Спорт
Роналдо се враќа во португалската репрезентација
Најдобриот португалски фудбалер, Кристијано Роналдо, ќе ја предводи својата репрезентација на почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на ЕВРО 2020. Роналдо се враќа во националниот тим по неиграњето во Лигата на нации.
Кристијано Роналдо ќе ја предводи Португалија на натпреварите против Украина и Србија на 22 и 25 март. Двете средби Португалците ќе ги одиграат на домашен терен.
На списокот на селекторот Фернандо Сантош има 25 фудбалери, а дебитанти се Диего Соуза од Брага и тинејџерот Жоао Феликс од Бенфика.
Голмани: Патрисио (Вулверхемптон), Бето (Гезтепе), Хосе Са (Олимпијакос)
Одбрана: Пепе (Порто), Жоао Кансело (Јувентус), Семедо (Барселона), Хосе Фонт (Лил), Рубен Дијаз (Бенфика), Марио Руи (Наполи), Рафаел Гереиро (Дортмунд)
Среден ред: Данило Переира (Порто), Рубен Невеш (Вулверхемптон), Жоао Мутињо (Вулверхемптон), Вилијам Карвалјо (Бетис), Бруно Фернандеш (Спортинг), Пизи (Бенфика), Жоао Марио (Интер).
Напад: Роналдо (Јувентус); Жоао Феликс (Бенфика), Андре Силва (Севилја), Бернанрдо Силва (Манчестер сити), Гонзало Гуедеш (Валенсија), Рафа Силва (Бенфика), Диого Жота (Вулверхемптон), Диего Соуза (Брага)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски ќе ја напушти Барселона
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) ќе ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
По четири години соработка, клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и покрај тоа што има опција да му го продолжи договорот на дополнителни 12 месеци.
„Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој го напушта клубот“, тврди „Атлетик“.
Каталонците одлучија да направат место за некој помлад. Левандовски е во ветеранските години, ќе го прослави својот 38-ми роденден на почетокот од следната сезона. Барса верува дека неговото време е истечено, иако не изгледа така на теренот.
Лева игра одлично и оваа сезона. Тој постигна осум гола на 15 настапи. Во вкупно 162 натпревари, Левандовски постигна 109 гола и забележа 21 асистенција.
Левандовски нема намера да ја заврши кариерата. Иако следното лето ќе го прослави својот 38-ми роденден, интересот за неговите услуги е голем.
Според „Атлетик“, Барселона нема да го откупи договорот на Маркус Рашфорд на крајот од сезоната.
Англискиот фудбалер игра за каталонскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Партизан веќе се договорил со Тринкиери
Италијанскиот тренер Андреа Тринкиери се договорил со чениците на Партизан во врска со неговото враќање на позицијата шеф на страчниот штаб.
Како што обајви „Спорт Клуб“, црно-белите веќе се договориле со италијанскиот стручњак во врска со условите за идна соработка, а се чека најповолниот момент соработката да биде официјализирана.
Тринкиери е без работа откако беше отпуштен од Жалгирис ова лето, само 36 часа по освојувањето на титулата во лигата.
Италијанскиот стручњак помина година и пол во Каунас, а претходно беше на клупата на Баерн од 2020 до 2023 година.
Тој го водеше Партизан од 2018 до 2020 година и тимот беше во одлична ситуација во АБА лигата и Еврокупот пред коронавирусот да ја прекине сезоната.
Тринкиери и претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ не се разделија во добри односи, а Италијанецот дури и го тужеше Партизан за заостанати плати и го доби спорот.
Сепак, се чини дека условите за нова соработка сега се исполнети, Тринкиери е без работа, а на Партизан му е потребен квалитетен тренер кој може да го подигне тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Црно-белите ќе го играат својот следен натпревар во четврток, кога ќе го пречекаат Баерн на Белградска Арена. Моменталниот резултат на Партизан во Евролигата е четири победи и девет пораз. Тимот доживеа порази на седум од последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Александар Трајковски се врати во Хрватска
Александар Трајковски (33) е нов играч на Локомотива. Иако сè уште официјално не го претстави, Локомотива регистрираше поранешниот напаѓачот Хајдук во системот на ХНС.
Трајковски нема ангажман од крајот на минатата сезона, кога му истече договорот со Хајдук. И покрај ова, во периодот кога беше без клуб, играше пет пати за репрезентацијата на Македонија и постигна два гола.
Алесандар Трајковски помина две години во Хајдук. Дојде како слободен агент во летото 2023 година и постигна десет гола во 32 настапи во хрватската лига. Најдобриот натпревар за Хајдук го одигра против Локомотива, во последното коло од сезоната 2023/24, постигна хет-трик.
Кај Џенаро Гатузо, тој падна во втор план и генерално имаше многу малку минути, иако на крајот од сезоната постигна гол против Локомотива во ремито 1:1 и Риека во победата од 2:1.
Локомотива е третиот хрватски клуб за кој ќе игра Трајковски. Уште во сезоната 2010/11, тој го носеше дресот на Интер од Запрешиќ.
Трајковски е најпознат по периодот што го помина во Италија, играјќи за Палермо, играше и за Мајорка во Ла Лига. Тој одигра 98 пати за репрезентацијата на Македонија и постигна 24 гола.
Foto/ EPA

