Спорт
Роналдо со неверојатниот 54. хет-трик во кариерата, Англија и Косово во меч со осум гола (видео)
Кристијано Роналдо постигна четири гола за да помогне актуелниот европски шампион да се врати на вистински пат во квалификациите за Евро 2020 со 5:1 победа на гости кај Литванија, додека Англичаните во луд меч со осум гола со 5:3 го совладаа сензационалното Косово.
Ова е неверојатен 54. хет-трик во богатата кариера на Португалецот, уште еден рекорд кој го има фудбалерот на Јувентус и осми хет-трик во португалската репрезентација, со што има вкупно една третина од хет-триковите во Португалија (8/24).
Со победата, Португалија остана на второто место во групата Б со пет поени зад Украина, додека Србија е трета по 3:1 победата над Луксембург.

Англија и Косово пак, одиграа интересен меч во Саутемптон, во кој домаќините славеа со 5:3 за четврта победа во четврти меч и во исто време нанесувајќи им го првиот пораз на Косовците од 2017 година.
Ваљон Бериша во самиот старт на натпреварот донесе водство за Косовците, но Рахим Стерлинг веќе во осмата минута израмни на 1:1, пред Хери Кејн во 19. минута да постигне гол за водство на тимот на Герет Саутгејт. До полувремето во голот на гостите имаше 5 гола, Војвода си постигна автогол, па надежта на англискиот фудбал, Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд додаде два гола, негови први во дресот на „трите лава“.
Во второто полувреме, Косово успеа да постигне два гола, прво преку Бериша во 49. минута, а потоа преку Муриќи од пенал шест минути подоцна. И Англичаните имаа пенал во 65. минута, но Хери Кејн не беше прецизен.
Светскиот шампион Франција со 3:0 со головите на Коман, Ленгле и Бен Једер стигна до рутинска 3:0 победа над Андора, но Антоан Гризман, втор меч едноподруго утна пенал.
ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Црна Гора – Чешка 0:3
Англија – Косово 5:3
Табела: 1.Англија 12, 2.Чешка 9, 3.Косово 8, 4.Црна Гора 2, 5.Бугарија 2
ГРУПА Б
Литванија – Португалија 1:5
Луксембург – Србија 1:3
Табела: 1.Украина 13, 2.Португалија 8, 3.Србија 7, 4.Луксембург 4, 5.Литванија 1
ГРУПА Х
Албанија – Исланд 4:2
Франција – Андора 3:0
Молдавија – Турција 0:4
Табела: 1.Турција 15, 2.Франција 15, 3.Исланд 12, 4.Албанија 9, 5.Молдавија 3, 6.Андора 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Столе одличен, Валенсија го победи Леванте
Фудбалерите на Валенсија го победија Леванте во градското дерби со 2:0 (0:0) во рамките на 24-то коло од шпанската Ла Лига.
„Лилјаците“, со победата кај градскиот ривал избегаа од опасната зона, сега се 14-ти, а во исто време го турнаа Леванте во бездната. Леванте се претпоследни на табелата со 18 поени.
Македонскиот репрезентативец, Столе Димитиревски, имаше впечатлив настап, успеа да ја одбрани својата мрежа.
Главни протагонисти на победата на Валенсија беа Белгиецот Ларџи Рамазани и Умар Садик.
Прво, белгискиот напаѓач постигна прекрасен гол во 64-та минута за водство на гостите, а потоа Умар Садик стави тошка на победата.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ лесно до нов трофеј во Купот на Македонија
МЗТ Скопје го одбрани пехарот во Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир, МЗТ лесно го победи домаќинот Куманово со 96:70. Екипата од Аеродорм го освои четвртиот трофеј во низа, вкупни 14-ти во клупската историја.
Финалноот меч за трофејот не донесе ниту трошка неизвесност. МЗТ од почетокот се наметна на теренот, на стартото на вториот период стекна двоцифрена предност, која потоа само растеше. Највисоките +25, МЗТ ги достигна во средишницата на третиот период.
Меквин со 23 поен и Гил со 17 поени го предводеа МЗТ до трофејот во Купот. Кај Кумановоа Митевски, Ѓуроски и Луковиќ постигнаа по 13 поени.
Foto/ mkd.basketball
Спорт
Стрем е кралица на ски скоковите, Ника Превц леташе до бронзата
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем стана двократна олимписка шампионка, откако победи и на големата сколаница на Игрите во Милано и Кортина. Словенката Ника Превц, која важеше за главен фаворит пред Олимписките игри, мораше да се задоволи со бронзениот медал.
Стрем стана првата олимписка шампионка на големата скокалница, бидејќи никогаш порано немало две дисциплини за жени на Олимписките игри. Првите скокови во женска конкуренција се одржаа на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сега двократната олимписка шампионка го освои своето второ злато со 284,8 поени, по скокови од 130,5 и 132 метри. Еирин Марије Квандал ѝ донесе на Норвешка двоен триумф со 282,7, додека Ника го заврши натпреварувањето со 271,5 поени.
Младата Словачка немаше среќа со условите за време на првиот скок, но во втората серија успеа да се подобри и да освои уште еден медал.
Ника ги завршува Зимските олимписки игри во Милано и Кортина со по едно злато, едно сребро и една бронза. Таа освои злато во екипна конкуренција, сребро на малата скокалница и бронза, како што веќе споменавме, на голема скокалница.
Постариот брат на Ника, Домен, додаде злато на големата скокалница во семејната колекција, и има шанса дополнително да го зголеми бројот на медали, бидејќи следува натпреварот во екипна конкуренција.
Foto/ EPA

