Спорт
Роналдо нема да патува на турнејата низ Тајланд и Австралија
Манчестер јунајтед сè уште не знае дали Кристијано Роналдо ќе замине со тимот на претсезонската турнеја низ Тајланд и Австралија.
Како што пренесува „Скај спорт“, 37-годишниот Португалец не се појавил во тренинг-центарот од семејни причини, што клубот го прифатил. Роналдо изрази желба да го напушти „Олд Трафорд“, во случај да пристигне соодветна понуда, бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите.
Тој в понеделник требаше да им се придружи на соиграчите на првиот тренинг, но остана во Португалија каде што веќе неколку дена тренира во тренинг центарот на репрезентацијата.
„Скај спорт“ пренесе дека агентот на Роналдо, Жорге Мендеш, поминал неколку недели продавајќи им го на клубовите „Ефектот Кристијано“, обезбедувајќи им на заинтересираните страни документација за огромните спонзорства на неговиот клиент, популарноста на социјалните мрежи и влијанието на новите пазари.
Меѓу тие клубови е и Челзи, чиј нов косопственик Тод Боли ја разгледува можноста за трансфер. Јунајтед инсистира дека Роналдо не е на продажба, но може да го смени тој став доколку пристигне добра понуда.
Клубот не сака таа ситуација да ја засени работата на новиот тренер Ерик тен Хаг на подготовките или претстојните трансфери.
Роналдо минатата сезона постигна 24 гола во сите натпреварувања и беше најдобар стрелец на клубот. Јунајтед ќе ја започне својата претсезонска турнеја во вторник во Бангкок против Ливерпул, а исто така ќе одигра пријателски натпревари во Австралија против Мелбурн сити, Кристал Палас и Астон Вила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спектакл на „Сан Сиро“ – Милан со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Италија Милан го совлада Удинезе во првиот натпревар од новата сезона во Серија А со 4:2 (2:2). Триумф на почетокот на сезоната забележа и Аталанта. Екипата од Бергамо во Џенова со 2:0 ја победи Сампдорија.
На „Сан Сиро“ триумфално беше отворена новата сезона во која Милан влегува со желба да ја одбрани титулата. Сепак на самиот почеток домаќинот доживеа „студен туш“. Во втората минута Тогаш Родриго Бекао ги шокираше сите на стадионот, но многу брзо следеше пресврт.
Најпрво Калабрија беше фаулиран во шеснаесетникот, а Тео Ернандез го претвори пеналот во израмнувачки гол.
Тоа беше во 11. минута, а веќе во 15. Анте Ребиќ убавото додавање од десната страна го претвори во 2:1.
„Росо-нере“ го „пресече“ вториот гол на Удинезе во третата минута од судиското надополнување кога Масина постигна гол за израмнување.
Сепак, на самиот почеток од вториот дел Брахим Диас му донесе нова предност на Милан. Победата со својот втор гол ја потврди Ребиќ во 68.минута.
Аталанта на „Луиџи Ферарис“ во Џенова ја победи Сампдорија со 2:0 (1:0), со головите на Толои во 26. минута и дебитантот во Серија А, Адемола Лукман во 95.минута.
Спорт
Јунајтед го допреа дното – Тежок пораз од Брентфорд

Манчестер јунајтед доживеа катастрофален пораз (4:0) на гостувањето кај Брентфорд. „Црвените ѓаволи“, го доживеаја вториот пораз во новата сезона. Во три децениското постоење на Премиер лигата, Јунајтед никогаш досега не започнал сезона со два порази.
Во западен Лондон, домашниот Брентфорд ги искористи подароците од Давид Де Хеа, постигна два гола во 10.и 18.минута, а потоа во 31. и 35.минута само ја потврди победата.
Во вториот дел Роналдо два пати се обиде со глава, неговите удари беа непрецизни, а Кристијан Ериксен не успеа да реализира две добри шанси. Во последните 10 минути Брентфорд пропуштија три добри шанси да го постигнат петтиот гол.
Спорт
Шкупи со победа ја започна одбраната на титулата

Актуелниот шампион на Македонија, Шкупи, со победа ја запона одбраната на титулата. Првиот меч во новата сезона, поради европските обврски, Шкупи го одигра во рамките на второто коло.
Избраниците на Гоце Седлоски, славеа победа од 2.1 против Македонија ЃП.
Фудбалерите на Шкупи во интервал од три минути, во второто полувреме ја обезбедија победата.
Трпановски го постигна првиот гол во 67., а Цефас вториот во 70.минута.
Единствениот гол за Македонија ЃП го постигна Скендери.
Шкупи сега ќе му се посвети на натпреварот со Балкани, во плејофот во Конференциската лига.
Фото/facebook.com/fcshkupi1927