Спорт
Роналдо исфрлен од тимот на Манчестер јунајтед за дербито со Челси
Манчестер јунајтед потврдија дека Кристијано Роналдо нема да патува со тимот за саботното дерби со Челси, откако вчера успеа да го „расипе“ триумфот од 2:0 над Тотенхем со заминување од стадионот пред мечот да заврши откако беше лут што не влегол во игра.
Денешните шпекулации пак, велеа дека тој одбил да влезе во игра во второто полувреме на мечот, по што си заминал не само од клупата, туку и од стадионот. Менаџерот Ерик Тен Хаг изјави дека денеска ќе се „справи“ со ситуацијата, и откако Роналдо беше повикан на разговори од клубот потврдија дека тој нема да биде дел од составот за мечот со Челси.
„Кристијано Ронадо нема да биде дел од тимот на Манчестер јунајтед за саботниот меч од Премиерлигата против Челси. Остатокот од тимот е целосно фокусиран на тој меч“, се вели во објавата на веб-сајтот на клубот.
Ова е само кулминација на незадоволството на 37-годишниот Португалец на „Олд Трафорд“, откако имаше неуспешен обид да си замине во текот на летото, пропуштајќи ја пред-сезоната и турнејата на клубот во Азија и Австралија, по што Тен Хаг не му дава постојано место во составот. Ќе биде интересно во јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Соборен светскиот рекорд во скок во височина
Украинската атлетичарка Јарослава Махучих го собори светскиот рекорд во скок во височина на Дијамантската лига во Париз.
На митингот на Дијамантската лига во Париз, Јарослава Махучих скокна во висина од 2,10 метри и со тоа го надмина рекордот на Бугарката Стефка Костадинова од 1987 година, поставен на Светското првенство во Рим.
Со овој скок Украинката го освои првото место на состанокот на Дијамантската лига во Париз, додека третото место го зазеде српската атлетичарка Анџелина Топиќ. Втора беше Никола Олислагерс од Австралија.
Собирот на Дијамантската лига се одржува на стадионот „Себастиен Шарлети“ во Париз.
Најголеми достигнувања на атлетичарката во досегашната кариера се бронзата на Олимписките игри во Токио, златен медал на Светското првенство во 2023 година, златен на СП 2022 година во сала, како и два златни медали на Европските првенства, на отворено и во сала.
Спорт
Хамилтон во солзи ја прослави 104 победа во кариерата
Луис Хамилтон победи на трката за ГН на Британија.
Седум кратниот светски првак славеше по шауза од 950 дена од ГН на Саудиска Арабија вп 2021.
Лудата трка на патеката Силверстон Хамилтон ја доби пред Макс Ферстапен и Ландо Норис.
Освојувачот на пол позоцијата, Џорџ Расел се откажа во 33 круг.
Хамилтон 9.пат во кариерата победи во Силверстон, ниту еден возач нема толку победи на една патека.
Британецот во солзи ја прослави победата.
Спорт
Селекторот на Холандија горд на својата репрезентација
Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман изјави дека е горд на репрезентативците кои изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство.
Холандија во среда против Англија ќе се бори за пласман во финалето на ЕП 2024.
Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, откако во Берлин во четвртфиналето ја совлада Турција со 2:1.
„Ние сме мала нација, а во полуфинале сме со Англија, Франција и Шпанија. Горди сме што играме во полуфиналето на Европското првенство. Моравме да успееме и дадовме се од себе на натпреварот со Турција. Не беше лесно, имаше емотивна игра, играчите го оставија срцето на терен“, изјави Куман.
Тој истакна дека е задоволен од играта на тимот и во вториот дел.
„Покажавме дека знаеме како да се вратиме во мечот иако губевме со 1:0. На крајот стигна големата награда, пласман во полуфиналето на ЕП“, додаде Куман.
“Англија има добри играчи, но и ние. Играме во Дортмунд, кој е блиску до Холандија. Можеби тоа ќе направи разлика на овој натпревар”, заклучи холандскиот селектор.