Спорт
Роналдо: Навивачите во Мадрид бараат да се вратам
Кристијано Роналдо во последното интервју со шпанскиот весник „Ел паис“ тврди дека дел од „мразачите“ сакаат тој да не успее во Јувентус, но додава дека му се допаѓа кога ќе ги чуе некои од навивачите на Реал Мадрид, кои сакаат тој да се врати во Шпанија.
Португалецот минатото лето замина од Реал поради распад во односите со клубот и со претседателот Флорентино Перез, наводно, кога тие не го поддржале доволно во проблемите со даночниците. Меѓутоа, тој сега вели дека нема проблем со Шпанците.
„Сите во Шпанија се однесуваа добро кон мене. Без разлика на даночните проблеми, кои не можам да ги скријам, ниту да ги заборавам, си заминав со високо крената глава и мојот живот секогаш бил отворена книга. Фановите во Мадрид ме знаат, знаат дека дадов многу за Реал и кога ќе се сретнат со мене, ми велат: ’Врати се Крис, ова секогаш ќе биде твој дом’. Тоа ми се допаѓа. Тие што сакаат да критикуваат ме гледаат како личност без грижи и проблеми, што е тажно. Мислат дека јас не можам да имам проблеми со парите. Како може Кристијано да биде тажен кога има милиони? Знам дека ме чекаат да промашам пенал или да направам грешка. Но, јас останувам подготвен, како и многу години претходно“, вели Роналдо.
Cristiano Ronaldo, the Portuguese Juventus striker gave an interview with the Spanish magazine, Icon, of the El Pais newspaper.
Quotes coming up. pic.twitter.com/8EuSTm9NR5
— TeamCRonaldo Fans (@TeamCRonaldo) May 3, 2019
Cristiano Ronaldo (El Pais): “The Spaniards treated me well, I wanted to give them jobs, regardless of my problems with the tax authorities, but I can not forget or hide, my life is an open book. head held high.” pic.twitter.com/uwRllD4a4U
— Enock Kobina Essel (@kobinaessel39) May 3, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен за Норис: Ова нема да биде неговата последна победа
Втор пат во 2024 година, Макс Ферстапен не триумфираше на една од трките во Формула 1 шампионатот Холанѓанецот мораше да се откаже во Австралија поради проблеми со сопирачките (победи Карлос Саинц), а во неделата вечерта во Мајами, шампионот беше поразен од Британецот Ландо Норис.
Норис ја постигна првата победа во својата 110. трка во кариерата, а по тој повод зборуваше и Ферстапен.
„Понекогаш победуваш, а понекогаш губиш. Сите сме навикнати на тоа во тркачкиот свет, нели? Денеска ми беше малку проблематично. Дури и на мидиум пневматиците не се чувствував удобно. Правевме предност но не на востонски начин. Кога слушнав како Мекларен поминува во боксот, помислив: „Леле, тоа е навистина брзо“. Тој леташе. Тој дел беше навистина тежок за нас“, изјави Макс Ферстапен по трката.
„Многу сум среќен за Ландо. Долго чекаше на оваа победа, а нема да му биде последна. Дефинитивно го заслужи триумфот“, изјави актуелниот шампион во Формула 1.
На прашањето дали оваа трка е одраз на вистинската брзина на надградениот болид на Мекларен, Ферстапен одговори:
„Се надевам дека не!
Во генералниот поредок води Верстапен со 136 бодови, пред Перез со 101, додека Леклер е трет со 98.
Овогодинешниот шампионат во Формула 1 продолжува со Големата награда на Емилија Ромања на патеката „Енцо и Дино Ферари“ од 17 до 19 мај.
Спорт
Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 10 јуни
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделникот ја започна 424-та недела како број еден на АТП листата. Со други зборови, освојувачот на 24 Грен слем титули е најдобар тенисер на планетата повеќе од осум години.
За дополнително да се илустрира надмоќта на најуспешните на сите времиња, треба да се каже дека Новак сега има точно 200 недели како број 1 по неговиот 30-ти роденден. За споредба, Рафаел Надал има вкупно 209 недели на врвот на АТП листата во целата своја кариера.
Она што е уште повпечатливо е што на владеењето на Ѓоковиќ не му се гледа крајот и покрај тоа што има 37 години. Второпласираниот на АТП ранг листата Јаник Синер поради повреда на колкот нема да учествува на Мастерсот во Рим, па математички никој нема да може да го претекне Ѓоковиќ до 10 јуни.
Младиот италијански ас поради повреда се откажа од Мастерсот во Рим, а неизвесен е и за Ролан Гарос. Ѓоковиќ обезбеди да биде на врвот вкупно 428 недели.
АТП листа:
1. Новак Ѓоковиќ 9.990
2. Јаник Синер 8.860
3. Карлос Алкараз 7.345
4. Данил Медведев 7.195
5. Александар Зверев 5.435
6. Андреј Рубљов (+2) 4.740
7. Касепер Руд (-1) 4.535
8. Стефанос Циципас (-1) 3.860
9. Хуберт Хуркач 3.730
10. Григор Димитров 3.605
Спорт
Спортинг ја освои титулата во Португалија
Фудбалерите на Спортинг од Лисабон вторпат во последните три години ја освоија титулата во Португалија.
Екипата од Лисабон на две кола пред крајот на првенството има недостижни осум бода повеќе од Бенфика која во неделата вечерта беше поразена на гостувањето кај Фамаликао со 2:0.
Спортинг го одработи својот дел во саботата со победата од 3:0 против Портимоненсе, а Фамаликао потоа направи преостанатите две кола да бидат формалност во борбата за титулата.
Клубот од Лисабон го освои 20. шампионски пехар и се наоѓа на третото место на вечната листа зад Бенфика (38) и Порто (30).