сепак успеа да продолжи и да го одигра натпреварот до крај.
Родриго се врати на теренот против Хетафе по речиси еден месец пауза поради повреда.
Откако беше потврдена сериозна повреда на коленото, Реал Мадрид ќе има само двајца напаѓачи за гостувањето во Виго, Винисиус и Гонзало Гарсија. Мбапе е исто така повреден, додека Мастантуоно е надвор од теренот поради црвениот картон што го доби против Хетафе.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мбапе нема да игра до крајот на март
Килијан Мбапе, 27-годишната ѕвезда на Реал Мадрид и член на француската фудбалска репрезентација, веројатно ќе биде на пауза до крајот на овој месец, објавија француските медиуми во вторникот.
Французинот не беше на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во синоќа, каде што неговиот Реал неочекувано беше поразен со 1-0 од Хетафе во натпревар од Ла Лига, но беше во Париз, каде што беше подложен на дополнителни тестови на повреденото лево колено. Медицинскиот тим на Реал беше со него.
Потврдено е дека има истегнување на левото колено, повреда што Мбапе ја има од почетокот на декември минатата година. Исто така, беше одлучено дека операцијата не е потребна, но дека на Мбапе му треба „одмор и трпение“ во моментов.
Во наредните недели, Мбапе речиси сигурно нема да му помогне на Реал на теренот, кој не игра добро во првенството, каде што ги загуби последните два натпревари.
Реал Мадрид исто така има два исклучително тешки натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.
Можно е Мбапе да го пропушти пријателските натпревари на нациоалниот тим. Франција ќе игра пријателски натпревари против Бразил и Колумбија на 26 и 29 март на нивната турнеја во САД.
Со 23 гола, Мбапе е моментално најдобар стрелец во Ла Лига, а исто така е и најдобар стрелец во Лигата на шампионите со 13 гола.
Foto/ depositphotos

