Спорт
Роналдо удри по Тен Хаг: Извини, но јас не сум играч за три минути
Кристијано Роналдо признава дека можеби не требал да реагира со одбивање да влезе во игра против Тотенхем, но посочува дека бил испровоциран од менаџерот Ерик Тен Хаг и дека одлуката на клубот да го казни со тридневна суспензија била „престрога“.
„Жалам што си заминав од стадионот. Можеби, или можеби не, не знам. Тешко е да се кже дека жалам, но исто така да посочам дека бев испровоциран од тренерот. Да ме стави во игра во послендите три минути од мечот. Извини, но јас не сум таков играч. Знам што можам да дадам за тимот. Се извинив на соиграчите, објавив на Инстаграм. Но, тренерот не ме респектираше. Затоа е односот таков. Тој велеше за медиумите дека зборувал со мене, бла, бла, но тоа е само за пред новинарите. 100 отсто“, вели Роналдо.
По инцидентот со Тотенхем, Роналдо беше суспендиран три дена и не беше во тимот за 1:1 ремито со Челси. Но, веднаш потоа, тој беше вратен во тимот и играше на мечевите со Вест хем и Астон вила (како капитен), како и во мечевите со Шериф и Реал Сосиедад во Лига Европа.
„Мислам дека ова беше стратегија од клубот да реагирам така. Навистина сум разочаран од реакцијта на Манчестер јунајтед. Никогаш не сум имал проблем во моите клубови, со ниту еден тренер. И ме суспендираат на три дена, што беше премногу. Тоа беше штета. Се вратив дома и Кристијано ме праша: ‘Тато, не одиш на мечот’. Му кажав: ‘Не, бидејќи ме казнија три дена’. Тој се смееше: ‘Ти си најдобриот играч на светот и нема да играш’. Му кажав: ‘Не се однесував убаво’“, додава Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер ќе ги исполни барањата на Горецка
Леон Горецка (31), без обесштетување, ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната. Фаворити за неговиот потпис се Арсенал и Интер.
Горецка, како што пишува фудбалскиот портал „Гол“, поставил јасни финансиски услови за својот следен клуб. Бара тригодишен договор додека се подготвува за ново поглавје во својата богата кариера.
Германскиот репрезентативец бара загарантиран тригодишен договор со нето плата од 6,5 милиони евра по сезона. За Интер, исполнувањето на тоа барање би значело дека Горецка би станал еден од најплатените играчи во тимот, во рангот на Николо Барела и Хакан Чалханоглу.
Леон Горецка кариерата ја започна во Бохум, а во јули 2013 година се пресели во Шалке за 3,25 милиони евра. Остави длабока трага во Гелзенкирхен, постигнувајќи 19 гола на 147 натпревари, што му го обезбеди трансферот во Баерн Минхен како слободен играч во 2018 година.
Неговиот престој во Баварија беше исклучително успешен. Во 296 натпревари, тој освои шест титули во германскиот шампионат и Лигата на шампионите во 2020 година. Дебитираше за германската репрезентација во мај 2014 година, а оттогаш има 67 настапи и 15 голови.
Foto/ Depositphotos
Спорт
Чоло Симеоне џентлмен, Антоан Гризман провокатор
Ретко се случува еден тим да слави по пораз од 0:3, но Атлетико Мадрид го имаше тој луксуз во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот. Барселона беше убедлива, но не доволно за да го надомести поразот од првиот натпревар (4:0), поради што „јорганџиите“ се пласираа во финалето.
Атлетико Мадрид го слави пласманот во првото финале, во Купот На Кралот по 2013 година, кога го освоија трофејот.
Сепак, секој имаше своја реакција по натпреварот. Диего Симеоне остана критичен, но полн со честитки за својот противник, додека Антоан Гризман се одлучи за славење.
Во март 2025 година, каталонскиот клуб на социјалните мрежи објави: „Дали оваа слика е премногу сурова?“
Гризман беше во преден план на таа фотрафија. Францускиот ас, речиси една година чекаше да му се одмазди на поранешниот клуб.
По пласманот во финалето, објави идентичен натпис на својата објава. Разликата е што сега играчите на Барселона во очај лежат на тревата.
« 𝗖𝗲𝘁𝘁𝗲 𝗽𝗵𝗼𝘁𝗼 𝗲𝘀𝘁 𝘁𝗿𝗲̀𝘀 𝗱𝘂𝗿𝗲 ? 🫢🫢🫢 »
Antoine Griezmann 🇫🇷 trolle le FC Barcelone, qui avait utilisé cette phrase pour troller le Français. 😁
📲 IG pic.twitter.com/v2Ouitdta0
— Actu Foot (@ActuFoot_) March 3, 2026
Од друга страна, популарниот Чоло се одлучи за поскромен пристап. Тој им се приближи на противниците, им честиташе за одличниот настап.
Во интервју по натпреварот, ги пофали Рафиња и Педри, кои ги смета за фантастични играчи, а потоа додаде:
„Му кажав на Ханси Флик дека Барселона игра брилијантно, дека се врвен тим. Исто така, му кажав дека се надевам дека ќе се сретнеме во четвртфиналето на Лигата на шампионите на УЕФА“, рече Диего Симеоне.
Diego Simeone checked on Raphinha after the full time whistle.
Appreciation after a hard fought match 👏 pic.twitter.com/pF7NGSRd48
— ESPN FC (@ESPNFC) March 3, 2026
Спорт
Обст го продолжи договорот со Баерн
Како што објавија германските медиуми, Андреас Обст останува член на Баерн Минхен. Со ова Обст стави крај на шепкулациите дека ќе се пресели во Дубаи.
29-годишниот германски репрезентативец, еден од најдобрите шутери во Европа, го продолжи договорот со клубот од Минхен и со тоа стави крај на шпекулациите за евентуално заминување на крајот од сезоната.
Во Евролигата, Обст има просек од 15,5 поени по натпревар, со повеќе од три погодени тројки по натпревар.
Андреас Обст ја започна својата професионална кариера во редовите на Брозе Бамберг, а играше и за Гисен, Рокетс Гот, Обрадоиро и Улм. Во Баерн пристигна во во 2021 година.
Со репрезентацијата на Германија освои златен медал на Светското првенство во 2023 година, како и злато (2025) и бронза (2022) на Европскиот кошаркарски турнир.
Foto/ depositphotos

