Спорт
Роналдо се врати во Реал Мадрид (на тренинзи)
Кристијано Роналдо повторно е во тренинг центарот Валдебебас во опрема на Реал Мадрид, но тоа не значи дека CR7 се враќа во својот поранешен клуб. Поради одличните односи со „кралскиот клуб“, Португалецот доби посебен терен каде што ќе тренира со цел да остане во форма пред својот следен чекор во професионалната кариера.
Роналдо е слободен играч откако го раскина договорот со Манчестер јунајтед по бурното интервју кое го даде кај Пирс Морган, по што 37-годишниот ветеран првпат во кариерата не е обврзан кон одреден тим и сега го чека јануарскиот преоден рок. За време на СП се шпекулираше дека тој ја прифатил понудата на саудискиот клуб Ал-Наср од 200 милиони евра по сезона и тоа со двеиполгодишен договор, но тој ги отрли тие шпекулации.
Ronaldo returned to madrid at the very lowest point of his career .
Madrid will always be his real home no matter what 🤍 #Ronaldo𓃵 pic.twitter.com/yeYQgH4fKz— Coldzy (@RMA_coldzzzy) December 14, 2022
Cristiano Ronaldo se entrenó con el Real Madrid https://t.co/8A1sYlsZ8j
— La República EC (@larepublica_ec) December 14, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Јувентус во дуелот со актуелниот првак
Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/
Спорт
Исланд ја декласира Шведска на ЕП
Ракометарите на Исланд ја победија Шведска со 35:27 во второто коло од втората фаза на Европското првенство.
Исланѓаните, се рехабилитираа по поразот од Хрватска и им го нанесоа првиот пораз на турнирот на Швеѓаните. Во моментов во Групата 2, Исланд, Шведска и Словенија имаат по четири бода и се на врвот на табелата. Хрватска е четврта со два бода и натпревар помалку.
Исланд водеше во текот на целото прво полувреме. Швеѓаните се држеа до 9:7, но Исланѓаните потоа направија серија од 5:1 и стекнаа голема предност од шест гола.
На шполувреме Исланд водеше 18:12, но со одлична игра на почетокот од второто полувреме, Шведска се врати на само еден гол негатива во 42-та минута.
Исланд успеа да го одбие тој налет, со три последователни гола, стекна предност од четири гола (26:22). Во 52-та минута, Шведска губеше со 28:25, но потоа Исланд постигна пет последователни гола и се одвои на огромни +8.
Исланд до победата го предводеше брилијантниот Виго Кристјансон со 11 гола. Бјарки Мар Елисон додаде шест гола, а Один Тор Рикхардсон пет гола. Голманот Виктор Гисли Халгримсон одбрани 12 удари. Албин Лагергрен постигна пет гола за поразениот тим.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Голчиште на Доргу, па голчиште на Куња – Јунајтед во Лондон го победи Арсенал
Манчестер Јунајтед, под водство на Мајкл Керик, по Сити успеа да го победи и Арсенал. Во дербито, одиграно во Лондон, Јунајтед победи со 3:2 и се искачи на четвртото место на табелата. Арсенал, го забележа третиот пораз не само во Премиер лигата, туку во сите натпреварувања. По првиот пораз на домашен терен сезонава, Арсенал има четири поени повеќе од Сити и Астон Вила.
Арсенал доминираше во првите 30 минути и дојде до предност со авто-голот на Лисандро Мартинез. Играта на лидерот се распадна во 37.минута, кога Зубименди буквално му ја подари топката на Мбумо, а Камерунецот погоди за 1:1.
Вториот дел најпрвин го обележа Микел Артета. Менаџерот на Арсенал, во 58-та минута изврши четири измени, откако седум минути претходно Патрик Доргу со евро-гол го комплетираше пресвртот на Јунајтед.
Арсенал изедначи во 84-та минута, по голема мешаница пред глот на Ламенс, Мерино ја пикна топката во голот.
Целосен шок на „Емирати“ следуваше две минути подоцна кога Матеус Куња, хируршки прецизно биеше од 23 метри и го постави конечниот резултат.
Foto/ EPA

