Спорт
Роналдо ќе го урне светскиот рекорд и ќе го направи најскапиот трансфер во историјата?
Кристијано Роналдо сака да го напушти Манчестер Јунајтед, но големите европски клубови засега не се активираат за реализација на ваков трансфер. Интерес покажаа Челси, Баерн Минген, Рома, Наполи, се споменуваше и Барселона, но ниту еден од нив не му понуди конкретен договор.
Затоа фантастична понуда за португалската мегаѕвезда пристигна од Саудиска Арабија. Роналдо би го направил најскапиот трансфер во историјата на фудбалот околку прифати да замине во оваа земја. Трансферот би бил вреден неверојатни 250 милиони евра.
Целата приказна е вредна 300 милиони евра, од кои 30 милиони би му биле исплатени на Манчестер Јунајтед за трансферот, 20 милиони ќе заработат посредниците при зделката, а на самиот Роналдо му се понудени 250 милиони евра за двегодишен договор.
Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот засега останува преселбата на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен во 2017 година. Бразилецот замина за сума од 222 милиони евра. Роналдо има шанса да ја надмине таа бројка, но, сепак, не е познато дали е подготвен да го напушти европскиот фудбал.
Желбата на Роналдо е да игра во клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите и токму тоа е единствената причина за напуштање на Манчестер Јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Александар Трајковски се врати во Хрватска
Александар Трајковски (33) е нов играч на Локомотива. Иако сè уште официјално не го претстави, Локомотива регистрираше поранешниот напаѓачот Хајдук во системот на ХНС.
Трајковски нема ангажман од крајот на минатата сезона, кога му истече договорот со Хајдук. И покрај ова, во периодот кога беше без клуб, играше пет пати за репрезентацијата на Македонија и постигна два гола.
Алесандар Трајковски помина две години во Хајдук. Дојде како слободен агент во летото 2023 година и постигна десет гола во 32 настапи во хрватската лига. Најдобриот натпревар за Хајдук го одигра против Локомотива, во последното коло од сезоната 2023/24, постигна хет-трик.
Кај Џенаро Гатузо, тој падна во втор план и генерално имаше многу малку минути, иако на крајот од сезоната постигна гол против Локомотива во ремито 1:1 и Риека во победата од 2:1.
Локомотива е третиот хрватски клуб за кој ќе игра Трајковски. Уште во сезоната 2010/11, тој го носеше дресот на Интер од Запрешиќ.
Трајковски е најпознат по периодот што го помина во Италија, играјќи за Палермо, играше и за Мајорка во Ла Лига. Тој одигра 98 пати за репрезентацијата на Македонија и постигна 24 гола.
Foto/ EPA
Спорт
Лазаров го објави поширокиот список за ЕП
Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари за претстојното Европско првенство.
Континеталниот шампионат ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари следната година. Македонија, во првата фаза се натпреварува во Б групата, во која се и Данска, Португалија и Романија.
ГОЛМАНИ:
1. НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
2. МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER)
3. МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД
4. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД
5. ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961
ЛЕВИ КРИЛА:
6. ГОЦЕ ОЈЛЕСКИ ГРК ОХРИД
7. ПЕТАР АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
8. ИВАН ЏОНОВ РК АЛКАЛОИД
9. МАРИО СТОЈАНОВСКИ РК ВАРДАР 1961
10. ДИМИТАР ДИМИТРИОСКИ РК ПРИЛЕП
ДЕСНИ КРИЛА:
11. НИКОЛА КОСТЕСКИ РК АЛКАЛОИД
12. НЕНАД КОСТЕСКИ РК АЛКАЛОИД
13. АЛЕН ЌОСЕВСКИ РК ВАРДАР 1961
14. АЛЕКСАНДАР ПЕТКОВСКИ РК АЛКАЛОИД
СРЕДНИ БЕКОВИ:
15. ИГОР ЃОРГИЕВ РК АЛКАЛОИД
16. МАРКО МИТЕВ РК АЛКАЛОИД
17. ДАМЈАН МИТЕВ РК АЛКАЛОИД
18. МАРИО ТАНКОСКИ РК ВАРДАР 1961
19. МАРТИН ИВАНОВСКИ РК АЛКАЛОИД
ДЕСНИ БЕКОВИ:
20. МАРТИН СЕРАФИМОВ РК АЛКАЛОИД
21. ТОМИСЛАВ ЈАГУРИНОВСКИ ГРК ОХРИД
22. ФИЛИП НИКОЛОВ РК БУТЕЛ СКОПЈЕ
23. МАРТИН ВЕЛКОВСКИ РК АЛКАЛОИД
24. ДАВИД САВРЕВСКИ ГРК ОХРИД 2013
ЛЕВИ БЕКОВИ :
25. ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
26. ПАВЛЕ АТАНАСИЈЕВИЌ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
27. ЕМИЛИЈАН ЃОРГОСКИ РК АЛАКЛОИД
28. МИХАЈЛО МЛАДЕНОВИЌ UNION SPORTIVE CRETEIL HANDBALL ( FRA)
ПИВОТИ:
29. ЖАРКО ПЕШЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
30. МИЛАН ЛАЗАРЕВСКИ РК ВАРДАР 1961
31. ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИСРК АЛКАЛОИД
32. МАРКО СТОЈКОВИЌ РК АЛКАЛОИД
33. САМОИЛ РИСТЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ДЕФАНЗИВЦИ:
34.НИКОЛА МАРКОСКИ РК АЛКАЛОИД
35. МИХАИЛ АЛАРОВ РК АЛКАЛОИД
Foto/ EPA
Спорт
Флорентино Перез донел одлука, Родриго ќе биде продаден
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, донел одлука, која е и очекувана, да го продаде бразилскиот крилен напаѓач, Родриго.
Шпанскиот новинар, Марио Кортегана наведува дека овој фудбалер го изгубил статусот „недопирлив“ и клубот е подготвен да го продаде во зимскиот преоден рок.
„Понудите што ќе пристигнат за Родриго ќе бидат разгледани. Тој повеќе не е „недопирлив“, особено откако стигна до очајната бројка од 30 натпревари без постигнат гол. Тој го израмни негативниот рекорд на Маријано Дијаз“, рече Кортегана.
„Кралевите“ сакаат да заштедат што е можно повеќе, па затоа се подготвени да слушнат понуди за него во јануари, а се очекува една да биде прифатена.
Интересот за 24-годишникот доаѓа претежно од англиската Премиер лига, а неговата моментална цена е 80 милиони евра.
Родриго е член на Реал од 2019 година. Сепак, тој никогаш не успеа да го достигне статусот што го постигна Винисиус Жуниор, иако имаше шанса.
Тој беше херој во претходните години. Му донесе на Реал неколку пати и тоа како резерва, но во изминатата година е едноставно непрепознатлив и не е ни чудо што клубот сака да го продаде.
Одигра вкупно 285 натпревари во дресот на шпанскиот гигант и има учинок од 68 гола и 53 асистенции.
Истиот извор наведува дека Дани Себаљос и Фран Гарсија, исто така се вишок во Реал. Се очекува и тие во зимскиот преоден рок да го напуштат клубот.
Foto/ EPA

