Спорт
Роналдо откако се откажал од 16 милиони фунти од Јунајтед пратил порака: Слободен како птица
Англискиот новинар Пирс Морган открива дека Кристијано Роналдо му пратил порака дека се чувствува „слободен како птица“, откако се договорил со Манчестер јунајтед за раскин на договорот иако тоа го чинеше 16 милиони фунти.
Токму интервјуто на Роналдо со Морган предизвика Манчестер јунајтед да побараат раскин на договорот и му ги наруши односите на Португалецот со навивачите на клубот по бројните критики за соиграчите, за менаџерот Ерик Тен Хаг и за газдите на клубот. Морган открива дека му пратил GIF на Роналдо од филмот „Брејвхарт“ во кој Вилијам Волис вреска „Слобода“, и дека тој му дал едноставено одговор.
„Тој сметаше дека тоа видео е совршен за неговото чувство. Ми одговори: ‘Слободен како птица’“, објаснува Морган.
Морган исто така ги отфрли тврдењата дека Роналдо веќе има договор со саудискиот клуб Ал-Наср за 200 милиони долари годишно, и дека тој очекува клуб со кој ќе игра во Лигата на шампиони.
„Смета дека ако има добро Светско првенство ќе го добие тоа што го посакува – клуб во Лигата на шампионите со кој ќе го зголеми својот рекорд. Не се работи за пари, туку за играње фудбал на највисоко ниво“, објаснува Морган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
РФМ и Лазаров ја продолжија соработката до 2029 година
Ракометната федерација на Македонија ја информира јавноста дека со заедничка визија, доверба и јасна стратегија за развој на македонскиот ракомет, ја продолжува соработката со селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.
„Официјално, ќе ја продолжам соработката со тренерот на нашата машка сениорска репрезентација, Кирил Лазаров, со договор до 2029 година“, рече првиот човек на РФМ Александар Стефанов и дополни.
„Веруваме дека континуитетот и стабилноста се клучни за напредокот на репрезентацијата и на македонскиот ракомет во целина. Се надеваме на успешна и плодна соработка во наредниот период, во кој со заеднички труд, посветеност и јасна визија, ќе продолжиме да постигнуваме добри резултати и да го развиваме нашиот спорт.“
„На заедничко задоволство, ќе ја продолжам соработката со Ракометната федерација на Македонија. Водењето на репрезентацијата, особено во мојата земја, е голема чест и одговорност. Благодарен сум за довербата и поддршката што ми е укажана.“
Пред нас е период исполнет со сериозна работа, јасни цели и високи очекувања. Со заеднички труд, дисциплина и целосна посветеност, ќе продолжиме да работиме на напредокот на репрезентацијата и достојно претставување на Македонија, со фокус на стабилност и долгорочни резултати., рече селекторот Лазаров.
Foto/ EPA/Christopher Neundorf
Спорт
Чефениг победи во Бишофсхофен, Домен Превц ја освои Новогодишната турнеја
Словенецот Домен Превц влезе во историјата како трет Словенец, а втор член на семејството Превц, кој триумфираше на Новогодишната турнеја, Четири скокалници. Тој го освои Златниот орел, со освоени 1195,6 поени и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0) во генералниот пласман.
Превц го освои второто место на последната скокалница, во Бишофсхофен со скокови од 138 и 138,5 метри кои „вредеа“ 299,8 поени, а минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг, победи на последната станица од Турот. Австриецот застана на 137, а потоа на 140,5 метри, доволно за 303,9 поени.
Иако тоа не е вообичаена практика – Чофениг, како минатогодишен победник и победник во Бишофсхофен, му го врачи трофејот на 26-годишникот од Крањ, а подиумот во вторник вечерта го пополни Јапонецот Рјоју Кобајаши, трикратен победник на Четири скокалници, со 299,8 поени по скокови од 137 и 138 метри.
Ова е 12-ти пат Превац да освои место на подиумот по ред и 13-ти пат во оваа сезона во Светскиот куп.
Само во две изданија (на премиерата во Лилехамер, Норвешка, беше четврти, а три дена подоцна во Фалун, Шведска, беше на 13-то место) не се искачи на подиумот.
foto/ EPA
Спорт
Розениор тренер на Челзи до 2032 година
Досегашниот тренер на Стразбур, Лиам Розениор, е назначен за тренер на Челзи.
41-годишниот Англичанец ќе го замени Енцо Мареска, кој го напушти клубот на Нова година. Розениор и Челзи договорија соработка до 2032 година.
„Не можев да ја одбијам оваа можност да се приклучам на неверојатен клуб и неверојатен тим кој го освои Светското клупско првенство“, рече Розениор.
Стразбур е дел од групацијата „BluCo“, во сопственост на Тод Боли и „Клирлејк Капитал“, која исто така управува со Челзи.
„Ќе го сакам овој клуб до крајот на животот, но не можам да го одбијам Челзи“, рече новиот стратег на двократните европски шампиони.
Лиам Розениор претходно го водеше Хал Сити и беше привремен менаџер во Дерби Каунти. Својата тренерска кариера ја започна како тренер на младинскиот тим на Брајтон.
Како фудбалер играше во Бристол Сити, Фулам, Рединг, Хал и Брајтон.
Челзи моментално е на петтото место во Премиер лигата.
Foto/ EPA

