Спорт
Роналдо трета сезона по ред нема да игра во четврт-финале на ЛШ

Манчестер Јунајтед не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри екипи во завршницата од Лигата на шампионите. Англискиот тим на „Олд Трафорд“ загуби со 0:1 од Атлетико Мадрид. Ренан Лоди со голот во 41.минута му пресуди на составот на Ралф Рангник.
Ова делува фрустрирачки и на Кристијано Роналдо. Португалската ѕвезда веќе трета година по ред нема да биде дел од четврт-финалето во елитното европско клупско натпреварување. Покрај него, и Лионел Меси е во „аут“ со Пари Сен Жермен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Младата селекција до 21 година на собир: Дуели против Ерменија и против Украина
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел „Парк“ го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младата селекција на Македонија ќе одигра меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Мане ја откри големата тајна: Бев пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Садио Мане е на пресвртница во кариерата, бидејќи Баерн Минхен цврсто реши да го доведе, а од друга страна, Ливерпул не сака да ја надмине границата околу финансиските приходи на Сенегалецот.
Германските медиуми најавуваат дека преселбата во Баерн би била логичен чекор за 30-годишниот африкански фудбалер кој летото 2016 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул.
Мане одигра извонредно во сезоната 2015/2016, втора во дресот на „светците“, а амбициозниот Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе, но крилниот напаѓач сепак се реши за Ливерпул.
„Бев многу блиску до Јунајтед. Договорот веќе го имав подготвен и условите постигнати. Се беше подготвено, но наместо тоа, пресеков и решив да се преселам во Ливерпул. Бев убеден во проектот на Клоп“, изјави Мане во интервју за британски „Телеграф“.
Спорт
Диого Жота со специјално дизајнирани копачки во финалето на ЛШ (ФОТО)

Напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота ги покажа копачките кои ќе ги носи во претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Португалскиот интернационалец објави фотографии од своите нови копачки, кои се специјално изработени за оваа прилика, бели со сини акценти, а на нив е означени „№20“ и португалското знаме. Тука е и пораката „Ништо не е невозможно“.
Жота најверојатно нема да биде стартер за Ливерпул. Според најавите, Јирген Клоп во нападот ќе стартува со Садио Мане, Мохамед Салах и со Луис Дијаз.
Special delivery for the big final 📦Let’s go @adidasfootball #impossibleisnothing pic.twitter.com/Zy96GsGZzR
— Diogo Jota (@DiogoJota18) May 26, 2022