Спорт
Роналдо по титулата, на одмор и Велигден во Дубровник
Кристијано Роналдо не ја заврши прославата на титулата на Јувентус, а веќе отиде на одмор со неговото семејство.
Според „Дубровачки вјесник“, Роналдо, заедно со неговото семејство вчера во 22.30 часот, неколку часа откако стана првиот фудбалер кој освоил титули во Англија, Шпанија и Италија, пристигнал со приватен авион на аеродромот во Чилипи во близината на Дубровник.
Роналдо ќе ги помине велигденските празници (по грегоријанскиот календар) во преубавиот хрватски град, по што го чека „Дерби д’Италија“ против Интер следната недела.
Christiano Ronaldo makes football history and comes to celebrate Easter in Dubrovnik https://t.co/7z9FXbzsw7#Dubrovnik #dutimes #Croatia #CroatiaFullOfLife @Croatia_hr #ChristianoRonaldo #Ronaldo #footballindex #FootballFocus #JuveFiorentina #Juventus #celebrity #CelebrityNews pic.twitter.com/r8rzNwxzHU
— The Dubrovnik Times (@DubrovnikTimes) April 20, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Уапсени се повеќе од 1.000 фудбалери во Турција, вклучувајќи и еден репрезентативец
Турската фудбалска федерација (ТФФ), суспендираше повеќе од 1.000 фудбалери како дел од растечкиот скандал со обложување, вклучувајќи го и дефанзивецот на Галатасарај, Ерен Елмали.
Елмали издаде соопштение за да ја објасни својата вмешаност во случајот откако беше отстранет од составот на Турција кој се подготвува за квалификациите за Светското првенство против Шпанија и Бугарија.
25-годишниот фудбалер изјави на Инстаграм дека пред околу пет години се обложил на натпревар во кој во тоа време не учествувал неговиот тим. Тој и неговиот клупски колега Метехан Балтачи се меѓу 1.024 фудбалери кои ТФФ, во понеделникот, ги проследи до дисциплинската комисија.
Федерацијата објави дека третата и четвртата лига од натпреварувањето ќе бидат суспендирани две недели, додека натпреварите во Суперлигата, во која актуелен шампион е Галатасарај, и втората лига ќе продолжат според планот.
Турскиот фудбал е потресен од истраги за широко распространето обложување меѓу судиите, а сега и меѓу играчите, што е строго забрането според правилата на ФИФА.
Според извештаите, во обложувањето учествувале повеќе од 150 судии, вклучувајќи седум од елитната категорија и 15 асистенти од највисоко ниво.
Претседателот на прволигашкиот клуб Ејупспор, како и поранешниот сопственик на Касимпаша, кои веќе се испрашувани, исто така се под истрага.
„Наша должност е да го подигнеме турскиот фудбал на нивото што го заслужува и да го исчистиме од сета нечистотија“, рече претседателот на федерацијата Ибрахим Хаџиосманоглу на прес-конференција пред две недели.
Спорт
Левандовски ќе се пензионира ако Барселона не му понуди нов договор
Еден од најдобрите напаѓачи на 21 век, Роберт Левандовски, се соочува со ненадејно пензионирање, по извештаите дека Барселона не е заинтересирана да го продолжи неговиот договор.
Иако има 37 години и се соочува со повреди, поради што на теренот поминува помалку од предвиденото, искусниот Полјак е најдобар стрелец на Каталонците во Примера оваа сезона со пет гола.
Доцните фудбалски години не го спречуваат сè уште да го прави она што го знае најдобро, безмилосно да ги тресе мрежите.
Неговиот тековен договор со Барса истекува следното лето, а во клубот се судираат две струи. Едната сака да има искусен голгетер во тимот и следната сезона, кој би се согласил на намалена плата, додека другата смета дека е императив да се ослободи неговото место и да се донесе некој многу помлад.
Поранешниот член на Борусија Дортмунд и Баерн Минхен многу брзо би нашол нов работодавач во тој случај, но тоа не го интересира.
Неговата сопруга и тој се воодушевени од животот во Барселона, не сакаат да го напуштат градот заради финансиски попрофитабилна понуда од Блискиот Исток или Соединетите Американски Држави, дознава локалниот „Спорт“.
Фудбалерот нема да има ништо против да остане на „Камп Ноу“ како резервен напаѓач, но јасно е дека одлуката не е во негови раце. Одлуката че ја донесат клупските челници што го остава Роберт со две опции, нов едногодишен договор или пензионирање.
Феноменалниот стрелец е седми на листата на најдобри стрелци во фудбалот. Тој постигна дури 683 гола, а само Јозеф Бикан, Ференц Пушкаш, Ромарио, Пеле, Лионел Меси и Кристијано Роналдо постигнаа повеќе од него.
Спорт
Селекторот на Словенија му е лут на Јунајтед поради Шешко
Селекторот на Словенија, Матјаж Кек, јавно го изрази своето незадоволство од комуникацијата со Манчестер Јунајтед, откако никој од клубот официјално не го информирал за природата на повредата на Бенјамин Шешко.
Младиот напаѓач ќе ги пропушти клучните натпревари во квалификациите за Светското првенство против Косово и Шведска поради проблемот со коленото. Шешко се повреди, во саботата, во ремито против Тотенхем (2:2).
Кек нагласи дека никогаш не би го ризикувал здравјето на играчите, но инсистираше на подобра комуникација и почитување на националниот тим.
„Со должна почит кон голем клуб како Манчестер Јунајтед, официјално сè уште не сме добиле ништо; нема документи, нема документи“, рече Кек, додавајќи:
„Секако би сакале да ги добиеме. Сакаме и нашиот медицински тим да го разгледа тоа. Нашиот лекар е експерт во оваа област. Не можам да коментирам, секако имам одредени информации и, секако, во контакт сум и со Шешко.“

